A printout on a printer tray of an iron-on transfer of a polar bear. different print applications, smartphone, cloth bag, T-shirt, party glasses

КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ

Вашиот свет отпечатен на хартија: приспособувајте, создавајте, инспирирајте!

Постојат многубројни начини да бидете креативни во домот со хартија, апликации и печатач од Canon.

Ако сакате да ги реализирате вашите креативни идеи, тогаш ви ја нудиме палетата на хартии за креативно печатење од Canon. Висококвалитетната мат фотохартија и двостраната мат хартија нудат професионален изглед за честитки, колажи или проекти со модели од хартија од Creative Park. Сјајната фотохартија е совршена за печатење на вашите омилени слики од социјалните медиуми што сакате да ги изложите на вашите ѕидови. Самолепливата фотохартија и магнетната фотохартија ви овозможуваат да ги преместувате вашите слики секогаш кога ќе посакате, а хартијата за пренос на слики врз светли и темни материјали со пеглање ви нуди можност да го разбудите модниот креатор во вас.

Поврзувањето на вашиот печатач со сите слики во вашиот паметен телефон не може да биде полесно благодарение на апликацијата Canon PRINT, а апликацијата Easy-PhotoPrint Editor е идеална за уредување на вашите фотографии или создавање колажи, картички и други прекрасни содржини.

Затоа, набавете малку хартија, разгледајте ги овие забавни идеи и обидете се да прилагодите, приспособите и отпечатите некои од вашите омилени фотографии.

Изработувајте модели од хартија со Creative Park

A selection of paper-crafted animals from Canon's Creative Park, including an owl, a squirrel and a hedgehog.
Creative Park нуди одличен начин за зближување на семејството. Зошто не го внесете надворешниот свет во домот и не започнете да изработувате модели од убави животни?

Ако ви треба инспирација, тогаш погледнете го фантастичниот избор на шаблони што се достапни во Creative Park - бесплатниот извор на материјали за модели од хартија од Canon наменети за вашиот печатач од Canon. Има по нешто за секого. Можеби ќе започнете со изработка на огромна 3D панда, слатко еже што може да се држи во рака или неколку кукли за претскажување на иднината што наликуваат на малата црвенкапа? Изберете што сакате да правите, преземете го шаблонот и лесно разбирливите инструкции, отпечатете го на препорачана хартија и подгответе се за забава со часови!

Дали сакате поголем предизвик? Зошто не се обидете да направите минијатурна верзија од мостот-кула во Лондон, диносаурус како што е тираносаурусот или трицератопсот или, пак, класичниот Mercedes Benz 500K со отворен покрив? Или, ако сакате да внесете повеќе бои во домот, тогаш ви нудиме шаблони за вртелешка со пеперутки, декоративни украси и избор на цвеќиња и вазни што може да ги отпечатите и да создадете букети од хартија.

Разубавете го вашиот дом

Photos printed on Canon Magnetic Photo Paper MG-101 arranged on the front of a fridge.
Изберете ги вашите омилени слики и отпечатете ги на магнетна фотохартија за да ја разубавите вашата кујна со разнобоен колаж на фрижидерот.

Ставете магнетна фотохартија во печатачот и создадете прекрасни содржини за вашиот фрижидер што ќе можете лесно да ги преместувате за да му дадете нов изглед на фрижидерот. Или, пак, зошто не ја разубавите канцеларијата во домот со магнетна табла за расположение што ќе ви помогне да се фокусирате на вашите идеи? Магнетите може да ги уредувате со апликацијата Easy-PhotoPrint Editor од Canon за да добиете содржини со привлечен изглед.

Ставете самолеплива фотохартија и направете колаж од луѓето кои ви се омилени што ќе го закачите на вашето огледало или колаж што ќе ви служи како спомен од авантурите на последниот одмор што ќе го закачите на ѕид во дневната соба. Самолепливата фотохартија може да ја користите и за ставање ваш печат на лаптопи, тетратки, комоди и многу повеќе. Печатете самолепливи слики од децата кога ќе достигнат одредени точки во висина и лепете ги во нивната табела за растење во Creative Park - тоа навистина ќе им се допадне!

Разубавете го вашиот телефон

Smartphones decorated with Canon Restickable Photo Paper RP-101.
Заборавете на здодевните футроли за телефони со самолепливата фотохартија. Приспособувањето на вашиот паметен телефон е едноставно, а во секое време може да го промените и неговиот стил според вашето расположение.

Речиси сите имаме паметни телефони, но нивниот изглед може да биде многу здодевен, па зошто да не го разубавиме и приспособиме? Апликацијата Creative Park може да ја користите директно во вашиот паметен телефон за да создадете приспособена содржина во паметниот уред. Ќе добиете пристап до колекција на шаблони и налепници што ќе можете да ги преземете и отпечатите на самолеплива фотохартија. Откако ќе го отпечатите вашиот дизајн, отсечете го во соодветна големина и форма, одлепете ја задната страна и залепете ја каде што сакате. Сакате да го промените изгледот? Едноставно одлепете ја сликата и отпечатете нова. Самолепливата задна страна не остава траги откако ќе ја одлепите, па затоа може повторно да ја залепите и да правите секакви промени по ваша желба.

Ако сакате уште поголем предизвик, зошто не се обидете да го разубавите вашиот паметен телефон со налепници направени од вашите омилени фотографии? Може да бидат вашите најдобри пријатели, вашите деца или вашиот домашен миленик. Или, пак, отпечатете фотографија од вашето лице за да можат сите да ја гледаат вашата насмевка кога го користите уредот. Можете дури и да го претворите вашиот телефон во нешто друго - купче од вашите омилени слатки или, можеби, парче диња.

Издвојте се од останатите

A woman wearing a t-shirt decorated with an iron-on transfer of a polar bear (left). A printout on a printer tray of an iron-on transfer of a polar bear (right).
Подобрете го вашиот изглед со приспособливите хартии за пренос на слики врз материјали со пеглање. Отпечатете ги вашите омилени слики врз маички со кратки ракави, ранци или перници.

Дали сакате уникатен стил? Дали имате спортски тим или група пријатели кои сакате да ги обедините? Хартијата за пренос на слики врз материјали со пеглање може да се користи врз многу видови на материјали, вклучувајќи облека, ранци, шалови и многу друго - најдобро изгледаат кога ќе се нанесат врз природни материјали како памук и лен. Дали смисливте одличен дизајн за маички со кратки ракави или сакате перница со лицето на вашето куче? Независно каква е вашата замисла, отпечатете ја врз хартија за пренос на слики врз материјали со пеглање од Canon и испеглајте ја врз вашиот текстилен материјал.

Има два вида на хартии за пренос на слики врз материјали со пеглање, еден за светли материјали и еден за темни материјали, за да ги добиете боите што ги сакате независно што ќе приспособувате. Creative Park ви нуди и палета на дизајни за префрлување врз материјали со пеглање, вклучувајќи животни, растенија и пиктограми.

Споделете ја љубовта

A woman holding printed sunglasses (left). A printed banner spelling 'Happy Birthday' (right).
Декорирајте го вашиот дом со отпечатени знаменца или правете додатоци со кои ќе се забавувате.

Без разлика дали прославувате со цимерите и семејството или споделувате некој настан на интернет, сите ќе можат да ви се придружат со сопствени додатоци за забава од Creative Park што нуди многубројни идеи за рачна изработка на додатоци за забава, а висококвалитетната мат фотохартија од Canon е совршена за изработка на вашите тематски декорации.

a rope with pegged images with writing on them

Внесете енергија во забавата со печатење слики од пријателите што ќе ги закачите на ѕид. Ставете малку квадратна фотохартија Plus Glossy II од 5x5 инчи во печатачот (или хартија од 3,5x3,5 доколку е компатибилна со вашиот печатач) и отпечатете ги омилените слики во формат за Instagram. Овие отпечатени материјали со ретро стил изгледаат одлично каде и да ги ставите, но најдобро е да ги закачите на конец или лента за да добиете повеќе бои на ѕидот или полицата и да создадете атмосфера за забава.

two greeting cards on the left folded and one open card on the right with a picture of 2 hands making a heart shape

Дури и ако не можете да се соберете заедно за да прославите некој роденден или друга специјална пригода, сепак ќе можете да ја споделите љубовта со испраќање прекрасна честитка. Двостраната мат хартија од 7x10 инчи од Canon се испорачува фабрички превиткана на средина за да можете да испраќате приспособени честитки во вклучените пликови - одличен начин да им покажете на саканите колку ви значат!

Напишано од Angela Nicholson

Слични написи
Printer fun for everyone

КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ

Печатач за сите

Шест начини на коишто вашиот печатач PIXMA може да ги развесели вашиот дом, семејните активности и уредите.

A table filled with paper craft items and a child making them under adult supervision.

ПЕЧАТЕЊЕ И ИЗРАБОТКА НА МОДЕЛИ

Откријте стотици бесплатни и забавни проекти за изработка на модели од хартија

Од куклени претстави до друштвени игри, помагала за учење и лавиринти што ја поттикнуваат свесноста, користете ја палетата на модели од хартија на Creative Park за да им овозможите целодневна занимација и забава на децата.

Printing bespoke cards

КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ

Печатење персонализирани картички

Шест чекори за создавање прекрасни персонализирани честитки.

Слични производи

Слични производи

Слични производи

Препорачани апликации

Слични статии

Get Inspired е најголемиот извор на практични совети за фотографирање, водичи за купување и информативни интервјуа - сè што ви е потребно за да го пронајдете најдобриот фотоапарат или најдобриот печатач и да ја реализирате вашата следна креативна идеја.

Назад до сите совети и техники