Печатачи MegaTank

Canon PIXMA G2410

Компактен, сигурен и повеќефункционален печатач што се дополнува со мастило, идеален за домашна или канцелариска употреба со мастила за голема потрошувачка за продуктивно и економично печатење.

  • Неверојатно голем број на отпечатени страници

    Добијте мошне економично и продуктивно печатење со голем обем* до 6000 страници од шише со црно мастило или до 7000 страници со употреба на еден комплет шишиња во боја.

  • Висококвалит-етни отпечатени материјали

    Печатете со висок квалитет благодарение на технологијата FINE и системот на хибридни мастила од Canon со црн пигмент за остри документи и базирани на боја за живописни фотографии без рабови со големина до A4.

  • Компактен, сигурен и повеќефункционален уред

    Овој компактен сè-во-едно уред за печатење, копирање и скенирање е идеален за голем обем на печатење благодарение на неговиот долготраен систем на мастила FINE. Идеален за домашни или мали канцеларии.

  • Едноставно користење

    Добијте брзо и лесно поврзување со вашиот компјутер преку USB и едноставно ракување благодарение на црно-белиот LCD екран од 3 cm (1.2”), кој овозможува лесно избирање на повеќе копии и контроли со притиснување на копче.

  • Креативно печатење

    Печатете ги вашите фотографии на нови и креативни начини со софтверот за фотографии My Image Garden, кој овозможува препознавање на лица и лесно пребарување на сите слики во вашиот компјутер.

Спецификации

  • Печатење големи количини

  • Вградени резервоари со мастило

  • Хибриден систем на мастила

  • Печатење без рабови

  • Автоматско вклучување

  • Остар текст во црна боја

  • Снабдување со хартија од задната страна

  • 1,2” LCD

pixma g2411

Што содржи кутијата

Сè што ви е потребно за печатење големи количини со мали трошоци - само додајте хартија или медиуми за фотографии.

  • Сè-во-едно печатач - PIXMA G2410

  • 4 резервоари за мастило за голема потрошувачка

  • Кабел за напојување

  • CD-ROM за подесување

  • Упатства и други документи

Поврзани производи

  1. *Потрошувачката на страници претставува вредност што е пресметана врз основа на посебен метод за тестирање на Canon, користејќи ја симулацијата за континуирано печатење и табелата ISO/IEC 24712 со резервни резервоари за мастило по почетното поставување. Различните потрошувачки на страници не треба да се комбинираат.