НАПИС

EOS-1D X Mark III од Canon: Поврзете се

Canon EOS-1D X Mark III

Поврзете се на брз и едноставен начин, без разлика дали ќе ја користите мрежата покрај теренот во некој спортски стадион или ќе ја испратите вашата приказна преку вашиот паметен телефон до другиот крај на светот. EOS-1D X Mark III од Canon го олеснува праќањето слики до клиентот како никогаш досега - побрзо од конкуренцијата.

Безжично поврзување во мрежа

EOS-1D X Mark III од Canon има вграден Wi-Fi што е идеален за комуникација со паметни уреди и компјутери, како во студиото така и на локацијата каде што работите.

Паметните телефони и таблет-уредите во кои се инсталирани апликациите Camera Connect и Digital Photo Professional Express* може да се користат за пребарување, уредување, дообработка и префрлување на фотографиите кога сте во движење. Тие може да се користат и како модерен далечински управувач за фотоапаратот, овозможувајќи ви да го обликувате кадарот преку екранот на уредот, да ги менувате поставките на фотоапаратот и да снимате фотографии и видеозаписи. Компјутерите и Mac-компјутерите со EOS Utility, исто така, можат да ги извршуваат истите задачи.

А доколку ви треба посилна безжична врска, изборниот безжичен адаптер WFT-E9 ќе ви понуди поголем опсег и поголема сигурност во „дигитално оптоварени“ опкружувања како што се фудбалските стадиони. Тој го поддржува стандардот MIMO 802.11ac што користи фреквентни опсези од 5 GHz и 2,4 GHz за комуникација на оддалеченост до 150 метри, а овозможува и поврзување со безбедни SFTP-сервери.

Поврзување преку етернет

На поважните спортски настани во светот е достапна етернет врска за фотографите покрај теренот за да можат да ги испраќаат сликите до новинарските агенции додека фотографираат. Затоа го опремивме EOS-1D X Mark III од Canon со неверојатно брз приклучок за гигабитен етернет што нуди двојно побрз пренос на податоци од 1D X mark II.

Поставките за поврзување сега се групирани во сопствена картичка со мени. Сега е можно да зачувате најмногу 20 однапред поставени параметри за поврзување што можете веднаш да ги активирате, при што податоците за ftp-серверот и мрежниот пристап се складираат посебно за да се намали времето потребно за поставување кога сте на нова локација. Агенциите ќе можат електронски да дистрибуираат поставки за поврзување до нивните фотографи што ќе можат да се вчитаат во фотоапаратот преку мемориска картичка.

Етернет врската поддржува безбедносни SFTP-протоколи што спречуваат пресретнување на сликите.

Canon EOS-1D X Mark III

Слични написи