EOS R5 ОД CANON

Обработка на слика со Dual Pixel RAW

Во режимот Dual Pixel RAW, EOS R5 им овозможува на фотографите да ги прилагодуваат сликите што ги фотографираат - откако ќе ги снимат. Прилагодете ја положбата што сакате да биде остра, ефектот на дефокусирање и осветлувањето во портретите и користете ја функцијата за острина на заднината за да добиете пејзажи со најдобар изглед.

Обработка на слика со Dual Pixel RAW

© Ulla Lohmann / Canon Ambassador

Како функционира

Сите пиксели на сензорот со 45 мегапиксели на EOS R5 се составени од две електронски кола за откривање бои. Во режимот Dual Pixel RAW се снимаат по две слики при секое фотографирање: една со електронските кола за откривање бои на левата страна и друга со електронските кола за откривање бои на десната страна. Со споредба на многу сличните резултати во двете слики, во RAW-датотеката може да се внесе мапа за длабочина, што значи дека ќе можат да се прават дискретни прилагодувања на крајниот резултат врз основа на овие 3D-податоци.

Прилагодувањата со Dual Pixel RAW се вршат со помош на бесплатниот софтвер Canon Digital Photo Professional. Друг новитет кај EOS R5 се функциите за прилагодување на осветлувањето во портретите и острина на заднината во самиот фотоапарат.

Прилагодување на осветлувањето во портретите

(Вградено во фотоапаратот)

Оваа нова функција на фотоапаратот го менува изгледот на осветлувањето на лицата на субјектите во портретите. Изгледот на интензитетот, распространетоста и насоката на светлината може да се промени во обработката по снимањето, овозможувајќи осветлување или затемнување на сенките и менување на нивната положба, симулирајќи ефект на рефлектор.

Острина на заднината

(Вградено во фотоапаратот)

Подобрувајте ја селективно острината на заднината во фотографиите преку менито за уредување на RAW-слики на фотоапаратот - одлично за фотографирање пејзажи кога треба да минете низ магла во далечината, правејќи ја заднината појасна за гледање.

Нема подобрена острина на позадината

Подобрена острина на позадината

Микро прилагодувања на сликите

(Софтвер Digital Photo Professional)

Користејќи го бесплатниот софтвер Digital Photo Professional, точката на максимална острина може да се помести од нејзината положба кога била снимена сликата. Ова е одлична придобивка за фотографите на портрети кои сакаат детално прилагодување на острината во најважните места, на пример, кога очите на субјектот не се совршено фокусирани.

Поместување на заматувањето

(Софтвер Digital Photo Professional)

Со користење на Dual Pixel RAW Optimizer во нашиот софтвер DPP, изгледот и чувството на површините на фотографијата што не се во фокус можат да се прилагодат со поместување на перспективата на сликата од лева во десна насока.

Намалете ги одблесоците и отсјајот

(Софтвер Digital Photo Professional)

Друга функција на Dual Pixel RAW Optimizer во нашиот софтвер DPP помага во намалување на појавата на артефакти поради извори на силна светлина во кадарот. Левиот и десниот приказ на сликата од двојните пиксели се споредуваат и селективно се разменуваат заради минимизирање или елиминирање на одблесоците и отсјајот.

xyz

Digital Photo Professional

Digital Photo Professional (DPP) е софтвер за обработка, гледање и уредување RAW-слики со високи перформанси наменет за дигитални фотоапарати EOS и модели на PowerShot со поддршка за RAW.

Слични статии