ПОВЕЌЕ ОПЦИИ ЗА ПОВРЗУВАЊЕ

Фотоапарат со одлични опции за поврзување

Квалитетот на EOS во комбинација со практично ракување преку паметен телефон - совршен спој за сите кои сакаат да снимаат содржини за социјални медиуми, да уредуваат содржини во движење или да го контролираат својот фотоапарат далечински. Независно дали сте блогер, инфлуенсер или само сакате да споделувате слики со пријателите и семејството, изразувањето на вашата креативност на интернет никогаш не било полесно.
EOS R10 од Canon - придобивка - повеќе опции за поврзување

Споделување слики на едноставен начин

Нашата апликација Canon Camera Connect е брза и лесна за користење, овозможувајќи ви повеќе време за да бидете креативни. Откако ќе ги поврзете вашиот паметен уред и EOS R10, тие ќе воспостават „постојано активна“ Bluetooth®-врска со мала потрошувачка на енергија, а на тој начин може брзо и непречено да се активира функцијата за Wi-Fi® од 2,4 GHz кога треба да префрлите слики. Тоа може да се случи автоматски додека фотографирате1 или по фотографирањето кога ќе ги прегледувате содржините во мемориската картичка на фотоапаратот преку вашиот телефон, со кој може да избирате слики додека патувате.

Откако ќе ги префрлите сликите во вашиот телефон, ќе можете да ги уредувате со вашите омилени апликации (како Canon DPP Express за iOS2), да ги вчитувате на социјалните медиуми или да им ги испратите на пријателите и семејството преку некоја апликација за праќање пораки. Ова е одлична опција кога патувате и сакате да ги споделувате вашите авантури со пријателите и семејството или, пак, со вашите следбеници на интернет.

Ако фотографирате за социјалните медиуми, пробајте ја функцијата за вертикална поддршка за снимање видео на EOS R10, со која може да снимате вертикални видеоматеријали наменети за приказни, кратки видеозаписи и екрани на паметни телефони.

Поврзување преку Canon - апликација Camera Connect

Ваши содржини, ваш Cloud

Нашата услуга image.canon ви овозможува да вчитувате фотографии и видеоснимки во онлајн мемориски простор на Cloud - директно од фотоапаратот преку вградениот Wi-Fi®-модул или преку вашиот паметен телефон што веќе е поврзан со фотоапаратот - не ви треба компјутер. Оттаму може да ги преместите вашите содржини во мемориски простор за долготрајно складирање (добивате 10 GB како стандардна опција) или друга платформа за складирање на Cloud, како што е Adobe Creative Cloud или Google Drive3. Исто така, датотеките може автоматски да се преземаат во вашиот компјутер или Mac, за да бидат подготвени за уредување кога ќе седнете на работната маса.

Ваши содржини, ваш Cloud

Се вклучуваме во живо за 3, 2, 1…

Видеоблогерите и креаторите на содржини можат да го користат EOS R10 за проследување видео во живо со професионален изглед, директно до своите следбеници на YouTube4. Квалитетот на сликата и звукот се одлични - токму тоа што ви треба за да го подобрите својот канал и да ја зголемите вашата публика.

EOS R10 од Canon - снимање видеоблогови

Сè што треба да направите е да го поврзете фотоапаратот на Wi-Fi®-мрежа5 и ќе можете да проследувате директно на вашиот канал на YouTube - не ви треба компјутер. Екранот со променлив агол се отвора од куќиштето на фотоапаратот и може да се ротира за да го насочите кон вас - идеално за автопортрети.

  1. Автоматското префрлување слики при вклучување на фотоапаратот е можно кога е овозможена функцијата за автоматско праќање. Автоматското вчитување не се врши по снимање на секоја слика, туку при вклучување на фотоапаратот.
  2. Apple, Apple TV, Apple Watch, iPad, iPad Air, iPad Pro, iPhone и Lightning се заштитни знаци на Apple Inc., регистрирани во САД и други земји. tvOS е заштитен знак на Apple Inc.
  3. Google Drive, Google Photos, Google One и YouTube се заштитни знаци на Google LLC
    Adobe, Creative Cloud се или регистрирани заштитни знаци или заштитни знаци на Adobe во Соединетите Американски Држави и во други земји
  4. Услугата за проследување во живо на фотоапаратот поддржува само проследување во живо на YouTube. За да можете да ја користите услугата за проследување во живо, треба да се регистрирате на image.canon. Погледнете ги најновите предуслови на YouTube. Проследувањето во живо на YouTube може да се промени, запре или прекине без претходно известување. Canon не презема одговорност за какви било услуги испорачани од трети страни, вклучувајќи ја и дистрибуција во живо на YouTube.
  5. Употребата на Wi-Fi® може да биде ограничена во одредени земји или региони.

Слични статии

  • ПРИДОБИВКА

    Добијте нов вид на автоматско фокусирање

    Применивме технологија со вештачката интелигенција за длабоко учење и илјадници слики од реалниот свет за да го научиме EOS R10 од Canon да препознава луѓе, животни и возила и да ги фокусира со голема острина и прецизност додека се движат низ целиот кадар.

  • ПРИДОБИВКА

    Доловување моменти што траат само дел од секундата

    Животот тече многу брзо, па затоа ви треба фотоапарат што е доволно брз за да ги долови овие непредвидливи моменти

  • ПРИДОБИВКА

    Видете. Доловете.

    Без разлика дали правите транзиција од паметен телефон или од DSLR-фотоапарат, брзо и лесно ќе се прилагодите на EOS R10 од Canon и ќе можете да фотографирате креативно на начини што претходно ви биле недостижни.

  • ПРИДОБИВКА

    Ова е ваша приказна, раскажете ја на ваш начин

    Снимајте неверојатни видеоснимки со истиот фотоапарат што го користите за снимање извонредни фотографии. EOS R10 е уред за создавање содржини со врвни перформанси кој ќе ви помогне да ја раскажете вашата приказна преку фотографии или видеоснимки.

  • СПИСАНИЕ

    Добијте инспирација, пријавете се веднаш

    Не пропуштајте ги никогаш најновите понуди од Canon, совети и водичи, вести и покани за локални настани.