Напис

Совети за менаџери: Како до едноставно и ефективно хибридно работење

Совети за менаџери: Како до едноставно и ефективно хибридно работење

Canon Camera
Последната година беше тешка за менаџерите од ИТ-светот. Никој не можеше да ги предвиди ненадејните и драстични промени што организациите мораа да ги воведат во своите ИТ-стратегии. Иако начинот на работа и претходно се менуваше, пандемијата значително ја забрза дотогашната постепена еволуција. Наместо да се одвива рамномерно во текот на неколку години, со дигитална трансформација требаше да се започне веднаш.

Во последните 30 години, се збогувавме со индивидуалните канцеларии, работните маси со прегради, а од неодамна и со класичното работно време, па дури и со работењето во канцеларија. Зголемен интерес за работа од дома или во движење се забележуваше дури и пред пандемијата бидејќи вработените претпочитаа да работат ефективно додека се во канцеларија, заеднички простор, во нивните домашни канцеларии или во друга подружница во земјата. Но во екот на пандемијата, голем дел од компаниите се решаваат за долгорочни политики на далечинско или дисперзирано работење, со што потребата за брза трансформација се зголемува уште повеќе.

Поради овие промени, улогата на ИТ-менаџерите се менува и тие прераснуваат во своевидни „архитекти за информации“. Сега, тие треба да одговорат на сложени прашања, како:
  • Како ќе се разменуваат информации при деловните процесии и преку апликациите, дури и кога вработените работат од различни локации? 
  • Како ќе знаеме дека информациите коишто пристигнуваат во канцелариите во хартиен формат ќе бидат достапни дигитално за работниците коишто работат од далечина? 
  • Како ќе знаеме дека информациите се безбедни кога ги користиме и до нив пристапуваме од работен простор надвор од канцелариите?

За да го овозможат новиот модел на работа во движење, ИТ-службите мораа да ја преиспитаат технологијата на којашто се заснова нивното секојдневно работење. На организациите им се потребни работни услови коишто ќе овозможат лесно споделување на информациите, без разлика на локацијата. За многумина, ова значеше воведување на коренски промени, односно напуштање на традиционалната физичка инфраструктура за сметка на софтвер и услуги овозможени од Cloud.
1. Употреба на мала инфраструктура

Како дел од ИТ-службата, сигурно голем дел од времето сте го посветувале на управување со физичката инфраструктура и нејзино одржување. Ова беше вообичаена пракса во многу организации, и покрај тоа што не е најпродуктивниот начин да се искористи работното време. Последиците од пандемијата беа причина многу деловни лидери да ги преиспитаат вообичаените работни процеси. Континуираното физичко присуство на работа не само што е непрактично, туку и го оневозможува долгорочното дистрибуирано или хибридно работење. Искуството ги натера компаниите сè помалку да се потпираат на физичката инфраструктура. Една од областите којашто започна темелно да се разгледува е управувањето со драјвери.

За управувањето со драјвери не се дискутира често и покрај тоа што им причинува проблеми на ИТ-службите дури и кога уредите и корисниците се лоцирани на физичките работни места. Хибридното работење дополнително ги усложнува работите. Работењето во нова средина повлекува инвестирање во нови уреди коишто се посоодветни за далечинско работење. Воведувањето на нови уреди значи и повеќе работа за ИТ-службите, коишто ќе мора да го обезбедат соодветниот софтвер, драјвери и безбедносни поставки.

Барањата на корисниците ќе зависат од нивната улога, што ќе се одрази на управувањето со драјверите. Покрај тоа, бидејќи сè повеќе корисници сакаат да ги поврзат своите уреди, соодветното управување и активирање на драјверите за печатачи ќе биде сè поважно. Со приспособувањето кон работна средина којашто се заснова на Cloud и не користи драјвери, не само што ќе заштедите скапоцено време на поставување и ажурирање на далечинските уреди, туку и компанијата нема да мора да обезбедува дополнителна физичка инфраструктура.

2.Централизирано управување со група уреди

Покрај прилагодената инфраструктура за далечинско управување, приспособувањето кон работна средина којашто се заснова на Cloud и не користи драјвери има и други предности, како што е централизираното управување коешто ви овозможува да ги следите, одржувате и да управувате со групите уреди за печатење и скенирање.

На пример, можеби нема да дознаете за проблемите како ниски нивоа на тонер, заглавена хартија и грешки, додека некој од вработените не ги пријави, а дотогаш тие веќе го нарушиле нивниот работен ден. Дијагностицирањето и решавањето на проблемите е уште потешко кога уредот се наоѓа на далечина од 80 километри, во домот на вработените. Можно е дури и уредот да се исфрли од употреба подолг временски период. Со алатките засновани на Cloud можете да ги следите групите уреди и да ги предвидите проблемите како ниски нивоа на тонер и со тоа да го намалите времето на неактивност.

Централното управување ви овозможува и полесно да управувате со ажурирањата. Кога групата уреди не се наоѓа во една иста просторија, невозможно е да го ажурирате секој уред посебно. Со софтверот за управување заснован на Cloud можете да ги внесете новите ажурирања или опции во целата група уреди, без притоа да мора да се оддалечите од вашата работна маса. Ова ви одговара и вам, и на вработените, коишто веднаш добиваат пристап до најновите верзии, што е особено важно кога е во прашање безбедноста.

3.Безбеден и ефективен проток на информации

Под ова се подразбираат безбедни и ефективни работни процеси. Сите се согласуваме дека безбедноста е клучна. Сепак, ИТ-службите се тие коишто треба да ја воспостават соодветната рамнотежа помеѓу пристапноста и безбедноста. Вработените треба да имаат пристап до потребните документи без да наидуваат на документите коишто не им требаат. Лесниот пристап за вработените не треба да значи и лесен пристап за сите, вклучувајќи ги и злонамерните лица.

Во овој поглед, системите засновани на Cloud нудат многу предности. Тие им овозможуваат на вработените истовремено и лесно да пристапуваат до потребните документи, без разлика каде се наоѓаат. Покрај тоа, системите засновани на Cloud им овозможуваат на ИТ-службите и полесно управување со безбедноста преку поставување на правила за дозволување и ограничување на пристапот на корисниците до локациите на датотеките на серверот.

Управувањето со група уреди засновано на Cloud ви овозможува истото да го примените и за уредите за печатење и скенирање. Можете да ги конфигурирате и да управувате со корисничките профили и работните процеси од централна перспектива, со што се олеснува поставувањето правила за контрола на пристапот и информациите.

Со влегувањето во новата ера на хибридно работење, ИТ-службите сè почесто ќе ја преземаат улогата на „архитекти за информации“. Клучно во овој процес ќе биде обезбедувањето на алатки и технологија потребни за овозможување на ефективно и безбедно работење од секоја локација. Без разлика дали вашата организација планирала да користи Cloud-решенија, отсега тие ќе станат неопходни за извршувањето на оваа задача, особено во поглед на управувањето со групите уреди. Но, освен што е неопходна потреба, ова е и можност за севкупно подобрување на управувањето со вашата група уреди, времето на активност и безбедноста на вашата работна сила.

Дознајте како ќе изгледа иднината на ИТ-светот за десетина години.

Слични производи и решенија

Истражете повеќе

Not sure which products you need for your business?