Canon CanoScan LiDE 400

Овој брз скенер со модерен и стилски дизајн создава професионални копии од сите документи, фотографии или книги со висока резолуција

Импресивно брзо и јасно скенирање

Ефикасно скенирање на вашите фотографии или документи со висока резолуција од 4800 x 4800 dpi за само 8 секунди, благодарение на технологијата LiDE од Canon.

Дизајн кој ќе ви заштеди простор

Ослободете простор на работната маса со можноста за складирање и скенирање во исправена положба. Стилскиот дизајн на овој компактен скенер беспрекорно се вклопува во домашни и канцелариски опкружувања.

Зголемена прецизност

Печатете и пристапувајте до неверојатно прецизно скенирани датотеки преку едно копче. Со функцијата Z-Lid со две шарки може професионално да скенирате и документи со дебелина до 21 mm.

Лесно и моментално

Работете брзо со EZ-копчињата што овозможуваат моментално автоматско скенирање, копирање, праќање е-пошта и создавање PDF-документи, а достапно е и петто EZ-копче за PDF-документи со повеќе страници.

Паметно поврзување

Скенирајте сигурно преку практичниот USB-приклучок од тип C. Поврзете го скенерот со компјутер или лаптоп и започнете да скенирате за неколку секунди, без да ви биде потребен приклучок за напојување.

Спецификации

  • 4.800 x 4.800 dpi

  • Автоматско скенирање

  • Auto Document Fix и Auto Photo Fix*

  • EZ-копчиња

  • Скенирајте во Cloud

  • Напојување преку USB-приклучок од тип C

  • Скенирање во исправена положба

  • Z-Lid

Што содржи кутијата

  • Скенер со рамно лежиште за A4-формати - CanoScan LiDE 400

  • USB кабел

  • Упатства и други документи

  • Вертикален држач

Поврзани производи

  • CanoScan LiDE 300

    Откријте ги придобивките што ги нуди достапниот, лесниот и елегантниот скенер што овозможува прецизно и практично скенирање