Новата генерација на технологии за EOS R во комбинација со дизајн што е едноставен за користење - победничка комбинација која ќе ви помогне да истражувате насекаде.
За фотографите кои се почетници, или за прв пат користат EOS-фотоапарати од Canon, е достапен кориснички интерфејс со упатства. Кога е активен, тој нема само да ви дава инструкции за користењето на фотоапаратот, туку и за правилата на фотографирање. А кога ќе бидете подготвени да го исклучите корисничкиот интерфејс со упатства, фотоапаратот ќе ги врати стандардните прикази и менија што се брзи и интуитивни. Толку добар дизајн на кој веднаш ќе се привикнете.