За да ви покажеме дека не треба да патувате далеку за да бидете креативни, предизвикавме два фотографи за видеоснимки со забрзани движења да снимат нешто прекрасно во рамките на нивниот дом.
ФОТОГРАФИРАЊЕ ЗАБРЗАНИ ВИДЕОСНИМКИ
За да бидете сигурни дека нема да се помести целата сцена, туку само деловите што треба да се променат, поставете го фотоапаратот на статив.
Наполнете ја батеријата целосно пред да започнете да снимате видеоснимки со забрзани движења, особено ако снимате голем број слики во долг временски период.
Ако снимате видеоснимка со забрзани движења од субјект во затворена просторија, вештачката светлина може да ви помогне да добиете непроменето осветлување во текот на целото снимање.
Поставете го вашиот фотоапарат EOS во режим за видео.
Изберете го режимот за видеоснимки со забрзани движења.
За целосна контрола врз вашата видеоснимка со забрзани движења изберете Custom (Приспособено) - потоа ќе можете да ја изберете должината на интервалот помеѓу сликите и вкупниот број на слики што треба да се снимат.
За да снимате побрзи движења, изберете пократок интервал помеѓу сликите. За да снимате побавни настани, како зајдисонце, изберете поголем временски интервал.
Бројот на слики во вашата видеоснимка со забрзани движења, во комбинација со нејзината стапка на слики, ќе одреди колку долго ќе трае репродукцијата на низата забрзани движења. Секако, за снимање поголем број на слики треба повеќе време и тоа ќе резултира со содржина што ќе се репродуцира подолго.
Или, пак, поставете го фотоапаратот да репродуцира звучен сигнал по снимање на секоја снимка за да можете полесно да утврдите кога ќе заврши снимањето на низата слики.
За да бидете сигурни дека фотоапаратот нема автоматски да ја промени експозицијата, балансот на белата боја или други поставки поради малите промени на условите за време на фотографирањето, поставете рачно колку што е можно повеќе параметри за фотографирање.