НАПИС

EOS-1D X Mark III од Canon: Професионално снимање

Canon EOS-1D X Mark III

Креативните режисери и раскажувачи на визуелни приказни може да го користат EOS-1D X Mark III од Canon за да снимаат 4k-видео со целосна слика и брзина до 60 слики во секунда, да снимаат видео во кодекот HEVC/H.265 со 10 бита и Canon Log или 12-битен Raw-формат, за да добијат поголем динамички опсег и лесна градација на боите при уредувањето.

Снимање во 4K и 5,5K во форматот Raw

Независно од вашиот процес на уредување, EOS-1D X Mark III од Canon може да снима видеозаписи што ќе ви одговараат и ќе ви понудат нови нивоа на квалитет на слика и креативност.

Снимајте видеозаписи DCI 4K/60p со прекумерно семплирање користејќи ја целосната ширина на сензорот* за приказот од објективите да биде ист како и кога снимате фотографии. EOS-1D X Mark III од Canon може да фотографира со сооднос на слика од 17:9 DCI или 16:9 UHD и да ги сними резултатите во кодекот H.264 или кодекот H.265 со 10 бита доколку користите Canon Log. Видеозаписите снимени на ваков начин намерно имаат мал контраст за полесна градација на боите при обработката по снимањето.

Canon EOS-1D X Mark III

EOS-1D X Mark III од Canon може да снима и 5,5K-видео во Raw-формат на CFexpress-картички, што на режисерите им овозможува ненадминат квалитет на слика. Очекувајте поприродни градации на боите и поголем динамички опсег што ќе ви овозможат да гледате детали во светлите површини и во сенките што се разликуваат за 12 чекори.

Овие CRM-датотеки со 5472x2886 пиксели и 12 бита може да се снимаат во стандардни или компресирани формати и може да се обработуваат со испорачаниот софтвер Digital Photo Pro или со многу други водечки софтвери за нелинеарно уредување. Исто така, EOS-1D X Mark III од Canon може да снима прокси 4K-датотека во исто време што може да се искористи за забрзување на работните процеси за уредување.

Достапно е и снимање во Full HD со Dual Pixel AF и стапки на слики до 120 fps. Идеално за ефекти со забавени движења со четирипати помала брзина од нормалната.

* UHD 4K не ја користи целосната ширина на сензорот на фотоапаратот

Dual Pixel CMOS AF

При снимање видео, Dual Pixel AF нуди рамномерно фокусирање на предмети што ќе ги допрете на екранот на фотоапаратот (или на екранот на паметен уред што ја користи апликацијата Canon Camera Connect).* Лицата и другите предмети можат да се следат низ целиот кадар, а фотоапаратот ќе ги фокусира постојано за да добиете остри резултати. Можете дури и да изберете кое око да го приоритизира системот за фокусирање или, пак, препуштете му на фотоапаратот да го избере тоа што е најблиску до фотоапаратот.

* Dual Pixel AF може да се користи во сите режими, освен во режимот за снимање во 4K без отсекување или во RAW-формат со 60p/50p.

Издвојување со фокус

При рачно фокусирање, функцијата за издвојување со фокусот препознава кои површини во сцената се во фокус и ги означува со линија во боја. Се прикажува и длабочината на полето преку означување на површините што ќе изгледаат остри со избраната решетка.

Стабилизација на слика за видеозаписи

Дигиталната стабилизација на слика за видео нуди многу ефикасна стабилизација на слика по пет оски кога снимате рачно што го коригира тресењето предизвикано од движење на фотоапаратот. Напредниот режим ги открива и ги коригира движењата што се појавуваат кога пешачите со фотоапаратот, на пример, кога следите субјект што се движи.

Резултатите се едноставно неверојатни - стабилни, јасни и професионални видеозаписи што изгледаат одлично во споредба со материјалите снимени со наменски и врвни модели на видеокамери.

Извлекување слики со висока резолуција

Видеозаписите снимени во 4K може да се искористат за генерирање фотографии со 8,8 мегапиксели. Започнете да го репродуцирате саканиот видеозапис на самиот фотоапарат со забавено движење и притиснете го копчето за активирање на блендата за да создадете фотографија. Ова е одличен пристап за субјектите што се движат многу брзо, бидејќи сега може да ги снимате во 4K со 60p, а потоа да генерирате фотографии од снимените видеозаписи.


< Назад кон прегледот на EOS-1D X Mark III од Canon

Слични написи