Cherry blossom at spring

ЧИСТЕЊЕ ПРОИЗВОДИ

Време е за пролетно чистење

Пролетта се чувствува во воздухот. Сонцето грее, а црешите цветаат во полн ек. Неминовно е да потрошите неколку минути за да уживате во сето тоа за време на вашата дневна прошетка. Додека мирисот на поленот го исполнува воздухот и ја складирате зимската јакна, дали чувствувате потреба за пролетно чистење?

Многу малку пролетни активности знаат да предизвикаат поголемо задоволство од неизбежното темелно чистење на домот или драгоцените предмети, но, за да уживате во резултатите мора добро да се потрудите. Исто како и на вашиот дом, така и на вашата опрема за фотографирање и снимање може да ѝ биде потребно чистење. Да не го заборавиме и вашиот печатач.

Без оглед дали сте аматер, ентузијаст или професионален фотограф или снимател, независно колку внимателно сте ја користеле опремата, бактериите, правта, надворешните честички и абењето се неизбежни и секогаш наоѓаат начин да дојдат до вашата опрема. За да ги задржите врвните перформанси на вашата опрема за обработка на слика, би сакале да ви понудиме неколку практични совети за дезинфекција и чистење на вашата опрема од Canon.

Man cleaning camera

Совети за чистење и дезинфекција на вашиот фотоапарат, објективи и опрема за снимање видео од Canon

  • Носете ракавици за една употреба при чистењето или дезинфекцијата на површините
  • Исклучете го уредот, отстранете ја батеријата и исклучете го кабелот за напојување пред да започнете со чистењето
  • Навлажнете мека и чиста крпа со 70% до 80% раствор на етанол или изопропил алкохол за да ги дезинфицирате и исчистите вашите производи од Canon. Препорачливо е да користите крпи што не оставаат влакна или крпи од микрофибер
  • Не користете раствор на етанол или изопропил алкохол за чистење на сензорите за слика или обложените површини на објективите
  • Внимавајте да не навлезе влага во внатрешноста на уредите или помеѓу споевите на контролниот панел или околу копчињата
  • Не прскајте силни течни средства за чистење директно врз вашиот уред, туку напрскајте средство за чистење врз крпата што не остава влакна или крпата од микрофибер, а потоа избришете ги надворешните површини
  • Не користете средства за чистење на база на амонијак за чистење на објективите или филтрите. Амонијакот може да предизвика замаглување кај слоевите од акрил, стирен и други слоеви
  • Ако средството за дезинфекција навлезе во производот, можно е да предизвика голема штета или дефект поради корозија
  • Кога ќе го чистите екранот на допир или контролниот панел, бришете внимателно од горе надолу и само во една насока
  • Проверете дали тврдите површини се исушиле по чистењето, пред да го вклучите уредот
  • Фрлете ги ракавиците во отпад и потоа измијте ги рацете


За дезинфекција на вашата опрема ви препорачуваме да користите алкохол за чистење на надворешните површини на фотоапаратите, објективите и опремата за снимање видео, особено за површините што подлежат на често допирање, како држачи, вртливи копчиња, стандардни копчиња или екрани на допир. Меѓутоа, не користете етанол при чистењето на сензорите за слика или површините на објективите што се обложени. Како што споменав во прирачниците за корисници од Canon, не користете средства за чистење што содржат органски растворувачи, како разредувач за боја или бензин, при чистењето на фотоапаратите и објективите бидејќи може да предизвикате пожар или опасност по здравјето.

Овој совет ја опишува стандардната дезинфекција како мерка за спречување можна инфекција, но не се препорачува како вообичаен метод на чистење заради одржување на производот. Ве молиме имајте предвид дека алкохолот за стерилизација вообичаено содржи етанол или изопропил. Како алтернатива, може да користите и антибактериски марамчиња за во домаќинството што содржат 60% алкохол или повеќе, бидејќи се многу ефикасни. Исто како и миењето раце или користењето средство за дезинфекција на рацете, така и чистењето на фотоапаратите, печатачите или опремата за снимање видео треба редовно да се практикува, но сепак, треба да бидете внимателни за време на чистењето.


Совети за чистење и дезинфекција на вашиот печатач или скенер од Canon

  • За да го дезинфицирате вашиот печатач или скенер од Canon треба да ги исчистите сите делови што биле допирани со рака, како надворешните панели за ракување и копчињата, екранот на допир, капакот на скенерот и стаклената плоча
  • Исклучете го уредот и извадете го кабелот за напојување (отстранете ја батеријата кај преносливите печатачи) пред да започнете со чистењето. Почекајте да се исушат сите површини пред повторно да го вклучите уредот
  • Навлажнете крпа или натопете мека крпа со 70% до 80% раствор на етанол или изопропил алкохол со која ќе го дезинфицирате и исчистите вашиот печатач или скенер
  • Не прскајте средства за чистење директно врз производот. Напрскајте средство за чистење врз крпата што не остава влакна или крпата од микрофибер, а потоа избришете ги надворешните површини со неа
  • Средство за чистење стакла може да употребите само врз површината на стаклената плоча, а потоа избришете ја со крпа што не остава влакна
  • Не користете средства за чистење што содржат силни раствори, како разредувачи за боја или бензен, за да ги чистите печатачите или скенерите од Canon


За повеќе информации за услугата за проверка и чистење од Canon посетете ја страницата: www.canon.com.mk/pro/services


Одрекување од одговорност:

Во зависност од видот на алкохолот или методот на бришење, можно е да дојде до обезбојување на надворешната површина на печатачот, но тоа нема да влијае врз функционирањето на печатачот.
Овие совети за чистење не гарантираат ефикасна заштита од коронавирусот. Ефикасноста на средствата за чистење на база на алкохол треба да се провери кај производителите на средствата за чистење.

Слични статии
A father and daughter making papercraft flowers.

ПЕЧАТЕЊЕ И ИЗРАБОТКА НА МОДЕЛИ

Пролетна забава со модели од хартија со Creative Park

Внесете ја пролетната радост во вашиот дом со овие пет модели од хартија што ги нуди Creative Park.

A water droplet on a flower stem, reflecting a flower head.

МАКРО ФОТОГРАФИРАЊЕ

Апстрактно макро фотографирање: фотографирање рефлектирана слика од вода

Бидете креативни со фотографирање цвеќиња и откријте како да снимате макро слики од капки вода во кои се рефлектира слика од цвеќиња.

Слични статии

Get Inspired е најголемиот извор на практични совети за фотографирање, водичи за купување и информативни интервјуа - сè што ви е потребно за да го пронајдете најдобриот фотоапарат или најдобриот печатач и да ја реализирате вашата следна креативна идеја.

Назад до сите совети и техники