A before and after shot of a field of long grass, dark and unedited on the left, showing the lighter version on the left, edited in DPP.

УРЕДУВАЊЕ ФОТОГРАФИИ / ОБРАБОТКА ПО СНИМАЊЕТО

Уредување RAW-слики со Digital Photo Professional

Преминот од фотографирање слики во JPEG-формат, што може да ги користите веднаш по снимањето, во фотографирање RAW-слики може да ви изгледа како голем чекор, но тоа е неопходен дел од сите фотографски кариери. Уредувањето слики не мора да биде напорна активност - само неколку прилагодувања се доволни за да ги претворите просечните слики во уметнички дела. А која е најдобрата вест? Процесот е многу полесен отколку што мислите.

Кога ќе го поставите фотоапаратот да снима во RAW-формат, тој ќе ги зачувува сите податоци за сликите снимени од сензорот, без притоа да ги обработува внатрешно - затоа датотеките RAW се многу поголеми од датотеките JPEG. Тоа ви нуди флексибилност да вршите обемни прилагодувања во сликите при обработката по снимањето и да извлечете максимален квалитет од нив. Digital Photo Professional (DPP) е софтвер од Canon што е наменет за уредување RAW-слики од EOS-фотоапарати и напредни модели на PowerShot што можат да фотографираат во RAW-формат. Тука ќе ви покажеме неколку неопходни алатки за уредување во DPP со кои ќе ги подобрите вашите RAW-фотографии.

DPP се ажурира редовно и најновата верзија може да понуди дополнителни функции, па затоа проверете дали има ажурирање и преземете ја најновата верзија пред да започнете.

Кога ќе го вклучите софтверот DPP, ќе се појави неговиот главен прозорец во кој ќе се прикажат вашите фотографии. Изберете една или повеќе слики, а потоа кликнете на копчето за уредување слика (Edit Image) во горниот лев агол или одете во менито за приказ (View) и изберете го прозорецот за уредување слика (Edit Image). (DPP нуди многу кратенки за директен пристап преку тастатурата за побрза работа - побарајте ги во прирачникот.)

The main screen of Digital Photo Professional, with previews of 15 nature images.
Во главниот прозорец на DPP се прикажуваат вашите слики и тука може да изберете една или повеќе слики за уредување.

Прилагодување на светлината на сликите

An eagle pictured in flight, with shadow and highlight clipping displayed in DPP.
Прилагодете ја светлината на целата слика или прилагодете ги сенките и осветлените делови селективно.

Сликите со снег и плажа понекогаш се премногу темни бидејќи фотоапаратот направил обид за компензација на екстремната светлина што е честа појава во овие услови. Ако имате слика што е премногу темна или осветлена, тогаш може да ја прилагодите нејзината светлина во DPP. Лизгачот за прилагодување на светлината во панелот со алатки може да ја промени вкупната осветленост.

За полесно препознавање на премногу темните или премногу светлите делови на фотографијата, кликнете на копчето за предупредување за сенки/светли површини (Shadow/Highlight) во долниот дел на прозорецот. Површините со комплетно црни сенки стандардно се прикажуваат преклопени со сина боја, а површините со комплетно бели светли површини се прикажуваат преклопени со црвена боја, но можете да ги прилагодите нивоата на видливост на боите на преклопувањето.

Прелистајте надолу во панелот со алатки за да ги пронајдете контролите за прилагодување на сенките и светлите делови во делот за напредно прилагодување. Применете ги овие контроли за да ги осветлите сенките и да ги затемните осветлените површини без да влијаете врз другите тонови во сликата.

An eagle pictured in flight, in a brighter, edited image using DPP.
Со прилагодување на контролите за сенки и осветлени делови, изгледот на оваа слика добива поголема рамнотежа.

Прилагодување на балансот на белата боја

A close-up photo of a pink rose, with the white balance tab open in DPP.
Применете друга поставка за баланс на белата боја за да добиете потопли или поладни бои во вашите слики.

Изгледот на боите се менува во зависност од амбиенталната светлина, па затоа неутралната бела хартија изгледа малку сина (поладна) на рана утринска светлина и малку портокалова (потопла) на зајдисонце. Поставката за баланс на белата боја на вашиот фотоапарат може да ја прилагоди сликата во овие случаи, за да доловите реални бои или да додадете разлеани бои за да добиете креативен ефект. Кога времето е облачно, на пример, препорачливо е да ги направите боите потопли во вашите фотографии за да изгледаат попривлечно. Една од предностите што ги нуди фотографирањето во RAW-формат е тоа што можете да го промените балансот на белата боја откако ќе ја снимите фотографијата.

Кога ќе отворите RAW-фотографија во DPP, софтверот ќе ја искористи поставката за баланс на белата боја со која била снимена фотографијата, но таа поставка ќе можете да ја промените во која било друга поставка за баланс на белата боја, а сè што треба е да ја изберете од паѓачката листа. Кликнете на копчето за баланс на белата боја (White Balance) и потоа кликнете на некој неутрален тон во сликата за да го ресетирате вкупниот баланс на белата боја на сликата според тој тон. Експериментирајте со балансот на белата боја и дознајте кои вредности најмногу ги разубавуваат вашите фотографии.

A close-up image of a pink rose with colours enhanced by white balance.
Оваа слика за споредба ја прикажува разликата помеѓу топли и ладни тонови. Имајте предвид дека розата изгледа малку портокалова на левата страна од сликата, а малку сина на десната страна.

Променете го изгледот на вашите фотографии со стиловите за слика

A picture of a black eagle stood on grass open in DPP with the Picture Styles tab open.
Применете група прилагодувања одеднаш користејќи ги стиловите за слики.

Стиловите за слика го одредуваат целосниот изглед на вашите слики преку применување однапред поставени групи на прилагодувања. Некои од нив се дизајнирани да ги измазнат и изедначат тоновите на кожата за да добиете поубави портрети, некои од нив создаваат сличен изглед на HDR преку изострување на сликите со поголем контраст и заситување на боите итн. Кога ќе отворите RAW-слика во DPP, софтверот ќе го примени стилот на слика што сте го користеле кога сте ја снимиле сликата, но можно е да го промените стилот на сликата и нејзиниот изглед. За да претворите некоја слика во црно-бела слика, на пример, искористете го црно-белиот стил на слика.

Пробајте ги стандардните стилови за да откриете кој изгледа најдобро. Исто така, може да го користите софтверот Picture Style Editor за да создадете сопствени и уникатни стилови на слика што ќе ги применувате на вашите фотографии.

A black-and-white picture of an eagle open in DPP.
Оваа слика ќе добие потполно нов изглед кога ќе го примените црно-белиот стил на слика.

Подобрете ја вашата композиција и начинот на кој го обликувате кадарот

A macro photo of an insect on a flower being cropped and levelled in DPP.
Променете го кадарот на сликата и подобрете ја нејзината композиција со функциите за отсекување и ротирање.

Понекогаш може да снимите слика што нема совршен кадар или композиција, но затоа може да ја користите алатката за отсекување во софтверот DPP за да го насочите вниманието кон главниот субјект. Кликнете на алатката за отсекување и во панелот ќе можете да поставите фиксен сооднос на слика или да изберете слободно отсекување. Кликнете на сликата и повлечете за да го дефинирате делот од фотографијата што сакате да го користите. Положбата на избраниот дел може да ја промените ако кликнете врз него и го повлечете. Поместете го покажувачот надвор од избраната површина за да ја завртите сликата со цел да го нивелирате навалениот хоризонт или да додадете интересна косина во вашата слика.

A macro shot of an insect on a daisy.
Со отсекување и ротирање на оваа слика, субјектот е понагласен и поостро фокусиран.

Намалување на шумот на сликата

A photo taken on a river at dusk, with image noise being corrected in DPP.
Отстранете го шумот во фотографиите снимени при слаба осветленост или со високи вредности на ISO.

Шум на слика настанува кога фотографирате во услови со многу слабо осветлување или со високи вредности на ISO или, пак, во двата случаи. Тој изгледа како група мали точки врз темните површини на сликата (шум на осветлување) или во каналите за бои (шум на бои). DPP ги вчитува информациите за ISO и експозиција што се складирани во RAW-датотеката и автоматски ги оптимизира поставките за намалување на шумот за да се овозможи ефикасна рамнотежа на јасни и остри слики со одлични детали. Поставките може да ги прилагодите во картичката за прилагодување детали во сликите (Adjust Image Detail) за да го утврдите конечниот изглед на вашите слики - преголем интензитет на намалување на шумот ќе предизвика заматување на деталите. Секогаш е најдобро да зумирате за да можете правилно да го утврдите нивото на шум, како и резултатот на секое намалување на шумот.

A photo of a river taken at dusk with image noise reduced in DPP.
Намалувањето на шумот на сликата во DPP може да ја изостри вашата слика.

Поостри слики

A close-up photo of a colourful butterfly on a leaf as shot in DPP.
Сите дигитални фотографии стануваат подобри со изострување, но не треба да претерувате!

Сите дигитални слики стануваат подобри со изострување, што го зголемува контрастот на рабовите на деталите за да изгледаат поостри, но сепак, изострувањето не може да ги поправи сликите што не се во фокус.

DPP нуди две алатки за изострување. Ако сакате брзо да добиете подобри резултати, тогаш треба да ја користите основната алатка за изострување (Sharpness), но за поголема контрола треба да ја користите алатката за изострување со маска (Unsharp Mask) што овозможува посебно прилагодување на јачината, рафинираноста и прагот. Со овие три параметри може да ја дефинирате количината на изострување и деловите од сликата врз кои ќе влијае тоа изострување. Не е потребно сите да бидат исти - експериментирајте за да дознаете какви ефекти ќе добиете со прилагодување на секој параметар поединечно. Прекумерното изострување ќе резултира со појава на ефектот на светлосен прстен покрај рабовите со контраст - повторно нагласуваме, секогаш треба да зумирате за да ги проверите резултатите. На сликите ќе им треба помал интензитет на изострување ако се наменети за гледање на екран, а поголем интензитет доколку сакате да ги отпечатите со голема острина и детали.

A sharp close-up photo of a colourful butterfly on a leaf as shot.
Изострувањето на оваа слика овозможи да се добијат позабележливи рабови и да се истакнат елементите од предниот дел во однос на заднината.

Користете група поставки за побрзо уредување

The options in DPP for saving image adjustments as a recipe.
Зачувајте повеќе прилагодувања како група и применете ги одеднаш врз други слики.

Поставките што ги избирате при обработката на некоја ваша RAW-слика може да се копираат и применат врз други слики. На тој начин ќе го забрзате работниот процес со многу слични слики. Одете во „Уреди > Избери и копирај група поставки“ (Edit > Select and copy recipe), изберете ги поставките што сакате да ги копирате од фотографијата и кликнете OK. Потоа, во прозорецот на пребарувачот на слики може да изберете друга слика или повеќе слики и да ја примените групата поставки на сите избрани слики со притиснување „Уреди > Примени група поставки“ (Edit > Paste recipe).

Групите поставки може да ги зачувувате и во датотека на вашиот компјутер за понатамошна употреба - одете во „Уреди > Зачувај група поставки во датотека“ (Edit > Save recipe) и потоа, за да примените зачувана група поставки на нова слика, притиснете „Уреди > Вчитај и примени група поставки од датотека“ (Edit > Read and paste recipe from file).

Промените што ќе ги направите на вашите слики се зачувуваат автоматски во RAW-датотеката кога ќе го исклучите софтверот DPP. Тоа значи дека можете повторно да ја отворите датотеката во иднина и да ја копирате групата поставки. Ова е можно дури и кога ќе ги преместите RAW-датотеките на друга локација - групата поставки ќе се премести заедно со RAW-датотеката.

Создавање обработени слики за споделување

The options in DPP for batch processing images.
Зачувајте ја вашата уредена RAW-датотека како слика во форматот JPEG или TIFF што ќе ја споделите или отпечатите.

Откако ќе завршите со обработката на RAW-датотеката, треба да ја зачувате конечната обработена слика. Може да изберете два формати на датотеки, JPEG и TIFF. JPEG-датотеките се помали и можете лесно да ги споделувате и да ги отворате со секаков софтвер. TIFF-датотеките се наменети за максимален квалитет и се идеални за печатење во големи формати. Во случај на една слика, одете во „Датотека > Претвори и зачувај“ (File > Convert and save), а во случај на повеќе слики, изберете ги тие што ви се потребни и одете во „Датотека > Сериска обработка“ (File > Batch process). Изберете го видот на датотеките, JPEG или TIFF, како и локацијата каде што сакате да ги зачувате сликите. Со сериската обработка може да ги менувате големината и името на сликите. Софтверот DPP може да се користи кога се извршува сериска обработка во заднина.

Организирајте ги вашите фотографии со ѕвездички

Кога имате стотици, па дури и илјадници фотографии за организирање, потребен ви е лесен начин за да го направите тоа. DPP ви овозможува да користите знаци за избор, оценки со ѕвездички или и двете опции истовремено за да можете брзо да ги пронајдете најдобрите слики во иднина. За брзо додавање на овие ознаки, изберете ја алатката за брза проверка (Quick Check), кликнете на малиот приказ на сликата за да ја означите сликата и потоа притиснете ги нумеричките копчиња на тастатурата од 1 до 5 за да внесете соодветна оценка со ѕвездички или ознака за избор. Ако додавате оценки со ѕвездички преку фотоапаратот, тогаш тие оценки ќе бидат видливи и во DPP, но нема да можете да ги промените. Знаците за избор се видливи само во DPP. Сликите може да ги подредувате, избирате и филтрирате врз основа на оценките што сте им ги доделиле. Препорачливо е да бидете доследни во оценувањето на вашите најдобри слики, за да можете секогаш да ги пронаоѓате лесно во иднина.

Бесплатната услуга image.canon на Canon, што е основана на Cloud, е совршено место за складирање на вашите фотографии директно од фотоапаратот, од каде што ќе можете да ги префрлувате на други услуги на интернет или во вашите уреди - најновите фотоапарати со Wi-Fi од Canon можат дури и автоматски да ги вчитуваат сликите.* RAW-сликите што ги префрлувате во image.canon од компатибилни фотоапарати* може автоматски да ги преземате во вашиот компјутер за да ги уредувате со DPP.

The main screen of DPP, with previews of 15 nature images including star ratings and check marks.
Користете знаци за избор, оценки со ѕвездички или и двете опции истовремено за да ги организирате, подредувате и пронаоѓате вашите слики.

Како и за секоја друга нова вештина, така и за оваа треба да вежбате за да ја усовршите. Експериментирајте со алатките наведени во овој напис и вршете екстремни прилагодувања за да откриете што може да направи секоја алатка. Откако ќе уредите неколку слики, ќе почнете да препознавате какви промени се потребни за да ги подобрите сликите што ги снимате. Учејќи како да ги поправите несовршеностите во вашите слики, ќе станете подобар фотограф.

Напишано од Brian Worley

*Сите фотоапарати од Canon не поддржуваат автоматско префрлување во заднина и не можат да вчитуваат RAW-слики (CR2) директно на интернет. Други компатибилни фотоапарати со Wi-Fi од Canon нудат лесно и директно рачно префрлување кон image.canon. За да ја погледнете целосната листа на компатибилни фотоапарати, ве молиме одете на http://image.canon. Компатибилните фотоапарати мора да бидат поврзани на интернет преку Wi-Fi.

Слични написи
A before and after image of a marshy landscape, unedited on the left and in black and white on the right.

ОСНОВИ НА УРЕДУВАЊЕ

Како да ги уредите сликите со пејзажи пред да ги отпечатите

Техники за уредување што ќе ги претворат вашите пејзажи во уметнички дела.

A before and after shot of a couple on their wedding day next to a lake, dark and unedited on the left, showing the lighter version on the left, edited in DPP.

ОСНОВИ НА УРЕДУВАЊЕ

Како да уредувате битни фотографии

Подобрете ги вашите фотографии од посебни прилики со овие едноставни совети за уредување фотографии.

A long jetty, viewed from water level at dusk, stretches into the sea.

ОСНОВИ ЗА ФОТОГРАФИРАЊЕ

Подобрете ја композицијата на вашите фотографии

Направете ги вашите слики поинтересни со овие правила за композиција на сликите.

Слични производи

Препорачани апликации

Слични написи

Get Inspired е најголемиот извор на практични совети за фотографирање, водичи за купување и информативни интервјуа - сè што ви е потребно за да го пронајдете најдобриот фотоапарат или најдобриот печатач и да ја реализирате вашата следна креативна идеја.

Назад до сите совети и техники