Hero Image
Blank-Rect Image

Canon DP-V3120

Професионален референтен 4K HDR-екран од 31 инчи

Specification Intro

Извонредна HDR-функција

DP-V3120 од Canon е професионален референтен 4K HDR-екран од 31 инчи што нуди светлина на целиот екран од 2.000 cd/m2 и сооднос на контрастот од 2.000.000:1 со исклучителна прецизност и сигурност, како и многубројни функции за помош при HDR-следење. DP-V3120 е идеален за професионални работни процеси за снимање во HDR.

Погледни целосни спецификации

Светлина на целиот екран од 2.000 cd/m2 и сооднос на контрастот од 2.000.000:1

DP-V3120 од Canon нуди светлина на целиот екран од извонредни 2.000 cd/m2 што ви овозможува поголема флексибилност за создавање неверојатна содржина со голем динамички опсег. Со најсовремен систем за задно осветлување што е дизајниран од Canon, алгоритам за прецизна контрола на LED-диодите и со напредна обработка на слика, DP-V3120 нуди минимално ниво на црна боја од 0,001 cd/m2 и неверојатен сооднос на контрастот од 2.000.000:1, овозможувајќи прецизна репродукција на деталите во сенките и на светлите површини.

Full-screen brightness

Прецизна и квалитетна слика со флексибилност за сите потреби за снимање

Прецизна репродукција на сликата е важна за соодветно HDR-следење. DP-V3120 овозможува прецизна репродукција на сите нијанси на сива боја од ниска до висока осветленост, а и секоја од основните бои R, G, B нуди соодветно ниво на осветленост. Ова ниво на прецизност овозможува поголема сигурност за управување со работните процеси за HDR-обработка.

Со поддршка за стандардната гама од 2,2, 2,4, 2,6 и ITU BT.1886, како и функциите за електрооптички пренос (EOTF) SMPTE ST.2084 и ITU-R BT.2100 (HLG) на HDR, DP-V3120 ги поддржува и широките простори на бои BT.2020 и DCI-P3 со реалистична и доследна репродукција на боите за да ги задоволи потребите за снимање во SDR и во HDR.

Accurate image quality

Многубројни функции за HDR-следење



DP-V3120 од Canon нуди многубројни функции за HDR-следење кои се водечки во индустријата и кои им овозможуваат на корисниците да ги визуелизираат параметрите за HDR-сигналите како што се HDR-референтното бело ниво, нивоата на сигнали и светлината на сликата за прецизно оптимизирање на сигналот.

Сигурно и тивко функционирање

Иновативниот систем за задно осветлување на Canon, со LED-диоди со висока ефикасност и новодизајниран механизам за ладење, овозможува и одржува високо ниво на континуирана осветленост дури и при 2.000 cd/m2. Овој новодизајниран механизам за ладење овозможува тивко функционирање со голема светлина што е идеално за опкружувања како што се студијата за обработка на бои.

Освен тоа, иновативниот систем за задно осветлување на Canon користи низа сензори на целиот екран за да ги следи перформансите на задното осветлување и користи интелигентна технологија за автоматска корекција за да ја одржува и прилагодува прецизноста на сликата за време на работењето.

Reliable and quiet operation

Напреден интерфејс и ракување

DP-V3120 е опремен со интерфејсот 12G-SDI за да ги задоволи потребите на најновите опкружувањa за снимање во 4K, овозможувајќи 4K-сигнал преку еден SDI-кабел. Со четири приклучоци 12G-SDI, екранот може да поддржи повеќе 4K-сигнали, овозможувајќи поделен приказ на 4 екрани, една 4K-слика или една 8K-слика (прикажана во 4K).

DP-V3120 има поддршка за „Payload ID“ за да ги идентификува карактеристиките за пренос на сигналот, а функцијата за автоматско поставување овозможува автоматско менување на поставките за [режимот за слика] на екранот. Освен тоа, функциите за следење на сигнали му овозможуваат на DP-V3120 да ги идентификува грешките во сигналите, како што се недостатокот или погрешниот распоред на сигналите 2SI и грешките CRC.

Advanced interface and operability

Далечинска контрола



DP-V3120 може далечински да се контролира преку LAN-врска со помош на компјутер или таблет-уред, овозможувајќи пристап до менито како и до различни информации за екранот.

Спецификации

4K

4K

(4096 x 2160) резолуција

UHD

UHD

(3840 x 2160) резолуција

DCI

DCI

(2048 x 1080) резолуција

Supporting HDR standards

Поддршка за HDR-стандарди

ITU-R BT.2100 и SMPTE ST 2084

12G-SDI

12G-SDI

Поддржува 4 x 12G-SDI

Погледнете ги сите спецификации

Specification-Icons - Header Image
What's In The Box

Што содржи кутијата

Главна единица на екранот DP-V3120

Кабел за напојување со наизменична струја HT-21(ЕУ)

Стега за кабел за напојување со наизменична струја HC-01

Водич за поставување

Слични производи

  • Canon
  • K UHD-видеоекран DP-V3120