Објективи RF

Canon RF 800mm F11 IS STM

Фотографирајте врвни детали со објектив за целосна слика со извонреден телефото опсег до 800 mm што е лесен, моќен и подготвен да го долови вашиот свет со прекрасни детали.

ПОЗИЦИОНИРАЊЕ НА ПРОИЗВОДОТ

RF 800mm F11 IS STM од Canon на дело

Погледнете го видеозаписот за да дознаете повеќе за овој моќен телефото објектив.

Доближете се до вашиот свет. Многу поблиску.

Компактен, лесен и моќен објектив со извонреден телефото опсег што првично е наменет за ентузијастите кои фотографираат диви животни и на кои им треба огромен дострел.

  • ЖАНР

    Одличен објектив за фотографирање диви животни

    Доближете се како никогаш досега до вашите омилени диви животни, каде и да сте.

  • ЖАНР

    Одличен објектив за патувања

    Малата тежина и огромниот дострел се погодни за патувањата.

  • ЖАНР

    Одличен објектив за далечни субјекти

    Доближете ги световите - буквално.

Доближете се до вашиот свет

Фотографирајте сафари, летала или патувања и доловете ги најдобрите моменти што ќе го исполнат целиот кадар со прекрасни детали благодарение на креативната телефото компресија.

Canon Camera
Canon Camera

Снимајте остри слики без тресење на фотоапаратот

Со стабилизацијата на слика со 4 чекори ќе добиете неверојатно остри телефото слики, а ќе можете и рачно да снимате одлични видеоснимки.

Револуционерна тежина и големина

Благодарение на приклучокот RF, решетката F11 и оптиката за дисперзија на светлина, објективот е долг само 281,8 mm кога е вовлечен и тежи само 1260 g.

Canon Camera
Canon Camera

Фокусирајте рамномерно и тивко

Моторот STM овозможува рамномерен и тивок AF, а прстенот за контрола на објективот нуди интуитивна контрола врз поставките. Создавајте пријатен ефект на дефокусирање со помош на решетката од F11 без сечила.

Екстремен телефото опсег за сите

Сега лесно може да додадете извонреден телефото објектив во вашата торба со опрема кој нуди моќна стабилизација на слика и AF што е достапен за сите ентузијасти кои сакаат да патуваат со лесен багаж.

Canon Camera

Спецификации

  • 800 mm

    Извонреден телефото опсег

  • Стабилизација на слика со 4 чекори

    Напредна стабилизација на сликата

  • STM-мотор

    Тивок и рамномерен фокус за видео, брз за фотографии

  • Компактна големина

    281,8 mm кога е вовлечен

  • Контролен прстен за објективот

    За директна контрола на поставките Tv/компензација на експозицијата/ISO

RF800mm-F11-IS-STM

Што содржи кутијата

Сè што ви е потребно за да добиете телефото опсег за вашиот фотоапарат без огледало со сензор за целосна слика

  • RF 800mm F11 IS STM

  • Предно капаче за објектив

  • Задно капаче за објектив

  • Комплет со упатство за користење

Раце кои држат фотоапарат EOS R од Canon и објектив RF 24-105mm F4-7.1 IS STM од Canon.

Можеме ли да ви помогнеме да го изберете вашиот следен објектив?

Нашата алатка за избирање објективи ќе ви ја прикаже целата наша палета на објективи и ќе ви помогне да го пронајдете објективот кој совршено ќе ви одговара вам и на вашиот фотоапарат EOS.

Слични производи

Телефото објективи

Телефото објективите ви овозможуваат да фотографирате спорт, диви животни или настани од далечина, без да ги попречувате случувањата. Разгледајте ги телефото објективите од Canon и ослободете ја вашата креативност.
Дознајте повеќе