Објективи за DSLR
Canon EF 200-400mm f/4L IS USM Extender 1.4x
Објектив со f/4 од професионална класа со вграден додаток за продолжување од 1,4x за огромна флексибилност и фокусен опсег наменет за спорт и животот во дивината.
Професионален телефото зум наменет за фоторепортажа, како и фотографирање на животот во дивината и спортот
Професионален објектив од 200-400mm со f/4 и вграден додаток за продолжување до 1,4x кој ја зголемува фокусната должина од 280-560mm. Стабилизацијата на слика со четири чекори ја максимизира острината. Инстинктивните контролни копчиња го подобруваат ракувањето.
Погледнете ги сите спецификацииПридобивки
-
Професионален објектив за зумирање од 200-400mm со f/4
-
Вграден додаток за продолжување од 1,4x
-
Стабилизатор на слика со четири чекори
-
Конструкција од магнезиумска легура со заштита од временски услови
-
Брз USM автоматски фокус со моќен фокус за EOS видео снимки
-
Инстинктивни контролни копчиња за фокусирање кои овозможуваат подобро ракување
Детални карактеристики
-
Извонредни перформанси со можност за проширување на опсегот за телефото
Професионален објектив за зумирање од 200-400mm со непроменлива максимална решетка од f/4. Вградениот додаток за продолжување ја зголемува фокусната должина за фактор од 1,4x, добивајќи опсег од 280-560mm.
-
Максимална острина, независно од условите
Технологијата за стабилизација на слика (IS) овозможува користење на четири пати побавни брзини на блендата од стандардните, без да дојде до тресење на фотоапаратот. Достапни се три IS режими, кои овозможуваат ефикасни перформанси при поместување и моментална стабилизација само додека трае експозицијата.
-
Издржлива, лесна конструкција
Користењето на магнезиумска легура ја зголемува цврстината и издржливоста, но не ја зголемува тежината. Објективот е заштитен од прав и влага, а употребата на слоеви од флуор овозможува полесно чистење на елементите на објективот.
-
Брзо и интелигентно фокусирање
Уживајте во брз автоматски фокус кој е речиси бесчуен, благодарение на прстенестиот ултразвучен AF мотор. Имајте целосна контрола со преминувањето преку параметрите на постојаниот рачен фокус, како и со контролите за запирање и претходно подесување на фокусот кои се наоѓаат на цилиндерот на објективот. Достапен е и моќен фокус за EOS видео снимки.