Затоа го дизајниравме EOS R10 да фотографира со брзина до 15 fps преку својата механичка бленда и со брзина до 23 fps1 преку својата бесшумна електронска бленда2 - и во двата случаи со AF со следење и автоматска експозиција. Поради тоа, EOS R10 е одличен избор за фотографирање движења, независно дали сте на парада со авиони, регата или во театар.
Изберете го секвенцијалниот режим за RAW и ќе можете да фотографирате со брзина до 30 fps, со отсекување до 75%3. Резултатите се зачувуваат во една датотека за видео заради подобра организација, а од нив може да извлечете поединечни кадри и да ги зачувате како датотеки во форматот RAW, JPEG или HEIF. Ако ја изберете функцијата за пред-фотографирање, фотоапаратот ќе почне да фотографира и 0,5 сек. пред да започнете да фотографирате, така што секогаш ќе можете да го доловите одлучувачкиот момент.