Објективи за DSLR

Canon EF 400mm f/2.8L IS III USM

Извонреден телефото објектив со брза решетка што нуди професионални перформанси - идеален за фотографирање спорт, вести и диви животни

Идеална примена.

  • Одличен за спорт

    Кога сте покрај спортските терени, објективот EF 400mm f/2.8L IS III USM ќе ве пренесе во центарот на случувањата. Фокусирањето со USM на објективот, заедно со AF на вашиот фотоапарат, ќе ви овозможат остар фокус за објектите што се движат брзо.

  • Одличен за диви животни

    Без разлика дали сте на сафари или фотографирате локално, објективот EF 400mm f/2.8L IS III USM претставува одличен избор за фотографирање диви животни во нивното природно живеалиште. Лесниот дизајн го прави објективот идеален придружник за патување.

  • Одличен за репортажи

    За репортажите вообичаено се потребни моќни перформанси за телефото. Објективот EF 400mm f/2.8L IS III USM го постигнува токму тоа, а благодарение на лесниот и пренослив дизајн можете полесно да го пренесувате на различни локации.

Професионален квалитет на слика

Добијте исклучителна острина и контраст низ целиот кадар. Тоа е извонредно за фотографите за спорт, диви животни и вести на кои им се потребни најдобри перформанси.

Canon Camera
Canon Camera

Фотографирајте рачно

EF 400mm f/2.8L IS III USM е најлесниот објектив од 400 mm со f/2,8 во светот* што се одликува со напредна стабилизација на слика** со пет чекори која овозможува лесно рачно фотографирање.

Фокусирајте брзо и прецизно

Објектите се фокусираат со извонредна брзина и прецизност, дури и при слаба осветленост. Добијте остар приказ на предметите што се движат брзо.

Фотографирајте со паметни контроли

Практичните контроли ви овозможуваат да го активирате/заклучувате AF или директно да изберете однапред програмирано фокусно растојание. Сето ова е можно без да го тргнете фотоапаратот од окото.
Canon Camera

Создаден за патувања

Објективот EF 400mm f/2.8L IS III USM од серија L е изработен според строги стандарди. Заштитен е од прав и влага и може да ги издржи тешките услови при професионална употреба.

Спецификации

  • 400 mm

    Фокусна должина

  • f/2,8

    Максимална решетка

  • Стабилизација на слика

    со 5 чекори**

  • Дијафрагма

    со 9 сечила

  • Контроли за активирање/заклучување

    на фокусот

  • Објектив* од 400 mm со f/2,8 кој е најлесен во светот

    2840 g

Што содржи кутијата

  • EF 400mm f/2.8L IS III

  • Сенило ET-155(W III)

  • Капаче за објектив E-180E

  • Капаче за заштита од прав за објективи E

  • Широк ремен за објектив B

  • Држач за внатрешен филтер

  • Мека торбичка за објектив LS-400

  • Комплет со упатство за користење

Раце кои држат фотоапарат EOS R од Canon и објектив RF 24-105mm F4-7.1 IS STM од Canon.

Можеме ли да ви помогнеме да го изберете вашиот следен објектив?

Нашата алатка за избирање објективи ќе ви ја прикаже целата наша палета на објективи и ќе ви помогне да го пронајдете објективот кој совршено ќе ви одговара вам и на вашиот фотоапарат EOS.

Слични производи

  1. * Во групата фотоапарати со заменливи објективи. Почнувајќи од септември 2018 година, врз основа на истражување од Canon