Поврзување со фотоапаратот е едноставен процес, а во самата апликација има упатства на екранот што ве водат низ секој чекор. Штом се поврзете, имате неколку опции за истражување, зависно од моделот на фотоапаратот, како што е далечинското фотографирање, додавање оценки со ѕвездички на сликите и префрлување на слики и видеа за да ги споделите со другите.
Би требало да видите опција што се вика Далечинско фотографирање со прегледување во живо, што ви прикажува прегледување во живо на тоа што го гледа фотоапаратот. Одовде, можете да ги приспособувате поставките, како што се фокусната точка, брзината на блендата, решетката, ISO, баланс на белата боја, тајмер, мерење и друго. Вреди да се запознаете со интерфејсот кога го поставувате првпат.
На екранот, исто така ќе видите големо бело копче кое можете да го допрете за да снимите фотографија. Ако сакате да снимите видео, изберете ја иконата за видео на горниот дел од екранот за да се префрлите на режим за видеоснимки.
Апликацијата Canon Camera Connect исто така служи како центар за други апликации што се корисни за вашиот фотоапарат, како што е апликацијата image.canon за префрлување и складирање слики основано врз Cloud, поради што претставува сè-во-едно решение за најновите алатки. Со EOS R3, PowerShot ZOOM и други EOS-фотоапарати издадени од 2022 година и подоцна, можно е да се ажурира фирмверот на фотоапаратот преку апликацијата Canon Camera Connect, поради што е поедноставно од кога било да одржувате чекор со најновите подобрувања и функции.