Designed for creativity

EOS M6 Mark II

Дизајниран за креативност

EOS M6 Mark II е дизајниран да биде ваш постојан креативен придружник - доволно пренослив за да го носите речиси секаде и доволно разновиден за со него да снимате речиси сè. Куќиштето од легура од магнезиум на фотоапаратот е цврсто и лесно, а неговиот компактен дизајн одлично се сложува со палетата на лесни објективи EF-M.

Како сакате да го гледате светот?

Екранот на допир на EOS M6 Mark II нуди закосување од 180 степени што ви овозможува полесно да снимате од креативни агли, а изборниот отстранлив електронски визир ви овозможува поинтимно гледиште што ви нуди поголема поврзаност со објектот што го фотографирате. Тој е многу удобен за користење на силна сончева светлина, а може и да се прилагодува.

Изборниот електронски визир HF-DC2 се одликува со резолуција од 2,360,000 точки и покриеност од 100 проценти. Видете ги боите, светлината и острината на она што го снимате и уживајте во извонредниот приказ на визирот што е поставен надвор од куќиштето на фотоапаратот за едноставно и удобно ракување.

Огромна палета на објективи

Како член на палетата EOS M на фотоапарати без огледало, EOS M6 Mark II е компатибилен со EF-M-објективите, како и со EF и EF-S-објективите со помош на EF-EOS M-адаптер, со што на фотографите им нуди широк избор на оптика.

eos m lens family

Поврзан со вашиот дигитален живот

EOS M6 Mark II се одликува со Bluetooth кој е секогаш вклучен и вграден Wi-Fi, со што се олеснува заедничкото користење со вашиот паметен уред.

  • Брзо и лесно префрлувајте слики на вашиот уред или вклучете го нивното автоматско префрлување додека вие снимате. По префрлувањето со помош на апликацијата Canon Camera Connect, ќе може да ги споделите на интернет со вашите пријатели и следбеници.

  • Може да го користите вашиот паметен уред (преку апликацијата Camera Connect) или компјутер/Mac (преку EOS Utility) за далечински да го контролирате вашиот EOS M6 Mark II - ќе може да го гледате она што фотоапаратот го гледа на екранот на вашиот уред, да ги прилагодувате поставките на фотоапаратот и да снимате на растојание до 10 m. Одлично за истражување нови и креативни гледни точки.

  • EOS M6 Mark II може да ги преземе GPS-координатите од вашиот паметен телефон додека снимате, така што локацијата на снимање на сликите ќе биде географски означена.

Забележете ги сите детали

Од моментот кога ќе го земете EOS M6 Mark II во раце, ќе ви се допадне вниманието што им е посветено на деталите во неговиот дизајн. Како полнењето преку USB во самиот фотоапарат што ви овозможува да снимате подолго, или, пак, неговиот сензор со самостојно чистење кој спречува правта или нечистотиите да ги упропастат вашите фотографии.

Контролите може да се прилагодуваат и да се програмираат за функциите што ви се потребни да ви бидат лесно достапни.

usbc connectivity

Може да ви се допадне и следното