Печатачи MegaTank

Canon PIXMA G2420

Уживајте во продуктивно, квалитетно и економично печатење со овој сигурен и повеќефункционален печатач MegaTank за голем обем на работа што нуди ракување со различни медиуми - за неверојатно остри документи и живописни фотографии во домот или во канцеларијата.

  • Печатење со огромен обем и мали трошоци

    Продолжете да печатите економично благодарение на огромниот обем до 12.000 страници (26 % повеќе во економичниот режим3) од 2 шишиња со црно мастило или 7.700 страници со употреба на еден комплет шишиња со мастила во боја.1

  • Висок квалитет со голема брзина

    Добијте квалитет со голема брзина (9,1 црно-бели слики/мин. / 5 слики/мин. во боја2), со црно мастило со пигмент што овозможува неверојатно остар текст и мастила базирани на боја што создаваат фотографии со живописни бои.

  • Едноставно одржување

    Минимизирајте го времето на неактивност и исполнувајте ги роковите без проблем, со картриџ за одржување што може да се замени од корисникот и што нуди сигурни перформанси во секое време.

  • Обмислен дизајн

    Дополнете ги резервоарите со мастило без проблем или напор, користејќи практични шишиња што не треба да се стискаат со уникатни млазници што овозможуваат секое шише со мастило да го дополнува само својот еквивалентен резервоар.

  • Бидете креативни

    Експериментирајте со различни видови и големини на медиуми вклучувајќи магнетна фотохартија, самолеплива фотохартија, па дури и печатете реклами со должина до 1,2 метри.

Спецификации

  • Брзини на печатење

  • Печатете фотографии без рабови со големини до A4

  • 4 резервоари за мастило што можат лесно да се дополнуваат

  • Картриџ за одржување што може да се замени

  • Едноставна контрола со 2-линиски LCD-екран

  • Печатење реклами

  • Хибридно мастило за остар текст и живописни фотографии

  • Резервоари за мастило за континуирано печатење големи количини

Користете мастила и хартија од Canon со вашиот печатач за резултати со највисок квалитет во секое време.

Што содржи кутијата

Сè што ви е потребно за ефикасно и секојдневно печатење

  • Повеќефункционален печатач со резервоари за мастило што се дополнуваат - PIXMA G2420

  • 5 шишиња со мастило за голема потрошувачка (2x црна боја и 1x Ц/М/Ж)

  • Кабел за напојување

  • CD-ROM за подесување

  • Упатства и други документи

Слични производи

  • Слика од предната страна на PIXMA G3460

    Печатачи MegaTank

    PIXMA G3460

    Поврзете се и заштедете - со печатење со голема продуктивност и мали трошоци што можете да го користите во секое време
  • Слика од предната страна на PIXMA G2460

    Печатачи MegaTank

    PIXMA G2460

    Овој сè-во-еден уред за голем обем на печатење е исклучително брз и практичен и нуди неверојатно остри документи и живописни фотографии во секое време.
  • Слика од предната страна на PIXMA G3420 од Canon

    Печатачи MegaTank

    PIXMA G3420

    Сè-во-еден уред за голем обем на печатење со мали трошоци и Wi-Fi што нуди постојана сигурност и импресивна креативна флексибилност
  • Може да ве интересира и…

    Има многубројни опции за продуктивно печатење од Canon - од мали придружници што заштедуваат простор до цврсти и големи уреди за професионално печатење

    1. Бројот на страници што може да ги отпечатите со првото шише мастило е помал во однос на замената, бидејќи за време на првичното поставување е потребна одредена количина на мастило за да се наполни главата за печатење. Потрошувачката на страници претставува вредност што е пресметана врз основа на посебен метод за тестирање на Canon, користејќи ја симулацијата за континуирано печатење и табелата за бои ISO/IEC 24712 со резервни шишиња со мастило по почетното поставување.
      Потрошувачката на страници за црното мастило и мастилата во боја не треба да се комбинира.
      Потрошувачката на страници може значително да се разликува во зависност од содржините што се печатат и други фактори.
    2. Брзините на печатење документи се просечни вредности добиени од ESAT (Word, Excel, PDF) за тестот за категорија канцеларии за зададениот едностран режим, ISO/IEC 24734.
      Брзината на печатење може да се менува во зависност од конфигурацијата на системот, интерфејсот, софтверот, комплексноста на документот, режимот на печатење, покриеноста на страницата, видот на користена хартија итн.
    3. Економичниот режим ја намалува потрошувачката на црно мастило преку намалување на густината, при што може да се отпечатат 26 % повеќе страници отколку во стандардниот режим.