Како да аплицирате
Дали сакате да работите со нас? Аплицирањето за извонредна кариера во Canon е лесно - само следете ги инструкциите на нашата страница за аплицирање.
Дополнително подобрување на Canon преку неверојатна експертиза во дигиталната технологија
Дали сметате дека имате доволно познавање на дигиталната технологија за да го подобрите нашиот бренд? Нашите тимови за дигитална технологија соработуваат со одделот за маркетинг и односи со јавноста за да создадат и применат стратегии за дигитален маркетинг, управување и експертиза кои ќе ги подобрат нашите комуникации. Независно дали работите во одделот за аналитика, управување со содржини, управување со проекти или развој, ќе создавате подобри онлајн доживувања за нашите корисници.
Дознајте ги одличните приказни што се кријат зад брилијантните умови.
„Се развиваме како поживописно и понапредно место за работа […] Располагаме со искуство во многу различни области, но сите се возбудени да дознаат на што работите“.
„По преминување на дигитална технологија, Canon е во совршена позиција за да го преземе следниот чекор и да продолжи да биде дел од животот на нашите потрошувачи, а тоа ми прави задоволство“.
Ни требаат интелигентни лица што знаат да решаваат проблеми кои ќе ги подобрат нашите деловни комуникации преку интернет и ќе создаваат паметни дигитални рекламни кампањи. Како дел од тимот за дигитална технологија, ќе создавате дигитални стратегии и решенија што ќе го подобрат нашиот бренд на интернет, а ние ќе ви обезбедиме извонредна платформа врз која ќе направите исклучителна кариера.
Дали сакате да работите со нас? Аплицирањето за извонредна кариера во Canon е лесно - само следете ги инструкциите на нашата страница за аплицирање.
Денес, групацијата Canon има над 190.000 вработени низ целиот свет и работи на различни сектори, како деловни решенија, кориснички производи за обработка на слика и емитувања и комуникации.
Веруваме дека постојат интересни можности насекаде и ве охрабруваме да истражите различни можности за кариера кои ќе ви донесат нови предизвици и одлични достигнувања.
Дојдете и дознајте каде се вклопувате