EOS M6 Mark II
Додека да трепнете
EOS M6 Mark II
Без разлика на условите, APS-C CMOS-сензорот со 32,5 мегапиксели на EOS M6 Mark II испорачува извонреден квалитет на сликата. Очекувајте неверојатни детали, дури и во силно осветлување и во темните сенки, како и прекрасна боја и рамномерно градирање на тоновите. Отсекувајте ги, обработувајте ги и менувајте ја големината на сликите без забележливо намалување на квалитетот.
Максималната чувствителност од ISO 25.600 овозможува фотографирање во услови на слаба осветленост, а нашата технологија за комбинирана стабилизација на слика нуди до 5 чекори на заштита од заматување поради тресење на фотоапаратот.
Во срцето на EOS M6 Mark II е процесорот DIGIC 8, кој го контролира функционирањето на фотоапаратот и ги обработува податоците од сликите во JPEG, RAW или Compact RAW-датотеки, притоа подобрувајќи и максимизирајќи го квалитетот на сликата.