Извонреден телефото објектив

Canon RF 600mm F4L IS USM

Извонредниот телефото објектив со водечка преносливост и високи перформанси, RF 600mm F4L IS USM, ви овозможува да бидете во центарот на случувањата. Тој е идеален за фотографирање спортови и диви животни кога ви е потребен најдобриот квалитет на слика.

Спецификации

  • Голем максимален отвор на блендата од f/4

    За извонредни перформанси при слаба осветленост и контрола врз длабочината на полето

  • Стабилизација на слика

    Нуди 5,5 чекори на заштита од заматување на сликата поради тресење на фотоапаратот1, за неверојатно остри резултати при слаба осветленост

  • AF со двојно напојување

    Комбинацијата од прстенест USM-мотор за фокусирање со двојно напојување, процесор со голема брзина и оптимизирани алгоритми за AF овозможува брзо и тивко фокусирање

  • Флуоритно стакло

    Објективот RF 600mm F4L IS USM има флуоритно стакло во неговата конструкција за поголема резолуција и контраст на сликата

  • ASC-слоеви

    Дури и во услови со лошо осветлување, одблесоците и отсјајот се сведуваат на минимум преку нашата технологија на сферичен воздушен слој

  • Рачно фокусирање со променлива брзина

    Достапни се три брзини за рачен фокус за прецизна контрола. Постојаното рачно фокусирање ви овозможува да вршите прилагодувања без промена на режимот за фокусирање

  • Однапред поставени параметри за фокусирање

    Зачувајте два однапред поставени параметри за фокус за брзо повикување, што ќе ви заштеди време кога треба да реагирате брзо и ќе ви овозможи да го промените фокусот при снимање видео

  • Стандарден RF-приклучок

    Објективот RF 600mm F4L IS USM се прикачува директно на фотоапаратот од серијата EOS R без адаптер, овозможувајќи ви да го искористите неговиот напреден квалитет на слика

Што содржи кутијата

Сè што ви е потребно за доловување прекрасни детали додека патувате - додајте само мемориска картичка и торбичка за фотоапарати

  • RF 600mm F4L IS USM

  • Капаче за заштита од прав за објективи RF

  • Држач за внатрешен филтер на навртување 52 (WIII) со заштитен филтер од 52 mm

  • Капаче за објектив E-185C

  • Сенило за објектив ET-160 (WIII)

  • Мека торбичка за објектив LS600

  • Широк ремен за објектив B

  • Упатство за користење

Слични производи

  • Фотоапарати без огледало

    EOS R5

    Променете ја вашата перспектива за фотоапаратите без огледало. Беспрекорните перформанси на EOS R5 ќе го подобрат начинот на кој фотографирате и снимате.

  • Објективи RF

    RF 600mm F11 IS STM

    Револуционерен објектив со извонреден телефото опсег што е компактен, лесен и идеален за фотографирање диви животни, патувања и сафари или фотографирање возови.

  • Извонреден телефото објектив

    RF 400mm F2.8L IS USM

    Овој извонреден телефото објектив со RF-приклучок е моќен и пренослив со неверојатен квалитет на слика што е идеален за фотографите за диви животни, акција и спорт.

  1. Во согласност со стандардите за тестирање CIPA