Capture compelling video

EOS M6 Mark II

Снимајте прекрасни видеозаписи

Снимајте креативни видеозаписи со истиот фотоапарат што го користите за снимање фотографии и снимајте неверојатни 4K-видеозаписи и видеозаписи со забрзано или забавено движење. Без разлика дали се занимавате со независно снимање, создавање содржини за видеоблог или блог или едноставно сакате да го снимате семејството, EOS M6 Mark II ќе ви овозможи снимките да изгледаат професионално благодарение на технологијата за фокусирање Dual Pixel CMOS AF и екранот на допир кој го прави фокусирањето лесно, филмско и автоматско.

Започнете да создавате

Ако сте почетник кој сака да се испроба во снимањето видеозаписи, функцијата VideoSnapshot ќе ви овозможи да го направите првиот чекор во снимањето креативни видеозаписи така што ќе ги комбинира видеозаписите од вашиот ден во самиот фотоапарат, така што лесно ќе можете да ги раскажувате приказните за вашите патувања и настаните што сте ги посетиле.

Фокусирајте како професионалци

Нашиот препознатлив Dual Pixel CMOS AF-систем го покрива речиси целиот кадар и лесно може да ги следи објектите што се движат низ кадарот, вклучувајќи ги и лицата, при што тие остануваат јасно фокусирани. Прилагодувајте ја брзината на фокусирање за рамномерни промени и менувајте го фокусот од еден објект на друг со допирање на екранот на допир на фотоапаратот (или на вашиот паметен уред на кој е инсталирана апликацијата Canon Camera Connect).

Впарете го EOS M6 Mark II со објектив со технологија STM или Nano USM и добијте рамномерно, тивко фокусирање што изгледа исто толку професионално колку што и звучи.

Изберете го изгледот

Снимајте 4K-видео при 25 fps/30 fps користејќи ја максималната ширина на сензорот на фотоапаратот за да добиете филмски резултати што ќе изгледаат извонредно на вашиот телевизор. Можете и да се префрлите во Full HD-режимот за да добиете побрзи стапки на слики со 50/60p или да изберете режим на висока стапки на слики од 100/120 fps - идеален за снимање извонредни забавени видеозаписи.

Можно е и да снимате на надворешен снимач со помош на HDMI-излезот на фотоапаратот.

sample beach volleyball

Звукот што вашите снимки го заслужуваат

Снимајте звук што ќе звучи исто толку добро колку што изгледаат вашите снимки. Поставете го нивото на снимање автоматски или рачно и користете го приклучокот за надворешен микрофон за да снимате звук додека го снимате видеозаписот.

Погледнете ги движењата на поинаков начин

Покрај снимањето подвижни објекти со забавени движења при 120 fps, можно е и да снимате 4K-видеа со забрзани движења што ќе ги доловат случувањата за кои е потребно повеќе време. Поставете го фотоапаратот, одредете го интервалот помеѓу снимките и колку слики да се снимаат, а потоа вратете се подоцна за да го видите извонредното 4K-видео што го создал EOS M6 Mark II.

Може да ви се допадне и следното