КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ
Печатач за сите
Шест начини на коишто вашиот печатач PIXMA може да ги развесели вашиот дом, семејните активности и уредите.
СОВЕТИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ
Нема поубаво искуство од тоа да гледате како растат вашите деца. Како што постепено го пронаоѓаат своето место во светот, вие ќе имате привилегија да гледате како нивните умови созреваат и стануваат покреативни. Без оглед дали вашите деца одат во училиште или одлучивте да ги образувате дома, учењето во домот има важна улога во растењето на вашите деца. Удобното и познато место претставува безбедно и стимулативно опкружување во кое можат да истражуваат, да ги продлабочуваат интересите и да создаваат сопствени проекти. Пристапот до соодветни алатки не само што им гарантира дека ќе успеат во тоа, туку и ќе ви овозможи да бидете дел од нивниот развој на поедноставен начин.
Кога размислувате што ќе му биде потребно на вашето дете за претстојната учебна година, флексибилен семеен печатач треба да ви биде еден од најприоритетните уреди.
Серијата PIXMA TS5350 од Canon, која е средна класа од уредите што ги нудиме, е одличен избор за многумина - практична е за користење, има достапна цена и е компатибилна со вашиот паметен телефон. Печатењето со некоја од многуте апликации на Canon за децата ќе биде „како песна“ (така вели едно петгодишно дете)! Безжичното поврзување се поставува лесно, а печатачот ќе можете да го поврзете со повеќе компјутери или паметни уреди во исто време за да овозможите флексибилно користење за целото семејство.
Достапни се многу апликации за печатење од Canon (за iOS или Android) со кои е компатибилна серијата PIXMA TS5350, но ако сакате поразновидни опции, тогаш најдобро е да почнете со апликацијата Canon PRINT. Преземете ја во вашиот паметен уред, следете ги инструкциите на екранот за да се поврзете со печатачот и започнете да печатите, скенирате и копирате фотографии и документи. Оваа апликација може да се поврзе и со надворешни услуги на Cloud како image.canon, Dropbox, Google Classroom, Google Drive, Instagram и OneDrive. Можноста за пристап и печатење директно од овие популарни платформи и услуги на Cloud е одлична функција за возрасните, тинејџерите и постарите деца и ќе им заштеди многу време. Серијата PIXMA TS5350 од Canon е компатибилна со Apple AirPrint и Mopria за Android, а потребно е да ја поставите само еднаш, што значи дека ќе можете да печатите од сите ваши производи од Apple или уреди со Android со притиснување на само едно копче и од секое место каде што имате пристап до мрежна врска.
Освен тоа што нуди одлични функции за печатење, серијата PIXMA TS5350 од Canon е опремена и со скенер (до резолуција од 1200x2400 dpi) што овозможува брзо и лесно фотокопирање на материјалите за учење и правење копии од работните листови. Повторно може да ја користите апликацијата Canon PRINT за лесно да ги прилагодите поставките и да ѝ овозможите на серијата PIXMA TS5350 од Canon да почне да ја врши напорната работа.
Сакате повеќе? Освен апликацијата Canon PRINT, достапни се и апликациите Canon Easy-PhotoPrint Editor и Canon Creative Park app што може да ги инсталирате во вашиот паметен уред за да добиете повеќе креативни опции. Со Canon Easy-PhotoPrint Editor може да создавате колажи од многу слики, календари, да дизајнирате постери и да печатите налепници, што се само неколку од достапните опции. Палетата на стилски шаблони што ги нуди апликацијата опфаќа прекрасни дизајни што може целосно да ги приспособите па сè до графички шаблони што може веднаш да ги примените. Со апликацијата Canon Creative Park ќе можете да направите семеен албум, да отпечатите група картички со букви и да создадете постер за специјален настан и тоа за само едно попладне. Не само што вие и вашите деца ќе уживаат во забавата и креативните опции што ги нудат овие апликации, туку се и безбедни и лесни за користење за помладите членови на семејството.
Во семејните домови каде што сите го користат истиот печатач, пожелно е да имате систем за двонасочно снабдување со хартија со голем капацитет - серијата PIXMA TS5350 од Canon може да ја наполните со 200 листови обична хартија (100 листови во задниот фах и 100 листови во предната и прилагодлива касета) или најмногу 20 листови фотохартија (само во задниот фах). Серијата PIXMA TS5350 од Canon овозможува и двострано печатење за да го минимизирате трошењето на хартијата и отпадокот. Серијата PIXMA TS5350 од Canon има систем со два картриџи за мастило (црно мастило и мастила во боја) што ги користи мастилата ChromaLife100 од Canon за живописни резултати. Картриџите се достапни во стандардна големина или во XL-големина - може да отпечатите двојно повеќе страници со XL-картриџ, што значи помалку трошоци по печатење.
Благодарение на инвентивните апликации, серијата PIXMA TS5350 од Canon претставува многу повеќе од обичен печатач! Таа е алатка што може да материјализира неограничени количини на дигитални информации, слики и документи со притиснување на само едно копче благодарение на технологијата на паметните телефони и креативните шаблони.
Палетата на инк-џет печатачи PIXMA од Canon нуди по нешто за сите. Освен серијата PIXMA TS5350 од Canon, ви нудиме и други печатачи од серијата PIXMA TS.
Овој модел од основна класа печати слики од 5x7 инчи без рабови и се испорачува со LCD-екран од 1,5 инчи. Овој печатач со достапна цена нуди одлична вредност за вашите пари и претставува одличен избор доколку не ви треба систем за двонасочно снабдување со хартија, а ќе ви биде совршен помошник за домашните задачи или за општо печатење во домот.
Серијата PIXMA TS5150 од Canon е практична за целото семејство и е веднаш зад серијата PIXMA TS5350 од Canon во палетата PIXMA и има многу сличности со неа, но нуди поголем LCD-екран од 2,5 инчи. Исто како и серијата PIXMA TS5350 од Canon, така и серијата PIXMA TS5150 од Canon е опремена со систем за двонасочно снабдување со хартија, а задниот фах и предната касета поддржуваат различни хартии и пликови со големина до A4.
Сакате да се фокусирате на печатење висококвалитетни фотографии? Серијата PIXMA TS6350 од Canon има систем со пет посебни картриџи за мастило (црно мастило со пигмент, црно мастило, цијан мастило, магента мастило и жолто мастило), што значи дека ќе можете посебно да ги менувате картриџите со мастила откако ќе се испразнат. Овој повеќенаменски печатач печати фотографии од 10x15 cm без рабови за само 21 секунда, а функциите за безжично печатење што ги нуди се едноставни за користење.
Во горниот дел на серијата PIXMA TS се наоѓа елегантната и стилска серија PIXMA TS8350 од Canon. Опремен со систем со шест посебни картриџи за мастило (црно мастило со пигмент, црно мастило, цијан мастило, магента мастило, жолто мастило и сино мастило за фотографии), овој печатач создава врвни резултати. Соодветен е за оние кои го ценат квалитетот и сакаат да печатат совршени фотографии. Тој има отвор за SD-мемориски картички за да можете да печатите директно од мемориска картичка, екран на допир од 4,3 инчи и повеќенаменски фах за печатење врз медиуми како налепници и дизајни за нокти.
Напишано од Claire Gillo
Get Inspired е најголемиот извор на практични совети за фотографирање, водичи за купување и информативни интервјуа - сè што ви е потребно за да го пронајдете најдобриот фотоапарат или најдобриот печатач и да ја реализирате вашата следна креативна идеја.
Назад до сите совети и техникиКРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ
Шест начини на коишто вашиот печатач PIXMA може да ги развесели вашиот дом, семејните активности и уредите.
ПЕЧАТЕЊЕ И ИЗРАБОТКА НА МОДЕЛИ
Од куклени претстави до друштвени игри, помагала за учење и лавиринти што ја поттикнуваат свесноста, користете ја палетата на модели од хартија на Creative Park за да им овозможите целодневна занимација и забава на децата.