Професионални екрани

Canon DP-V2730

Моќен и флексибилен референтен 4K-монитор од 27 инчи за извонредни перформанси за обработка на HDR-слики; идеален за емитувања во живо и обработка по снимањето.

Спецификации

  • 4K HDR-екран од 27”

    LCD-екран со резолуција од 3840 x 2160 што нуди светлина на целиот екран од 1.000 cd/m²

  • Напредно HDR-следење

    Следење бранови форми, погрешни бои, проверка на опсегот и многу повеќе

  • Исклучителен квалитет на слика

    Поддршка за Dolby Vision и стандардите EBU TECH33201

  • Приказ на два/четири екрани и поддршка за 8K

    За беспрекорно следење на повеќе камери и работни процеси со висока резолуција

  • Далечинска контрола/поврзување повеќе монитори

    Може да се поврзе со компјутер, таблет или паметен телефон заради далечинска контрола

  • Беспрекорно поврзување

    1x HDMI-влез и приклучоци 12G-SDI (4x влезови и 5x излези)

Наградувани алатки за напредно следење на HDR

DP-V2730 е опремен со наградувани алатки за напредно следење на HDR од Canon што помагаат во проверката на сите аспекти на прикажаниот сигнал на HDR-содржините.

  • Монитор за бранови форми HDR/RGB

    Анализирајте ја светлината на сликата од лево кон десно со скала за следење што поддржува IRE, PQ, HLG, па дури и Log-сигнали од повеќе производители.

  • Погрешни бои HDR

    Визуелно претставува експозиција и отсекување слики врз основа на детални и приспособливи тонови на бои за IRE, PQ или HLG.

  • Проверка на опсегот

    Го менува приказот на екранот во еднобоен и им овозможува на корисниците да одредат максимално ниво на светлина за лесно да ги идентификуваат површините што треба да се приспособат.

  • Проверка на вредноста на пикселите/ дијаграм за хроматичност

    Прецизно утврдете ги вредностите на боите и светлината на одреден пиксел. Се прикажува и CIE-дијаграм што ја илустрира локацијата на просторот на бои за пикселите или целосната палета на бои во целата слика.

  • Приказ на бои што не се дел од палетата

    Го менува приказот на екранот во еднобоен и ги истакнува боите што не се дел од избраната палета на бои. Корисниците може да изберат ITU-R BT.709 или стандардна палета на бои.

  • Приказ за споредба помеѓу HDR и SDR

    Напредна функција што ја конвертира HDR-содржината во SDR за вршење споредба Оваа функција може да се користи за споредба на оригиналната содржина заедно со овозможените кориснички LUT или CDL.

  • HDR-хистограм

    Графичко претставување на дистрибуцијата на светлина во сликата. Оваа функција може да ги илустрира и опсезите на светлина за SDR и HDR.

  • Монитор за осветленост на сликите

    Иновативна алатка што им овозможува на корисниците внимателно да ги следат промените во максималната осветленост при гледање на видеозаписите.

  • Приказ на повеќе различни информации

    Користете повеќе алатки за следење на HDR во исто време, без да го попречувате приказот на сликата.

DP-V2730

Екран од 27” со исклучителна светлина

DP-V2730 има 4K UHD LCD-екран од 27 инчи со рамномерна светлина низ целиот екран до 1.000 cd/m². Технологијата за локално затемнување на Canon овозможува извонредно слабо осветлени црни тонови до 0,001 cd/m².

Реална репродукција на HDR-бои

Најсовремената технологија за осветлување на Canon, деталните сенки и широката палета на бои низ целиот екран ги исполнуваат условите за сертификатот Dolby Vision и Grade1A согласно стандардите EBU TECH33202.

DP-V2730
DP-V2730

Истовремен приказ на два/четири екрани и поддршка за 8K

Гледајте приказ со резолуција до 4K, поделен на две или четири слики од SDI-сигнали и HDMI-сигнали, како и индивидуални профили за слика или кориснички LUT. DP-V2730 нуди поддршка за идните работни процеси со висока резолуција до 8K.

Беспрекорно поврзување

DP-V2730 е опремен со HDMI-влез и приклучоци 12G-SDI (4x влезови и 5x излези) што поддржуваат 4K-сигнали со 60P, 4:2:2 и 10 бита или 4K-сигнали со 30P, 4:4:4 и 12 бита што се идеални за беспрекорна интеграција во повеќе работни процеси.

DP-V2730
DP-V2730

Далечинска контрола/ поврзување повеќе монитори

Поврзете го DP-V2730 со компјутер, таблет или паметен телефон, како и со повеќе екрани од Canon (преку LAN-врска) со Remote Control Web UI. Овој кориснички интерфејс на допир овозможува гледање слика во живо, детални информации за сигналите и директна контрола врз влезовите, алатките за следење и поставките.

Вграден SDI-преклопник

Избирајте помеѓу 4 SDI-влезни сигнали благодарение на повеќефункционалниот SDI-излез3 што поддржува работни процеси како испраќање излезен сигнал кон мониторот на режисерот, надворешен снимач или решение за проследување во живо.

DP-V2730
DP-V2730

Што содржи кутијата

Екран DP-V2730, главен уред
Водич за поставување
Леток за претпазливост

Слични производи

  • Професионални екрани

    DP-V3120

    Професионален 4K HDR-екран од 31 инчи со 2.000 cd/m2 кој овозможува поголема флексибилност на работните процеси за снимање во HDR.
  • Професионални екрани

    DP-V2411

    Референтен екран од 24 инчи со голема светлина, широка палета на бои и обемни функции за снимање во HDR.
  • Професионални екрани

    DP-V1830

    Со компактен и лесен дизајн за употреба во студио или на снимање, професионалниот монитор DP-V1830 нуди исклучителни перформанси за обработка на 4K HDR-слики.
  • Професионални екрани

    DP-V1711

    Цврст и пренослив 4K UHD-екран од 17 инчи со 12G-SDI и многубројни функции за HDR.
  1. Сите податоци се основаат врз стандардните методи за тестирање од Canon, освен ако не е поинаку назначено. Подлежи на промена без претходно известување.
  2. Оценка Grade 1A добиена за сооднос на контрастот, максимално осветлување, ниво на црна боја и рамномерност на осветлувањето.
  3. Потребна е лиценца што се плаќа.