Како да аплицирате
Дали сакате да работите со нас? Аплицирањето за извонредна кариера во Canon е лесно – само следете ги инструкциите на нашата страница за аплицирање.
Подобрување на деловното работење на нашите корисници со извонредни услуги и решенија
Дали ве привлекува обработката на слики? Дали сакате да им помогнете на корисниците да успеат во деловното работење? Во Canon ќе бидете дел од тим што продава светски признаени услуги и решенија. Независно дали сте во улога на менаџер за работа со директни и индиректни деловни корисници или во улога за консултации при продажба, ќе откриете одлични можности за напредок во вашата кариера и притоа ќе им помогнете на нашите корисници да го подобрат нивното деловно работење.
Дознајте ги одличните приказни што се кријат зад брилијантните умови.
„Ние сме многу професионални во тоа што го работиме, но секој од нас има заедничка цел […] Во наградите спаѓаат патувања во Барселона, Дубаи и моето омилено место, Рио – и сето тоа работејќи го тоа што го сакам“.
„Се гордеам што можам да пронајдам решенија за различни проблеми на нашите корисници, независно дали се во полето за обработка на слики, комуникации или управување со документи“.
Бараме посветени луѓе со одлични вештини за комуникација, желба за успех и љубопитен ум. Како дел од тимот за продажба и консултантски услуги, ќе работите со корисниците за да им го подобрите нивното деловно работење со нашите иновативни услуги и решенија, а ние ќе ви помогнеме да напредувате во вашата кариера за продажба.
Дали сакате да работите со нас? Аплицирањето за извонредна кариера во Canon е лесно – само следете ги инструкциите на нашата страница за аплицирање.
Денес, групацијата Canon има над 190.000 вработени низ целиот свет и работи на различни сектори, како деловни решенија, кориснички производи за обработка на слика и емитувања и комуникации.
Веруваме дека постојат интересни можности насекаде и ве охрабруваме да истражите различни можности за кариера кои ќе ви донесат нови предизвици и одлични достигнувања.
Дојдете и дознајте каде се вклопувате