Достапни функции
Контролен панел
Брзина на печатење
Брзина на скенирање
Безбедни и моќни повеќефункционални црно-бели печатачи за A3-формати кои испорачуваат зголемена продуктивност во економично пакување.
Подобрете ја брзината на дигитализацијата на работните процеси во вашата канцеларија со водечки брзини на скенирање и практично обработување на документи, конвертирајќи ги скенираните документи во PDF-датотеки со можност за пребарување или датотеки во формат Microsoft Word или Power Point.
Голем LCD-екран на допир со јасни икони кои се лесни за користење и конфигурација на екран која обезбедува лесно достапни и приспособливи функции за задачи.
Лесно впарување со Direct Wi-Fi и печатење и скенирање без напор од мобилни уреди, благодарение на поддршка за мобилни апликации, Microsoft Universal Print и Canon uniFLOW Online, моќно решение за печатење и скенирање од Cloud.
Вградени напредни функции за безбедност, силни методи за проверка на идентитет и заштита на интегритетот на фирмверот ги штитат уредите од внатрешни и надворешни напади. Фирмвер со машинско учење со AI-обука препорачува оптимални поставки за безбедност на уредот за да ги заштитите чувствителните информации.
Дознајте повеќеИздржлив дизајн опремен со функции кои им овозможуваат на уредите беспрекорни перформанси во најзахтевните и најсложените работни средини.
Минимизирање на влијанието врз животната средина во текот на целиот животен век на уредите, почнувајќи од дизајнот, со напори за намалување на потрошувачката на енергија, употреба на рециклирани материјали и промоција на заштеда на енергија на производствените локации.
Екран на допир без копчиња во боја од 7 инчи/17,8 cm кој нуди персонализирана конфигурација на икони, копчиња за секојдневни задачи со еден допир и лесен пристап до онлајн прирачници преку QR-код.
Брзина на печатење од најмногу 25 стр./мин. и брзина на скенирање што е водечка во класата, од 70 слики/мин. благодарение на иновативниот скенер со практични функции како Сортирање на датотеки, Преглед на датотеки, Прескокнување празни страници и Автоматско именување на датотеки.
Подобрената резолуција на печатење од 1.200 dpi го олеснува читањето на текстот дури и при печатење со намалена големина
Заштита на уредот преку Проверка на системот при вклучувањето со автоматско враќање во функција (усогласување со NIST SP 800-193), Заштита на системот за време на извршувањето и компатибилност со SIEM
Поддршка за двојна мрежа, проверка на идентитет со EEE802.1x и шифрирање преку IPsec, WPA3 и SMB 3.1.1 ги штитат вашите мрежни комуникации и складирани податоци на Cloud
Функцијата за безбедно печатење и проверка на идентитет во два чекори го спречуваат неовластеното прегледување на печатените документи, а складираните податоци се заштитени со силно шифрирање eMMC.
Тонерот со ниска точка на топење пречува виткање на хартијата преку намалување на температурата на фиксирање, додека опционалниот грејач на касетата го намалува количеството на виткање на хартијата што апсорбира влага во влажна средина.
Сигурен, долг век на траење на машината и деловите, со лесна и брза самостојна замена на потрошни материјали како тонер и кутија за отпадоци.
Изберете помеѓу едноставен уред за на маса, опционална касета што додава дополнителен капацитет од 250 листови хартија или обичен постамент што овозможува самостојна конфигурација.
Погледнете ги техничките спецификации за секој модел од серијата imageRUNNER 2425 II.
Од безбедност која постојано се усовршува и интуитивно корисничко доживување до поврзување со Cloud и одржливост, нашето ненадминато портфолио од канцелариски печатачи, скенери и повеќефункционални уреди ви ја нуди сета потребна технологија за да ги задоволите променливите барања на вашите вработени, денес и во иднина.
Модерното деловно работење не се одвива само на едно место. Затоа користиме безбедност од 360° за хардвер за да ви помогнеме да управувате со ризиците во мрежата на вашите уреди за печатење и скенирање. Не дозволувајте уредите да ве разочараат.
Моќно управување со печатењето преку Cloud благодарение на напредниот софтвер. Добијте подобри опции за поврзување и намалете ги трошоците преку интелигентна ревизија, буџетирање и создавање извештаи.
Од иновативното произведување и процес на дизајнирање кој го цели отпадот од почеток, сѐ до репарирани и повторно изработени уреди за поддршка на кружната економија, портфолиото за печатење и скенирање од Canon е создадено земајќи го предвид намалувањето на емисиите на јаглерод и ефикасност на ресурсите.