НАПИС

EOS-1D X Mark III од Canon: Дизајниран да го чувствувате како ваш продолжеток

Canon EOS-1D X Mark III

Од моментот кога ќе го земете во рака ќе знаете дека EOS-1D X Mark III од Canon е навистина специјален. Неговиот дизајн е резултат на долгогодишно подобрување и еволуирање, а сепак користи нови технологии што ќе го подобрат начинот на кој работите.

Паметна контрола на дофат на вашите прсти

Вградивме два паметни контролори во EOS-1D X Mark III од Canon - еден за хоризонтално фотографирање, а другиот за вертикално. Овие револуционерни уреди што се вградени во копчињата AF-ON на фотоапаратот имаат форма на стандардна палка, но функционираат како минијатурни подлоги на допир што можат да се користат за менување AF-точки на екранот.

Секој контролер е приспособен да биде чувствителен и брз и да реагира интуитивно дури и кога носите ракавици. Фотоапаратот автоматски го оневозможува вертикалниот контролор ако фотографирате хоризонтално за да спречи ненамерни движења.

Canon EOS-1D X Mark III

Ваш прозорец кон светот

Користењето на оптичкиот визир (OVF) на EOS-1D X Mark III од Canon претставува задоволство. Голем, осветлен и јасен - ви овозможува да го обликувате кадарот и да фотографирате инстинктивно и интуитивно. Поудобен е за користење при долги периоди на работа за разлика од EVF и нуди приказ од случувањата во реално време, без електронско „доцнење“.

Canon EOS-1D X Mark III

Интелигентната функција за додавање информации врз приказот на визирот на EOS-1D X Mark III од Canon ги распоредува информациите таму каде што ви се потребни за да бидете информирани без одвлекување на вниманието. Се разбира, функцијата е приспособлива за да можете да ги прикажете само информациите што сакате да ги гледате. Применувајќи ги мислењата на професионалните фотографи за спорт, вградивме и часовник што ќе ви помогне да стигнете на вистинското место во вистинско време.

Фокусните точки се прикажуваат во матрица со црвени точки која е понапредна и подетална во споредба со еквивалентни прикази кај другите фотоапарати од серијата EOS-1D и полесно се гледа во темнина.

Создаден за професионално користење…

EOS-1D X Mark III од Canon е создаден да го издржи товарот од напорното професионално фотографирање, почнувајќи од удари и гребнатини па сè до ладни температури и дожд. Блендата на фотоапаратот е дизајнирана за 500.000 циклуси, а неговото куќиште од магнезиумска легура има водоотпорна заштита што го штити од прав и влага за да можете да фотографирате во лоши временски услови. Неколку копчиња на EOS-1D X Mark III од Canon се осветлени за да можете да ги видите во темнина.

Canon EOS-1D X Mark III

Поголема издржливост на батеријата

Новиот процесор DIGIC X што е вграден во EOS-1D X Mark III од Canon е моќен, а воедно и ефикасен. Всушност, со испорачаната батерија LP-E19, фотоапаратот може да ви понуди двојно подолго време за фотографирање во споредба со претходниот модел EOS-1D X Mark II, при што ќе добиете приближно 2850 слики со едно полнење на батеријата.


< Назад кон прегледот на EOS-1D X Mark III од Canon

Слични написи