Trees reflect in a lake in Scotland with a mountain in the background

ФОТОГРАФИРАЊЕ ПЕЈЗАЖИ

Фотографирање забрзани видеоснимки: внесување реалистичност во пејзажите

Фотографирањето забрзани видеоснимки претставува последователна репродукција на стотици, па дури и илјадници фотографии кои создаваат видеозапис со компресирано време. Се работи за интересна уметничка форма што може да внесе нов дух во традиционалното фотографирање пејзажи. „Фотографирањето забрзани видеоснимки ви овозможува да видите нов потенцијал во пејзажите,“ вели Alex Nail, професионален фотограф на пејзажи и снимател на забрзани видеоснимки кој фотографира и снима за организации меѓу кои се и „Visit Britain“ и „Woodland Trust“.
„Кога снимате пејзажи, може да биде тешко да го заинтересирате гледачот, но штом вклучите движење, сцената како да оживува. Ако сте излезени на прекрасен летен ден, силното осветлување може да не биде идеално за фотографирање, но кога ќе го видите движењето на облаците, тоа е совршена можност да снимите забрзани видеоснимки.“
Изгрејсонце, поток, бранови на крајбрежјето, па дури и сообраќајот на градските улици може да се претворат во неверојатни снимки, а за да се снимат може да бидат доволни и само неколку минути.
Со помош на Canon EOS RP, мал, лесен и интуитивен фотоапарат за целосна слика без огледало, идеален за креативност во движење, Alex ги споделува своите пет најдобри совети за фотографирање забрзани видеоснимки.

1. Започнете со вистинската опрема

Snow blows through the air creating a mist, covering a mountain in front of a river.
За Alex, малиот, лесен и моќен EOS RP од Canon е идеален за фотографирање забрзани видеоснимки од пејзажи на далечни локации.

За да фотографира забрзани видеоснимки од пејзажи, Alex користи статив, широкоаголен објектив или објектив за зумирање со среден дострел и најчесто користи бројач на интервали за да го постави интервалот помеѓу фотографиите. Меѓутоа, голем број од фотоапаратите на Canon се одликуваат со вграден бројач на интервали и режим за фотографирање забрзани видеоснимки, вклучувајќи ги EOS 250D, EOS 90D, EOS M6 Mark II, EOS 6D Mark II и EOS RP. Сите тие нудат можност за фотографирање забрзани видеоснимки во 4K. EOS RP ви овозможува да фотографирате со интервали од една секунда или повеќе, со крајно траење од 3.600 слики, во 4K UHD или Full HD, при што многу го олеснува процесот: едноставно го поставувате фотоапаратот, го одредувате растојанието помеѓу фотографиите и должината на снимањето, а фотоапаратот ќе се погрижи за останатото, самостојно спојувајќи ги сликите во видеоснимка.

„Со EOS RP од Canon, можете едноставно да го поставите фотоапаратот и да го оставите да си ја врши работата додека сцената пред вас се менува,“ вели Alex.

Alex го впарува својот EOS RP од Canon со RF 24-105mm F4L IS USM објектив од Canon. „Овој објектив е погоден за фотографирање забрзани видеоснимки бидејќи испорачува навистина корисни фокусни должини. Јас фотографирам забрзани видеоснимки од пејзажи при 24mm, но со овој објектив имам и дополнителен дострел за подалечните сцени,“ вели тој. Покрај објективите RF од следната генерација, EOS RP од Canon е компатибилен и со палетата на објективи EF и EF-S од Canon со помош на адаптерот за монтирање објективи EF-EOS R.

2. Поставете го фотоапаратот

Технологијата за стабилизација на слика во 5 чекори со која се одликува објективот RF 24-105mm F4L IS USM од Canon е корисна при рачно фотографирање, но Alex советува да се користи статив за фотографирање забрзани видеоснимки. „Ако вашиот објектив има прекинувач за стабилизација на сликата, запомнете да ја исклучите кога користите статив бидејќи може да се појави нестабилност,“ вели тој. Избирањето на режимот за фотографирање забрзани видеоснимки на EOS RP од Canon ќе ја оневозможи стабилизацијата на сликата на објективот.

За да ја зголемите јасноста и рамномерноста, Alex советува и да ги заклучите поставките. „Секогаш правам грешка кога заборавам да се префрлам на рачен фокус. Ако сцената или осветлувањето се променат, или, пак, ако има дури и најмала промена во фокусот, тоа може да предизвика проблеми, затоа заклучете сè - и фотоапаратот и поставките - и поставете го фокусот рачно.“ Едноставно поместете го прекинувачот AF/MF на вашиот објектив на MF.

3. Користете ја експозицијата

Пејзажите зависат од природното осветлување, кое брзо може да се промени за само неколку секунди, така што експозицијата игра важна улога во фотографирањето забрзани видеоснимки. Освен ако директно го фотографира сонцето, Alex ги фотографира изгрејсонцата и зајдисонцата во режимот за приоритет на отвор на блендата, а тоа значи дека фотоапаратот автоматски ја поставува брзината на блендата во зависност од осветлувањето. „Промените во експозицијата помеѓу сликите е многу мала,“ вели тој, „така што има помалку треперење од тоа што очекувате.“ Меѓутоа, ако сакате да ги доловите природните промени во експозицијата, Alex предложува да се префрлите во рачен режим. „Всушност, тоа е најлесниот начин за фотографирање забрзани видеоснимки, бидејќи можете едноставно да го поставите и да се занимавате со други работи.“

Во режимот за фотографирање забрзани видеоснимки на EOS RP од Canon, може да направите пробна фотографија за да ги процените поставките за експозиција пред да го притиснете копчето за снимање и да започнете да фотографирате забрзани видеоснимки.

4. Изберете траење што одговара на сцената

За да го одредите интервалот помеѓу снимките, размислете колку брзо ќе се менува сцената. Водата што тече, бреговите на крајбрежјето или автомобилите во сообраќајот се движат прилично брзо, така што пократките интервали ќе ги доловат без нагли и остри промени. За облаци што брзо се движат на ветровит ден, интервал од околу 1 до 4 секунди би требало да биде доволен.

За да создаде краток видеозапис од четири до шест секунди, Alex најчесто снима меѓу 10 и 12 секунди материјал - „не може точно да знаете кога ќе се случи најинтересното,“ објаснува. Ако се одлучите да создадете забрзани видеоснимки рачно со помош на софтвер, може и да ја забрзате репродукцијата, а „удвојувањето на бројот на слики ви овозможува и да ја удвоите брзината, во случај да забележите дека забрзаната видеоснимка се менува пребавно.“ Повеќето видеозаписи на Alex започнуваат со околу 300 слики, што му овозможува 12 секунди снимен материјал при репродукција од 25 слики во секунда (fps).

Како што ви се развиваат вештините, Alex советува да експериментирате со преминот во самрак, а потоа и со ѕвездени неба. „За да направите забрзана видеоснимка од ноќното небо и да ги гледате ѕвездите како се вртат околу Polaris, снимајте со интервал од 40 секунди и брзина на бленда од 30 секунди,“ вели тој. „Ќе ви треба многу повеќе време отколку за снимање облаци.“

Траењето на батеријата дефинитивно е нешто што треба да го земете предвид за ноќно снимање. „Можам да кажам дека батериите на Canon се многу сигурни, дури и кога е студено,“ вели Alex, но имајте предвид дека капацитетот на батеријата ќе опадне во услови на ладно време. За долги снимања или снимање преку цела ноќ со EOS RP од Canon, може да се појави потреба да го поврзете фотоапаратот во извор на напојување со помош на изборната дополнителна опрема како што е AC-адаптерот AC-E6N, DC-приклучокот DR-E18 или комплетот со AC-адаптер ACK-E18.

5. Создајте впечатлива композиција

Taken on a craggy outcrop, the misty valley can be seen below

Кога фотографира пејзажи, Alex сака да вклучи силни графички елементи, како што се карпи, дрва или вода во преден план, но за составување забрзани видеоснимки е потребен поинаков пристап. „Суштината за снимањето успешни забрзани видеоснимки е поедноставувањето на кадарот за да се овозможи неговите квалитети да се истакнат. Кога снимам фотографии, многу сум прецизен во составувањето на кадарот, но кога се работи за забрзани видеоснимки, снимам малку пошироко бидејќи не можам да предвидам што може да се случи - а потоа во понатамошната обработка можам и да го скратам кадарот, ако сметам дека така е подобро. Објективот RF 24-105mm F4L IS USM од Canon е идеален: можам да снимам широкоаголно, но ако сцената бара потесен кадар, како на пример кога месечината или сонцето заоѓаат зад хоризонтот, можам без проблеми да го снимам и тоа.“

Затоа, следниот пат кога ќе сте во прошетка, побарајте можности да му вдахнете живот на пејзажот - создавањето забрзани видеоснимки не мора да ви одземе повеќе време од она што е потребно за да го поставите стативот и да го фотографирате пејзажот, а фотоапарат што ви нуди режим за снимање забрзани видеоснимки како што е EOS RP од Canon го прави сето тоа многу полесно.



Напишано од Natalie Denton

Слични написи
A female photographer stands on rocks in shallow water photographing a lake surrounded by mountains

ФОТОГРАФИРАЊЕ ПЕЈЗАЖИ

Предизвик за фотографирање со објектив за пејзажи

Професионалната фотографка Verity Milligan го споделува своето искуство во фотографирањето креативни пејзажи со два лесни објективи.

Filmmaker Matthew Vandeputte uses his camera from an elevated position among city buildings. © Pete Jobson

ФОТОГРАФИРАЊЕ ЗАБРЗАНИ ВИДЕОСНИМКИ

Доловување на движењата во видеоснимки со забрзани движења

Сигурни техники за снимање видеоснимки со забрзани движења, видеоснимки со хипер забрзани движења и видеоснимки со забавени движења.

Create light trails

ФОТОГРАФИРАЊЕ ПЕЈЗАЖИ

Создавајте траги од светлина

Како да користите долги експозиции за да создадете траги од светлина: совети од победникот на Redline Challenge од Canon.

Слични производи

Слични статии

Get Inspired е најголемиот извор на практични совети за фотографирање, водичи за купување и информативни интервјуа - сè што ви е потребно за да го пронајдете најдобриот фотоапарат или најдобриот печатач и да ја реализирате вашата следна креативна идеја.

Назад до сите совети и техники