Canon imageFORMULA DR-S150

Овој професионален скенер создава слики од сите документи, фотографии или пластични картички со висока резолуција. Беспрекорно се интегрира во секоја деловна средина благодарение на интуитивниот интерфејс и флексибилното поврзување.

Од 3.500 до 6.000

Скенирања дневно

45

страници во боја во минута

60

со капацитет од 60 листови

Флексибилност

Поврзување преку USB, LAN или WiFi

Издржливо и сигурно висококвалитетно скенирање

Откријте го брзото, сигурно и интуитивно скенирање со едноставно ракување преку екран на допир во боја и конфигурации со еден допир. Опциите LAN, WiFi или USB овозможуваат флексибилно поврзување за лесна и практична употреба со сите апликации за скенирање и во секакво опкружување.

Високи перформанси

Континуираната прецизна обработка на слики во боја со брзина до 45 стр./мин./90 слики/мин. го поедноставува работниот процес.

Максимизирана продуктивност

Заштедете скапоцено време благодарение на едноставното ракување преку голем LCD-екран на допир во боја од 4,3” и конфигурациите со еден допир.

Напредна безбедност

Централизираното управување со корисниците на скенерот ја подобрува безбедноста на документите со помош на разни прилагодливи методи за проверка на идентитетот на корисниците.

Флексибилно поврзување

Поврзувањето преку USB, LAN и WiFi овозможува лесна интеграција во секоја канцелариска средина и беспрекорно поврзување на одделите преку најсоодветните мрежи.

Спецификации

  • Продуктивност

    Забрзајте ги работните процеси за документи со скенирање во боја со голема брзина од 45 стр./мин./90 слики/мин. со ADF за 60 листови

  • Лесно ракување

    Голем екран на допир во боја со конфигурации со еден допир и функција за скенирање со проследување директно преку мрежа

  • Автоматска обработка

    Напредна интелигентна обработка со OCR и препознавање баркодови/2D-кодови

  • Намалени трошоци за ИТ и работни трошоци

    Централизирано управување со профилите за корисници и скенерот преку вградениот софтвер за управување со скенери CaptureOnTouch Admin

  • Опции за поврзување

    Изберете поврзување преку LAN, WiFi или USB во зависност од потребите на вашата средина

  • Цврст дизајн

    Професионален скенер што може да извршува задачи со голем обем од максимум 6.000 скенирања дневно

  • Ракување со хартија

    Моќни валјаци за сигурно снабдување со различни документи, вклучувајќи пасоши и картички за идентификација

  • Зголемена безбедност

    Едноставен пристап со 4-цифрен PIN-код, а софтверот CaptureOnTouch Admin поддржува различни методи за проверка на идентитетот при најава на корисниците, вклучувајќи ја и опцијата NFC

Преземете содржина

Од заштедување време, па сѐ до подобрување на одржливоста, откријте ги сите придобивки што ги нуди imageFORMULA DR-S150.

Лист со податоци

Погледнете сите придобивки што ги нуди компактниот, сигурен и брз imageFORMULA DR-S150

Дознајте како imageFORMULA DR-S150 може да ја зголеми продуктивноста на вашиот бизнис.