Canon PIXMA MG2556S
Компактен сè-во-едно уред за печатење, скенирање и копирање за во домот што создава извонредни резултати.
Компактен сè-во-едно уред за печатење, скенирање и копирање во боја наменет за секојдневно користење и идеален за домашна употреба
Совршен сè-во-едно уред за секојдневно печатење, скенирање и копирање. Од документи со многу текст до семејни фотографии - механизмот за печатење на компактниот Canon PIXMA MG2556S е создаден за квалитет и практично користење.
Погледнете ги сите спецификацииПечатење, скенирање, копирање – печатење во домот на едноставен начин
Идеален сè-во-едно уред за во домот кој ви нуди печатење, скенирање и копирање документи и фотографии со голема брзина, без намалување на квалитетот. Canon PIXMA MG2556S е стилски, компактен и соодветен за поставување на маса, нуди практично користење и моќни функции за сите домашни корисници.
Достапен уред, врвен квалитет за печатење
Canon PIXMA MG2556S нуди неверојатна вредност за парите: печатач со достапна цена за во домот што печати документи и фотографии со извонреден квалитет. Технологијата за картриџи FINE овозможува создавање на длабоки црни тонови, живописни бои и неверојатно ниво на детали.
Помали трошоци по страница до 30%
Со користење на изборните XL картриџи за мастило со голем капацитет од Canon, можете да ги намалите трошоците по страница до 30% во споредба со нивните стандардни еквиваленти. Добијте повеќе страници по картриџ и користете ги картриџите подолго време пред да ги замените. Canon PIXMA MG2556S не создава огромни трошоци.
Бидете креативни
Печатете ги вашите фотографии на едноставен начин со Easy-PhotoPrint Editor. Creative Park отвора нов свет на креативни можности со својот избор на дизајни од уметници, што ќе можете да ги користите како поштенски картички, календари, роденденски честитки и многу повеќе.
Вградени функции за заштеда на енергија
Трошете помалку енергија со автоматското вклучување/исклучување на напојувањето. Притиснете го копчето за печатење на вашиот лаптоп и гледајте како печатачот веднаш го исклучува режимот за заштеда на енергија и се подготвува за печатење, дури и без да го вклучите.
Спецификации
-
Картриџ FINE
Практична и едноставна замена
-
Технологија FINE
Печатење фотографии со висока резолуција
-
Мастила PIXMA XL
Изборни мастила за голема потрошувачка
-
Автоматско вклучување
Се вклучува кога ќе започнете да печатите
-
Тивок режим
Речиси бесшумно печатење во домот
-
Easy-PhotoPrint Editor
Уредувајте ги и печатете ги вашите фотографии
-
Creative Park
Уживајте во создавање модели од хартија
Што содржи кутијата
-
Сè-во-едно печатач - Canon PIXMA MG2556S
-
Картриџи FINE
-
Кабел за напојување
-
Упатства и други документи
Слични производи
-
PIXMA TS3350 (Black)
Повеќефункционалност со одлични опции за поврзување, печатење без рабови и изборни XL-картриџи - и сето тоа по достапна цена.
- Сите податоци се основаат врз стандардните методи за тестирање од Canon, освен ако не е поинаку назначено.
Подлежи на промена без претходно известување.