EOS R5 ОД CANON

Квалитет на слика

EOS R5 нуди квалитет на слика што ги надминува очекувањата. Новиот сензор со 45 мегапиксели, заедно со процесорот за слика DIGIC X, прикажува што сè може да направи технолошки напредниот систем EOS-R.

Квалитет на слика

© Ulla Lohmann / Canon Ambassador

Резолуција од 45 мегапиксели и процесор DIGIC X

Во EOS R5 е вграден новиот CMOS-сензор со 45 мегапиксели за целосна слика што нуди нивоа на квалитет на слика што досега беа незамисливи. Деталите и острината се неверојатни, исто како и репродукцијата на бои, градацијата на тонови и динамичкиот опсег. Новиот сензор работи со максимална чувствителност од ISO 51.200 што значи дека извонредниот квалитет на слика што го нуди EOS R5 ќе ви биде достапен дури и во услови со слаба осветленост.

Специјално дизајнираниот процесор за слика DIGIC X ги зема податоците од сензорот на фотоапаратот и создава датотеки со слики со извонреден квалитет. Дигиталниот шум е минимален – не само при високи поставки на ISO, туку и при сите вредности за чувствителност. Острината е подобрена со потполно нова функција за прилагодување на јасноста, а достапен е и голем динамички опсег благодарение на подобрените технологии за автоматска оптимизација на осветлувањето (ALO) и приоритет на најсветли тонови+.

© Ulla Lohmann / Canon Ambassador

A paraglider with a yellow canopy high above the lush German Alps

© Ulla Lohmann / Canon Ambassador

© Robert Marc Lehmann

RF-приклучок

EOS R5 е фотоапарат што максимално ги искористува технолошките напредоци што се дизајнирани за системот EOS R. Тука спаѓа приклучокот за објективи RF, со широк дијаметар од 54 mm и растојание од 20 mm помеѓу отворот на куќиштето и сензорот, кој овозможува оптички дизајни што досега се сметале за невозможни.

Исто така, RF-приклучокот пренесува податоци помеѓу објективот и куќиштето на фотоапаратот со десет пати поголема брзина од приклучокот за објективи EF. На тој начин се овозможува побрзо автоматско фокусирање, нов систем за интелигентна стабилизација на слика и нови нивоа на обработка на слика во самиот фотоапарат, користејќи технологии како дигитално оптимизирање на објективот што овозможува максимален квалитет на слика и им помага на објективите да функционираат најдобро што можат.

Стабилизатор на слика со 8 чекори1

EOS R5 е првиот EOS фотоапарат со вградена стабилизација на слика што нуди заштита со 5 оски која спречува тресење на фотоапаратот при фотографирање со објективи што немаат вградена IS, системот може да направи дури 8 чекори со некои објективи. Меѓутоа, кога на EOS R5 е прикачен компатибилен RF-објектив опремен со IS, тогаш двата система за стабилизација на слика формираат интелигентен систем за стабилизација на слика кој го елиминира замаглувањето од поширок спектар на вибрации споредено со конвенционалниот систем на IS.

Тоа е доволно за да можете да фотографирате рачно со многу долги брзини на блендата без да се грижите за заматување на сликата поради тресење на фотоапаратот. Замислете си да можете намерно да користите мала брзина на блендата за да го доловите движењето на водопадот со рачно фотографирање – само еден од новите начини за креативно фотографирање што EOS R5 им ги нуди на фотографите.

Нема стабилизација на слика

© Ulla Lohmann / Амбасадор на Canon

Стабилизација на слика со 8 чекори

© Ulla Lohmann / Амбасадор на Canon

Дигитална стабилизација на слика за видео

Вградената електронска стабилизација на слика со 5 оски функционира и при снимање видео*. Таа ги користи и вградената стабилизација на слика на фотоапаратот и стабилизацијата на слика на објективот за да овозможи многу високи нивоа на стабилизација. На тој начин рачното снимање е рамномерно, а содржините изгледаат професионално, што е одлично за снимање документарни филмови и креативни видеопроекти.

* Системот за дигитална стабилизација на слика за видео не е достапен при снимање во форматот 8K RAW

Формат на слика HEIF

Освен датотеки JPEG и CR3 RAW, EOS R5 може да снима и датотеки HEIF (High Efficiency Image Format). Оваа нова генерација на формати за датотеки со слики нуди подобар квалитет од датотеките JPEG, а зафаќаат приближно иста големина. Форматот применува 10-битни бои за поголем динамички опсег и овозможува снимање HDR PQ-слики.

Датотеките HEIF може да се обработуваат и во самиот фотоапарат за да создадете JPEG-датотеки со поширок динамички опсег од стандардните JPEG-датотеки.

Слични статии

  1. 8 чекори засновани на стандардот CIPA со RF 24-105mm F4 L IS USM со фокусна должина од 105mm.