Easy-PhotoPrint од Canon (Canon iEPP) е бесплатна апликација која ви овозможува едноставно печатење на фотографии и скенирање од вашиот iPhone, iPod touch или iPad на компатибилни PIXMA и SELPHY печатачи* преку локална безжична мрежа (Wi-Fi).
Опции
• Автоматски пронаоѓа печатачи на Wi-Fi мрежата
• Печатете слики од вашите мобилни уреди
• Скенирајте директно кон вашиот iPhone, iPod touch или iPad (само за PIXMA "сè-во-едно" печатачи)
Како се користи
Едноставно преземете ја апликацијата Canon iEPP на вашиот мобилен уред и допрете ја иконата Canon iEPP за да започнете.
* Погледнете ги спецификациите на производот за компатибилност
Апликацијата Easy-PhotoPrint ви овозможува да изберете една или повеќе JPEG фотографии и да испечатите до 20 копии одеднаш. Може да изберете да печатите со рабови или без рабови и да добиете избор од широка палета на големини и видови на хартија.
1. Одете во Фото албуми. |
2. Допрете ги фотографиите за да ги додадете во редот за печатење (прикажан во горниот десен агол) |
3. Одете во редот за печатење, потврдете ги подесувањата и допрете Печати. | 4. Ќе се појави страница за процесот на печатење. |
Активирајте ја камерата директно од апликацијата Canon iEPP и веднаш испечатете ги снимените фотографии.
1. Одете во Камера. | 2. Снимете фотографија. |
3. Прегледајте ја сликата, допрете Употреби за да ја испечатите или Сними повторно за повторно да ја снимите. | 4. Потврдете ги подесувањата и допрете Испечати. |
Скенирајте преку компатибилен повеќефункционален печатач од Canon и зачувајте ја фотографијата или документот во вашиот iPhone, iPod touch или iPad како PDF или JPEG фајл.
1. Одете во Подесувања за скенирање. | 2. Потврдете ги подесувањата и изберете Скенирај. |
3. Прегледајте ги резултатите од скенирањето и преминете на следниот чекор. | 4. Податоците може да ги испратите преку е-mail порака или да ги зачувате во JPEG или PDF формат. |
Вашите скенирани документи или фотографии (PDF или JPG фајлови) може да ги испратите за да се испечатат.
1. Одете во Скенирани документи. | 2. Изберете документ за печатење. |
3. Допрете Испечати. | 4. Ќе се појави страница за процесот на печатење. |
За да испечатите PDF фајл (кој не е скениран со iEPP), прво треба да го отворите фајлот со апликација за прегледување на PDF фајлови, а потоа да го проследите до апликацијата iEPP.
1. Прегледајте го PDF фајлот и изберете Испечати. | 2. Потврдете ги подесувањата и допрете Испечати. Ќе се појави страница за процесот на печатење |
Апликацијата Canon iEPP за iPad се одликува со истите функции како и апликацијата за iPhone и iPod Копчињата на допир за фото албумите, скенираните документи, подесувањата за печатење и копчето за печатење се видливи на прв поглед. За поедноставно користење, ориентацијата на екранот автоматски ротира на iPad.