Canon imageFORMULA DR-C240

imageFORMULA DR-C240

imageFORMULA DR-C240 е извонредно компактен и моќен скенер за на работна маса кој се одликува со цврст дизајн и сигурна обработка на документи за снимање повеќе големини и формати на документи, вклучувајќи и пасоши.

DR-C240

Придобивки

    • Зголемете ја продуктивноста со 2-страно скенирање со брзина до 90 слики/мин.
    • Скенирајте различни видови документи на едноставен начин, вклучувајќи и пасоши, со еден компактен уред
    • Уживајте во безгрижноста со неверојатната сигурност при ракување со документи и издржливата конструкција
    • Подобрете го вашето опкружување со тивко функционирање, компактна изработка и елегантен дизајн

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon imageFORMULA DR-C240

Високи перформанси и флексибилни апликации


Извонредниот квалитет на изработка и функциите за зголемување на продуктивноста кај imageFORMULA DR-C240 се револуционерни во оваа класа. Одликувајќи се со брзо скенирање до 45 стр./мин. / 90 , imageFORMULA DR-C240 претставува очигледен избор за канцелариски оддели и работни групи. Неговото тивко функционирање, како и компактниот и привлечен дизајн за на маса, оставаат одличен впечаток во канцелариите и просториите за услуги за потрошувачи, на пример во банки, хотели, болници и владини канцеларии.

Дизајниран да ги задоволи потребите на потрошувачите


Цврстата конструкција и издржливиот механизам за снабдување со документи на imageFORMULA DR-C240 се создадени како директен резултат од повратните информации на потрошувачите. Тоа претставува чекор нанапред во квалитетот на изработка во оваа класа на скенери, кои без напор снимаат до 4.000 скенирања дневно. Вашата продуктивност ќе стане максимална благодарение на ADF за 60 листови кој овозможува сигурно снабдување на серии документи со различни големини и видови на медиуми: од пасоши и пластични картички па сè до двострани A4, A3 (користејќи превиткување) и документи со должина до 3m.

Прецизно ракување со хартијата


За непрекинат тек на вашите работни процеси, imageFORMULA DR-C240 нуди моќен и висококвалитетен механизам за снабдување кој овозможува најголема сигурност во својата класа за скенирање различни документи, вклучувајќи и извонредно тенки хартии од 27 gsm. Ултразвучното откривање на двојно повлекување документи и функцијата за ослободување при двојно повлекување документи (DFR) овозможуваат брзо рестартирање на скенирањето, поради што прекините се минимални.

Едноставно користење, доследни резултати


imageFORMULA DR-C240 нуди голем избор на висококвалитетни опции за обработка на слики. Тука спаѓаат и функциите за автоматско откривање на големина на страница и насока на текст, подобрување текст, корекција на закосување и автоматско откривање бои. Практичниот контролен панел им овозможува на операторите да скенираат со притиснување на едно копче, поради што задачите за скенирање се забрзуваат и стануваат поедноставни.

Обемен испорачан софтвер


Напредната апликација CapturePerfect од Canon овозможува ефикасно сериско скенирање и нуди поддршка за испорачаниот Kofax VRS драјвер за подобар квалитет на слика. Користете го софтверот CaptureOnTouch од Canon за интуитивно скенирање документи кои потоа можете лесно да ги испратите на повеќе дестинации (вклучувајќи и Cloud услуги). Испорачаниот софтвер eCopy PDF Pro овозможува моќни алатки за создавање, уредување и конверзија на PDF документи.

Економично користење и одржување


Валјаците за задржување и снабдување со долг работен век кај imageFORMULA DR-C240 можете да ги промените без напор, така што вкупните трошоци се минимални. Импресивно малата потрошувачка на енергија, од само 19 W при користење и 1,4 W во режим на подготвеност, дополнително ги намалува трошоците и го минимизира вашето влијание врз животната средина.

Награди

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon imageFORMULA DR-C240, неговите функции и можности.

icon

Брзина на скенирање за A4 (еднострано)

icon

Автоматски механизам за снабдување со документи

Up to 3,000 sheets per day

До 3.000 листови на ден

Double-sided scanning

Двострано скенирање

USB connection

USB поврзување

icon

Ефикасно сериско скенирање

Tilting control panel

Лесен и интуитивен скенирање

eCOPY

Создавање и уредување PDF документи

USB connection

Подобрен квалитет на слика

  • Скенер
  • Фах за снабдување
  • Диск за поставување
  • Kofax VRS диск
  • eCopy PDF Pro диск
  • Документација
  • USB кабел
  • AC адаптер
  • Кабел за напојување
  • Подлога за носење


Get Scanning, Start Saving

Get €30 cashback when you buy this scanner from a recognised retailer.

Check out the deal

DR-C240 Video

Испорачан софтвер

Дознајте повеќе за софтверот кој се испорачува со овој скенер.

Апликации од Canon

Capture on Touch

CaptureOnTouch 3

Со софтверот CaptureOnTouch и неговиот практичен интерфејс може да скенирате хартиени документи во дигитални архиви на едноставен начин и истите да ги зачувувате или испраќате кон повеќе дестинации, вклучувајќи и Cloud услуги. Создавајте PDF фајлови со можност за пребарување користејќи ја вградената технологија OCR.

Компатибилност: Windows

Capture Perfect

Моќна апликација која ви овозможува брзо и ефикасно сериско скенирање на документи. Таа нуди напредни опции за скенирање, како и можност за прегледување во повеќе прозорчиња или со мали сликички.

  • Добивајте прецизни дигитални документи во секое време со достапните функции кои го отстрануваат закосувањето, ја подобруваат читливоста и острината
  • Скенирајте директно кон е-пошта, PDF, фајл или презентација со допир на едно копче
  • Регистрирајте ги рутинските задачи и уредувајте, подредувајте или управувајте со фајловите без напор
  • Поддршка за Kofax VRS

Компатибилност: Windows

Дознајте повеќе >
capture_perfect.jpg
CaptureOnTouch Pro

CaptureOnTouch Pro

Овој скенер се испорачува со CaptureOnTouch Pro, професионален квалитет од Canon и софтвер кој е едноставен за користење. Снимајте и класифицирајте серии на скенирање, интегрирајте го скенерот од Canon во вашето деловно работење и вашите работни процеси со документи и зголемете ја вашата продуктивност на едноставен начин.

Компатибилност: Windows

Дознајте повеќе >

Апликации од други програмери на софтвер

eCOPY

Моќна и практична апликација за гледање, создавање, уредување и претворање на PDF фајлови. eCopy нуди сеопфатни опции за обележување, означување и уредување, како и создавање формулари за пополнување со автоматско препознавање на полињата во формуларот. Ви испорачуваме и целосен комплет алатки за потпишување и сигурност на документите.
Компатибилност: Windows

Kofax VRS

Софтверот за обработка на слика VRS, кој е водечки во индустријата, го намалува времето потребно за рачна подготовка на документите, го подобрува квалитетот на скенираните слики и ги максимизира перформансите на скенерите за голем обем. Подобрата читливост и повисоката стапка на препознавање со OCR ја зголемуваат продуктивноста.
Компатибилност: Windows

Комплет за програмери на софтвер

BSDP

Нашата програма за развој на деловни решенија (BSDP) е посветена да ви обезбеди пристап до многубројни технички информации кои ќе ви помогнат при создавањето апликации за нашата палета на деловни производи. За повеќе информации за нашите SDK, ве молиме посетете ја веб-страницата на Canon Developer Programme.