ПЕЧАТАЧ ОД ВРВНА КЛАСА
Достапен црно-бел ласерски печатач кој заштедува простор дизајниран за лична употреба или во мали канцеларии. Тивок, сигурен, со висока енергетска ефикасност и мала потрошувачка на енергија - тој нуди брзо печатење со висок квалитет.
Дизајниран за удобно сместување на работната маса, овој брз, компактен и достапен црно-бел ласерски печатач е совршен за лична употреба или мали канцеларии. Неговиот елегантен дизајн во стилска црна боја кој заштедува простор вклучува капак за фахот за хартија на вовлекување, а неговите скромни димензии се 364 x 249 x 198 mm (Ш x Д x В).
i-SENSYS LBP6030B започнува со работа во моментот кога ви е потребен, благодарение на технологијата за брзо печатење на првата страница на Canon, која овозможува брзо враќање во функција од режим на мирување. Со времето за печатење на првата страница (FPOT) од само 7,8 секунди и професионалното ласерско печатење со брзина до 18 стр./мин., нема потреба од долго чекање при печатењето – така што може брзо да се вратите на важните задачи.
Уживајте во печатење на најостар и најјасен текст и графика со многу детали благодарение на резолуцијата на печатење до 2400 x 600 dpi со автоматско усовршување на слика. Нашиот MS (магнетно-сферичен) тонер е специјално изработен за да обезбеди оптимални резултати при секое печатење.
Благодарение на дизајнот на машината од Canon, i-SENSYS LBP6030B е бесшумен во режим на подготвеност и исклучително тивок додека работи – за да може да се фокусирате на работата без одвлекување на вниманието.
Благодарение на технологијата за фиксирање по потреба на Canon, овој енергетски ефикасен печатач користи само 0,8 вати во режим на мирување и не му е потребно време за загревање. Практичниот преден прекинувач за напојување го олеснува исклучувањето и уште повеќе ги намалува трошоците за електрична енергија и неговото влијание врз животната средина.
Сè-во-едно картриџите што може да се рециклираат овозможуваат ракување без одржување и сигурно висококвалитетно печатење. Оригиналниот ласерски картриџ од Canon тонер, барабан и единици за чистење и може да се замени за неколку секунди без напор или неред.
За целосно ослободување од грижите, заштитете ја вашата инвестиција во Canon.
БРОШУРА
18 стр./мин. црно-бело (A4)1
Црно-бело печатење со ласерски зраци
До 2400 x 600 dpi со технологијата за автоматско усовршување на слика
До 600 x 600 dpi
Прибл. 1 секунда од режим на мирување, 10 секунди од моментот на вклучување или помалку
Прибл. 7,8 секунди или помалку
Макс. 5.000 страници месечно
5 mm - горе, долу, лево и десно