Инк-џет печатачи

Canon Серија PIXMA TS3450

Печатете, копирајте и скенирајте со нашиот повеќефункционален печатач од основна класа наменет за домови и канцеларии. Тој е многу едноставен за поставување и користење, а овозможува и печатење преку паметен телефон за да обезбеди уште поразновидни опции.

  • Паметна практичност

    Печатете, скенирајте и копирајте без напор благодарение на компактниот и модерен дизајн и одличната вредност на уредот. Многу лесно!

  • Компатибилност со вашите уред

    Печатете, копирајте и скенирајте од вашиот таблет-уред или паметен телефон со помош на прегледниот и едноставен интерфејс и безжичната компатибилност

  • Многу едноставно поставување

    Инсталацијата и подготовката на уредот за работа е многу брз процес благодарение на можноста за безжично поврзување со еден допир и полесната постапка за поставување

  • Погледнете и поверувајте

    Ажурирањата на статусот се прикажуваат на еднобојниот LCD-екран од 1,5” со кристално јасен приказ

  • Живејте без ограничувања

    Печатете фотографии без рабови со големина до 5x7”; фотографија од 4x6” се печати за само 65 секунди1. Поврзете го уредот директно со вашиот фотоапарат преку технологијата Wi-Fi PictBridge.

Спецификации

  • Лесна замена на мастилата

    Картриџи FINE

  • Бидете поврзани

    Апликација Canon PRINT, AirPrint (iOS) и Mopria (Android)

  • Поврзете се со Cloud

    PIXMA Cloud Link преку апликацијата Canon PRINT

  • Сигурно ракување

    Снабдување со хартија од задната страна

  • Јасен приказ

    Еднобоен LCD-екран од 1,5”

  • Заштеда на енергија

    Функција за автоматско вклучување/исклучување

  • Остри и јасни резултати

    Документи со остар текст

  • Печатење до рабовите

    Фотографии без рабови со големина до 5”x7”

Што содржи кутијата

Што содржи кутијата

Сè што ви е потребно за да се подготвите и да почнете да работите веднаш.

  • Сè-во-едно печатач - серија PIXMA TS3450

  • Картриџи FINE

  • Кабел за напојување

  • CD-ROM за поставување (CD само за Windows)

  • Упатства и други документи

  1. Брзината за печатење на фотографии се базира на зададените подесувања со употреба на ISO/JIS-SCID N2 на фото-хартија Plus Glossy II и не го зема предвид времето за обработка на податоците на компјутерот.
  2. Некои бои може да бидат недостапни во вашиот регион.