НАПИС

EOS-1D X Mark III од Canon: квалитет на слика

Canon EOS-1D X Mark III
© Marina Cano – ambasador tvrtke Canon

Доволно светлина, недоволно светлина, без светлина… независно од условите, EOS-1D X Mark III од Canon нуди врвен квалитет на слика. Од длабочините на неговите детали во сенките до прецизноста на неговите бои, бидете сигурни дека сликите што ги снимате ќе изгледаат прекрасно.

Беспрекорен CMOS-сензор со 20,1 мегапиксели

EOS-1D X Mark III од Canon ја користи новата генерација на нашата технологија за напредна обработка на слика со CMOS. Специјално дизајнираниот сензор за целосна слика нуди резолуција од 20,1 мегапиксели - идеална рамнотежа помеѓу квалитет на слика, перформанси и брзина на работа.

Canon EOS-1D X Mark III

Во споредба со неговите претходници, EOS-1D X Mark III од Canon нуди поголем динамички опсег, понапредно намалување на шумот при сите вредности за чувствителност ISO и побрзо отчитување на податоците од обработката на сликите. Стандардната чувствителност ISO сега се протега од ISO 100 до ISO 102.400 и може да се прошири до неверојатни ISO 50-819.200, што поставува нови стандарди за перформанси при слаба осветленост.

EOS-1D X Mark III од Canon е опремен и со гаусов нископропусен филтер (LPF) што го намалува ефектот на заматување на поефикасен начин од стандардно дизајнираните LPF, а притоа создава и поостра и подетална слика.

Процесор за слика DIGIC X

EOS-1D X Mark III од Canon е опремен со процесор DIGIC X што им нуди нови нивоа на перформанси на фотографите кои не прифаќаат никакви компромиси. Исто така, поставува нови стандарди за ефикасно искористување на енергијата. Всушност, траењето на батеријата е двојно поголемо во споредба со EOS-1D X Mark II.*

Очекувајте да фотографирате со 20 fps во режим за прегледување во живо и со 16 fps преку оптичкиот визир на EOS-1D X Mark III од Canon, притоа користејќи AF и AE со меѓумеморија за 1000+ слики и во двата случаи. Но, DIGIC X не нуди само голема брзина.

DIGIC X овозможува и пониски нивоа на шум при сите вредности на ISO, поголема острина со потполно нова функција за прилагодување на јасноста и голем динамички опсег, благодарение на подобрените технологии за автоматска оптимизација на осветлувањето (ALO) и приоритет на најсветли тонови+.

Canon EOS-1D X Mark III

Исто така, DIGIC X управува со системот за AF со длабоко учење на EOS-1D X Mark III од Canon и со вградената функција за дигитално оптимизирање на објективот. Ваквата обработка на слика ги елиминира сите оптички проблеми што не можат да се коригираат само преку дизајнот на објективите, а тука спаѓаат аберациите и распрскувањето на светлината. Бидејќи дигиталното оптимизирање на објективот не ја намалува брзината на EOS-1D X Mark III од Canon, отсега ќе можат да го користат фотографи за вести, спорт и диви животни кои фотографираат со најголеми брзини.

Избор на формати на датотеки

EOS-1D X Mark III од Canon ви нуди голем избор на формати на датотеки за слики за да можете да го изберете форматот што најмногу ќе ви одговара за претстојната задача.

CR3 Raw-датотеки

Форматот на датотеки CR3 Raw отсега ќе биде достапен кај серијата EOS-1D.

  • Може да го снимате без компресија за да добиете максимален квалитет со огромен динамички опсег и 16.384 градации по канал за боја. Идеално кога сликите треба темелно да се обработат по снимањето.
  • Ако, пак, снимате со компресија, тогаш ќе заштедите до 40 проценти од големината на датотеката, со многу малку забележливо намалување на квалитетот директно од фотоапаратот.

Датотеките CR3 Raw се максимално поддржани од софтверот Digital Photo Professional што се испорачува бесплатно со EOS-1D X Mark III од Canon, како и од многу други поголеми компании за софтвер од трети страни, како што се Adobe и Apple.

Датотеки JPEG и HEIF

Кога треба брзо да ги испратите вашите слики, не постои подобра опција од JPEG-датотеки - но тоа ќе се промени. EOS-1D X Mark III од Canon ви овозможува да снимате и HEIF-датотеки (многу ефикасен формат на слика) што се основаат на кодекот за видео HVEC.

Датотеките HEIF нудат подобар квалитет на слика во споредба со датотеките JPEG, а зафаќаат приближно иста големина. Форматот применува 10-битни бои за поголем динамички опсег, овозможувајќи снимање HDR PQ-слики.

Компатибилноста на датотеките HEIF постојано се зголемува, а тие можат и да се обработат во самиот фотоапарат за да се добијат стандардни JPEG-датотеки.

Неверојатно прецизно мерење на експозиција

Наменскиот 400k RGB+IR-сензор за мерење нуди нови нивоа на прецизност за експозицијата, со 400.000 пиксели групирани во 216 зони за мерење. Кога го користите оптичкиот визир на фотоапаратот, светлината се мери во секоја зона и експозицијата се пресметува со врвна прецизност.

Ова е сензор за експозиција што гледа на ист начин како и вие - со максимални бои. Тој може да открива лица и други предмети и му помага на системот за AF на фотоапаратот да ги фокусира со голема острина додека се движат во кадарот.

Canon EOS-1D X Mark III

Сензорот открива и инфрацрвена и видлива светлина, што му помага во препознавањето предмети што рефлектираат инфрацрвена светлина, а потоа врши компензација за тоа при пресметувањето на експозицијата. Чувствителноста на инфрацрвена светлина помага и во спречувањето грешки при автоматското фокусирање во услови со мешано осветлување и ја зголемува прецизноста на технологиите за автоматски баланс на белата боја, автоматски стил на слика, автоматска оптимизација на осветлувањето и откривање на треперење.

Canon EOS-1D X Mark III
© Marina Cano

Баланс на E-TTL

400k RGB+IR-сензорот за мерење на EOS-1D X Mark III од Canon овозможува прецизно мерење на експозицијата со блицот, а новата опција за баланс на E-TTL ќе им понуди на фотографите поголема контрола врз начинот на кој ќе се мешаат блицот и амбиенталната светлина.

Соодносот на осветлување може да се менува помеѓу приоритет на амбиентална светлина (каде што доминантниот извор на светлина е амбиенталната светлина, а блицот се користи како дополнително светло) и приоритет на блиц (каде што улогите се обратни). Достапен е и стандарден режим во кој блицот и амбиенталната светлина се мерат еднакво, слично како кај постоечките фотоапарати EOS.


< Назад кон прегледот на EOS-1D X Mark III од Canon

Слични написи