Во 2018 година, британската истражувачка Laura Bingham ја предводеше првата светска експедиција до изворот на реката Есекибо во Гвајана, заедно со колегите авантуристи Ness Knight и Pip Stewart, а потоа пловеше со кајак по должината на реката до Атлантскиот Океан. Како нова мајка, Laura сакаше да направи нешто неверојатно за да го задржи нејзиниот тешко стекнат статус како авантуристка. За време на нејзиниот предизвик од 72 дена, таа се соочи со брзаци, водопади и отровни змии и ја документираше целата авантура со фотоапаратот PowerShot G7 X Mark II од Canon.*
Есекибо е најголема река во Гвајана и е трета најголема река во Јужна Америка со должина од над 1.000 километри од изворот до устието, извивајќи се низ густи дождовни шуми и отворени рамнини. Таа претставува главен извор на живот за домородното племе Wai Wai, кое ѝ помагаше на Laura и на нејзиниот тим, како и за сите видови диви животни вклучувајќи го и јагуарот. Во период од 72 дена, реката Есекибо беше главен извор на живот и за Laura: таа спиеше на мрежа за лежење на нејзините брегови покрај кајман грабливец со должина од три метри и ловеше риби за да се прехрани.
Фокусирани на физичкиот и емоционалниот предизвик за завршување на патувањето, Laura и нејзиниот тим сакаа да раскажат приказна за човечката издржливост и за одржливото и самостојно патување. Тие беа придружувани од фотограф и снимател на делови од патувањето, но мораа да се потпрат на нивните вештини за снимање и на три фотоапарати PowerShot G7 X Mark II од Canon за самите да ги документираат поприватните моменти.**
Овде ќе дознаеме што значи да се снима видеоблог за авантура кога сте исцрпени, која опрема ќе го издржи предизвикот и зошто е важно да посветите време на раскажување на вашата приказна.
„Откако на мене и на маж ми“ - колегата авантурист и телевизискиот водител Ed Stafford - „ни се роди син, бев исплашена дека ќе го изгубам идентитетот. Се плашев дека сите мои авантури ќе бидат заборавени и ќе останат во минатото како што сè повеќе му се посветував на мајчинството. Зборував со Ed за ова и тој рече, ‘Никој не патувал по течението на Есекибо претходно, регионот е прекрасен - како џунгла од Дизни’. Само што ги чув зборовите ‘Дизни’ и ‘никој претходно не патувал’, реков, ‘Благодарам за идејата, сега е моја!’ Смеејќи се возбудено, истрчав до канцеларијата за да почнам да истражувам“.
„Ness, Pip и јас имаме слични мотиви за авантура - ние навистина уживаме во човечкото искуство. Ние се обидувавме да ги нагласиме придобивките од одржливото и алтернативно патување кое претставуваше и физички предизвик за нас. „Ние бевме таму и за да ги нагласиме последиците од човековото влијание врз животната средина. Реката извира во недопрена дождовна шума, но продолжува во делови кои човекот ги уништил со рударство и сеча на дрвја. Водата на овие места беше прилично загадена - таа беше преполна со човечки измет и ѓубре и ни се појавија егземи и гнојни отоци на телата. Важно ни беше да го документираме ова што е можно потемелно“.