Функција
Брзина на печатење
Моќен повеќефункционален печатач за A3-формати во боја за средни работни групи, создаден да ги подобри секојдневните перформанси со отпечатени материјали со висока резолуција, интелигентна безбедност и едноставна интеграција во модерните работни процеси засновани на Cloud.
Работете побрзо со брзо вклучување, двострано скенирање со голема брзина и исклучително време на активна работа. Паметните опции за поврзување и за флексибилна завршна обработка го одржуваат текот на секој работен процес, со што можете да завршите повеќе задачи со помалку труд.
Модерен и интуитивен интерфејс со кој секоја задача делува едноставно. Насоките во чекори, прецизните прегледи на печатење и тивките перформанси им помагаат на сите да работат самоуверено, удобно и без прекини. Компатибилноста со uniFLOW Online и Cloud Connector овозможува непречено поврзување со Cloud
Чувајте ги сите документи со заштита од 360°, поставки за безбедност со AI и силна проверка на идентитет. Вашите податоци остануваат шифрирани, вашите уреди остануваат одбранети, а вашите тимови остануваат продуктивни.
Поради намалената потрошувачка на енергија, долготрајните компоненти и рециклираните материјали, секој отпечатен материјал е попаметен избор за вашиот бизнис кој претставува и помал товар за планетата.
Брзини на печатење од 22 / 26 / 30 / 35 или 50 стр./мин. Автоматскиот механизам за снабдување со документи во едно поминување овозможува брзини на двострано скенирање до 270 слики во минута.
Квалитет на печатење до 4.800 x 2.400 dpi – значајно подобрување во однос на претходните модели и највисок квалитет досега кај канцелариски печатач.
Максимален капацитет за хартија од најмногу 6.350 листови и капацитет на автоматскиот механизам за снабдување со документи од најмногу 200 листови.
Долгиот работен век на уредите, предвидливото одржување и цврстата заварена рамка нудат извонредна сигурност
Безбедносен концепт со задолжителна проверка на идентитет и безбедност од 360 степени за документите, уредите и мрежите
Интуитивен и модерен кориснички интерфејс, ергономски дизајн и непречено поврзување со Cloud
Се поврзува со софтверот што го користите секој ден, вклучувајќи ги SharePoint и OneDrive, со помош на додатокот за Cloud Connector.
Изработен е со повеќе од 30 % рециклирана пластика и 5 % рециклиран челик.
Погледнете ги сите технички спецификации на серијата imageFORCE C3100.
Ги содржи спецификациите на единицата за завршна обработка со захефтување-AH1, како и средишно спојување и превиткување
Единица за правење 4 дупки-A1
(Потребна е единицата за завршна обработка со захефтување-AH1 или единицата за завршна обработка на брошури-AH1)
4 дупки на хартија со тежина до 300 gsm
(Потребна е внатрешна единица за завршна обработка-N1)
Запознајте се со целосното портфолио на канцелариски печатачи од Canon и најдете го идеалното решение за вашата компанија
Повеќефункционалните печатачи за A3-формати во боја од серијата imageFORCE C3100 се цврсти и флексибилни и се наменети за компании со средна големина. Тие им овозможуваат на компаниите брзо да печатат големи количини извонредни и висококвалитетни документи, со што ги импресионираат клиентите и овозможуваат непречени работни процеси.
Серијата imageFORCE C3100 е изработена од рециклирани материјали, вклучувајќи над 30 % рециклирана пластика и 5 % рециклиран челик. Компактна и лесна, таа е изградена врз цврста заварена рамка за дополнителна издржливост. Со нејзината мала потрошувачка на енергија и долг работен век, таа е одличен избор за потрошувачи кои се стремат кон одржливост.
Серијата imageFORCE C3100 нуди безбедносни препораки со помош на AI кои може да се имплементираат со допир на едно копче, намалувајќи ја зависноста од надворешна ИТ-поддршка и заштитувајќи ја вашата компанија.
imageFORCE C3100 е незабележливата ѕвезда во вашата канцеларија, благодарение на:
Подобрете ја вашата дигитална трансформација, независно каде работите. Нашите комбинирани услуги и решенија за управување со информации и уреди се дизајнирани за беспрекорна интеграција на хартиени и дигитални медиуми.
Модерното деловно работење не се одвива само на едно место. Затоа користиме безбедност од 360° за хардвер за да ви помогнеме да управувате со ризиците во мрежата на вашите уреди за печатење и скенирање. Не дозволувајте уредите да ве разочараат.
Од иновативното произведување и процес на дизајнирање кој го цели отпадот од почеток, сѐ до репарирани и повторно изработени уреди за поддршка на кружната економија, портфолиото за печатење и скенирање од Canon е создадено земајќи го предвид намалувањето на емисиите на јаглерод и ефикасност на ресурсите.