Технологијата за печатење и извонредниот софтвер на imagePROGRAF PRO гарантираат ефикасен и прецизен работен процес на печатење. Секогаш.
Потполно ново ниво на печатење со неверојатно компактен и професионален печатач за формати A3+ што ги содржи сите особини на палетата imagePROGRAF PRO, нудејќи ви богати, живописни и исклучителни печатени материјали со квалитет како за во галерија во секое време.
Печатење без рабови
Печатење без рабови на формати A3+
3,0''
LCD-ЕКРАН
10
ЕДИНЕЧНИ МАСТИЛА
Chroma Optimizer
ПРОЅИРНО МАСТИЛО
Голема долготрајност
МАСТИЛО СО ПИГМЕНТ
Wi-Fi и етернет
ПОВРЗУВАЊЕ
Сигурно печатење. Секогаш.
Печатењето со професионален квалитет е едноставно со компактниот imagePROGRAF PRO-300 за формати A3+.
Овој стилски и компактен печатач за формати A3+ е помал од PIXMA PRO-10S и ви овозможува креативно печатење и едноставно поврзување со компјутер или Mac преку Wi-Fi или етернет.
Постигнувајте професионални резултати на различни медиуми до A3+ за многу кратко време, благодарение на тоа што не е потребна замена на мастилата.
Добијте печатење без рабови врз сјајна хартија или хартија за фина уметност и печатете панорамски слики со приспособени должини до 990,60 mm.
Печатачот користи 10 мастила со пигмент LUCIA PRO и нуди извонредни бои со наменското мастило Chroma Optimiser за да го намали бронзениот ефект и да создаде неверојатен приказ на тоновите.
Јасниот и осветлен приказ овозможува брза навигација низ менијата и функциите на печатачот и моментално следење на функциите на печатачот, нивоата на мастилата и поставките за хартијата.
Мастилото во мат црна боја на imagePROGRAF PRO-300 овозможува подобро изразување на црно-белите слики со подлабоки и поживописни црни тонови врз хартија за фина уметност.
Бидете сигурни во вашите вештини за печатење благодарение на софтверот и дополнителната компонента Professional Print & Layout од Canon, што нуди нови нивоа на совршеност на усогласувањето на боите.
Процесорот L-COA PRO на Canon обработува голема количина податоци за слики без проблем и пресметува прецизна испорака на мастило со неверојатно голема брзина за да понуди висококвалитетно печатење без отстапки.
PRO
ДОПОЛНИТЕЛНА КОМПОНЕНТА
Дополнителната компонента PPL функционира како самостоен софтвер или дополнителна компонента преку софтверот за обработка на слики Digital Photo Professional или Adobe Photoshop и Lightroom.
Сè што ви е потребно за да создавате печатени материјали во формат A3+ со квалитет како за во галерија од вашата работна маса.
ПЕЧАТАЧ ЗА ФОРМАТИ A3+ imagePROGRAF PRO-300
Кабел за напојување
Глава на печатач
10 одделни резервоари за мастило
Фах за печатење CD дискови
CD-ROM за поставување (CD само за Windows – драјверите за Mac се достапни на интернет*)
Водич за почетници
Откријте хартија за фина уметност од трети производители што профилите за печатење директно ја поддржуваат и обезбедуваат прецизност и реалистичност на резултатите.
Со сјајните и мат хартии, како и хартиите со отсјај, ќе пронајдете соодветна хартија за вашите креативни идеи.
Погледнете ги ситеPremium Fine Art Rough внесува тридимензионалност во сликите.
Професионална висококвалитетна хартија за професионални инк-џет печатачи.
Професионална фотохартија со завршна обработка како во студио што нуди неверојатен квалитет.
Мазна текстура со топли бели тонови за печатење материјали без отсјај.
Дознајте повеќе за професионалниот печатач imagePROGRAF за на работна маса.
Дознајте повеќе за професионалниот печатач imagePROGRAF за на работна маса.
Сите податоци се базираат на стандардните методи за тестирање на Canon, освен ако не е поинаку назначено.
Подлежност на промена без претходна најава.
1 *Сите драјвери и апликации за мобилни уреди се достапни на интернет на http://www.canon.com/ijsetup