ПОГОЛЕМА ФЛЕКСИБИЛНОСТ

Ова е ваша приказна, раскажете ја на ваш начин

Снимајте неверојатни видеоснимки со истиот фотоапарат што го користите за снимање извонредни фотографии. EOS R10 е уред за создавање содржини со врвни перформанси кој ќе ви помогне да ја раскажете вашата приказна преку фотографии или видеоснимки.
EOS R10 од Canon - придобивка - поголема флексибилност

Неверојатно: 4K-резолуција што ги надминува очекувањата

Документирајте ги вашите интересни авантури додека патувате со извонредни видеоснимки со 4K/30p, добиени со прекумерно семплирање на излезниот сигнал со 6K-резолуција од сензорот со 24,2 мегапиксели на EOS R10. Резултатите се навистина извонредни: спој од острина и нагласени природни бои. Снимените материјали изгледаат неверојатно кога се прикажуваат на 4K-телевизор, а може и да се отсечат при уредувањето без загуби во квалитетот, доколку планирате да ги прикажувате во Full HD-резолуција.

Може да снимате и во форматот 4K/60p1 за да добиете јасна репродукција на субјектите што се во движење, а може и да ја забавите репродукцијата на овие снимени материјали во фазата на уредување за да добиете прекрасни ефекти на забавени движења што сигурно ќе ја импресионираат вашата публика. Исто така, ако снимате во Full HD-резолуција ќе можете да користите стапки на слика до 120p, за да добиете уште подетални движења. Ова е одлична опција за динамички движења, почнувајќи од училишни спортови па сè до фудбалски натпревари на вашиот омилен тим.

За субјектите со забавени движења и сцените што се менуваат постепено, EOS R10 нуди режими за 4K-видеоснимки и Full HD-видеоснимки со забрзани движења што создаваат врвни резултати. Достапна е и компатибилност со HDR PQ заради поголема флексибилност во обработката по снимањето.

EOS R10 од Canon - флексибилност

Преземете ја контролата

Кога ги снимате авантурите во вашиот живот, EOS R10 може да функционира автоматски или рачно, по ваша желба. Оние кои сакаат да ја преземат контролата ќе се изненадат од функциите како што е издвојувањето со фокусот, кое препознава критична острина и таканаречени „црно-бели ленти“ - површини од сцената со прекумерна експозиција што се означуваат со карактеристичен приказ на црно-бели ленти.

Со EOS R10 може да снимате подолго отколку со другите хибридни фотоапарати - максимум два часа2. Тоа е одлично за снимање настани во живо како музички настапи или театарски претстави или, пак, за снимање интервјуа кога фотоапаратот мора да снима додека ги поставувате прашањата.

Совршена рамнотежа

Една од работите што го прави EOS R10 толку добар уред за секаква намена е неговата идеална рамнотежа помеѓу брзина, резолуција и перформанси при слаба осветленост. Од пространи пејзажи исполнети со златна светлина до спонтани улични портрети снимени во самрак, овој фотоапарат може да се користи за сè.

Сензорот од 24,2 мегапиксели и процесорот DIGIC X придонесуваат за врвни перформанси на фотоапаратот во секакви услови на осветлување, благодарение на стандардниот опсег на чувствителност ISO од ISO 100 до ISO 32.000 (може да се прошири до ISO 52.100). Опремен е и со вграден блиц доколку ви треба дополнителна светлина.

EOS R10 од Canon - совршена рамнотежа

При фотографирање, корисниците можат да ги зачуваат своите слики како JPEG-датотеки или HEIF-датотеки. А ако сакате најдобар квалитет, тогаш може да снимате и RAW-датотеки што ќе ви понудат голем потенцијал за повеќе креативност во обработката по снимањето.

  • Стандардниот RAW-формат е 14-битна датотека која ги содржи сите информации што ги снимил сензорот - сè што ви е потребно за да создадете неверојатни уметнички дела во фазата на уредување.
  • Форматот CRAW (или Compact RAW) зафаќа помалку простор во мемориската картичка на фотоапаратот, со незначително намалување на квалитетот на сликата.
  • Секвенцијалниот режим во RAW-формат овозможува континуирано фотографирање со брзина до 30 fps и отсекување од 75 проценти, а резултатите се зачувуваат во една датотека. Подоцна, со помош на нашиот софтвер Digital Photo Professional (DPP) ќе можете да извлечете поединечни слики од датотеката.
  • Dual Pixel RAW овозможува приспособување на одредени карактеристики на сликите по фотографирањето, како ефект на дефокусирање, отсјај и точка на острина.

Датотеките RAW од EOS R10 можат да се уредуваат и обработуваат со компјутерски софтвер како DPP, во самиот фотоапарат користејќи го вградениот процесор DIGIC X или преку image.canon cloud3, 4 што се одликува со посебен процесор за најдобар квалитет на слика.

Canon Digital Photo Professional

Digital Photo Professional

  1. Режимот за снимање во 4K со 60p ја отсекува хоризонталната површина на сликата до 64%.
  2. Макс. достапно време на континуирано снимање видео: нормално: 2 часа видео со висока стапка на слики (Full HD 120/100 fps): 30 мин. Ако внатрешната температура на фотоапаратот стане премногу висока, максималното време на снимање може да се намали. 4K 30p HQ: прибл. 50 мин. ако започнете на температура од +23°C.
  3. Услугата ќе ја пуштиме во употреба на крајот од јули 2022 година и ќе треба да го ажурирате фирмверот на фотоапаратот.
  4. RAW-сликите снимени во секвенцијален режим за RAW-формати не може да се развијат. Cloud RAW image processing е платена услуга. Потребно е да купите претплата преку Canon Imaging App Service Plans. За повеќе детали посетете ја веб-страницата: https://sas.image.canon

Слични статии

  • ПРИДОБИВКА

    Добијте нов вид на автоматско фокусирање

    Применивме технологија со вештачката интелигенција за длабоко учење и илјадници слики од реалниот свет за да го научиме EOS R10 од Canon да препознава луѓе, животни и возила и да ги фокусира со голема острина и прецизност додека се движат низ целиот кадар.

  • ПРИДОБИВКА

    Доловување моменти што траат само дел од секундата

    Животот тече многу брзо, па затоа ви треба фотоапарат што е доволно брз за да ги долови овие непредвидливи моменти

  • ПРИДОБИВКА

    Видете. Доловете.

    Без разлика дали правите транзиција од паметен телефон или од DSLR-фотоапарат, брзо и лесно ќе се прилагодите на EOS R10 од Canon и ќе можете да фотографирате креативно на начини што претходно ви биле недостижни.

  • ПРИДОБИВКА

    Фотоапарат со одлични опции за поврзување

    Квалитетот на EOS во комбинација со практично ракување преку паметен телефон - совршен спој за сите кои сакаат да снимаат содржини за социјални медиуми, да уредуваат содржини во движење или да го контролираат својот фотоапарат далечински. Независно дали сте блогер, инфлуенсер или само сакате да споделувате слики со пријателите и семејството, изразувањето на вашата креативност на интернет никогаш не било полесно.

  • СПИСАНИЕ

    Добијте инспирација, пријавете се веднаш

    Не пропуштајте ги никогаш најновите понуди од Canon, совети и водичи, вести и покани за локални настани.