Пристигна форматот 8K RAW
EOS R5 може да снима видеоснимки во форматот 8K DCI RAW на CFexpress-картичка, користејќи ја целосната ширина на сензорот за целосна слика, за да добиете видеозаписи што изгледаат како филмови. Достапно е и фокусирање со следење за да добиете видеоматеријали што ќе изгледаат како да се снимени со холивудски буџет.
Освен тоа што нуди реалистичен квалитет на слика, 8K-резолуцијата им овозможува на уредниците да ги отсекуваат снимените материјали и да добијат конечни резултати со 4K-резолуција.
EOS R5 нуди повеќе опции за снимање со 8K-резолуција:
RAW со 12 бита,
• ProRes RAW со 10 бита преку Atomos Ninja V+
MP4/H.265 со 10 бита и 4:2:2
MP4/H.265 со 8 бита и 4:2:0
Со избор на соодноси на слика DCI или UHD, методи на компресија ALL-I или IPB и опциите Canon Log, Canon Log 3 или HDR PQ. Брзина на кадри од 23,98p, 24p, 25p или 29,97p ќе ви помогнат да го постигнете саканиот изглед или чувството. Видеоснимки во 8K-резолуција може да снимате и на брзи SD-картички (v90) доколку користите компресија IPB.
Форматот 8K RAW нуди највисоко ниво на квалитет на слика и флексибилност: снимајте со четири пати поголема резолуција од 4K и менувајте параметри како баланс на белата боја откако ќе ги снимите материјалите, со помош на софтверот Canon Cinema RAW Development или вашата омилена апликација за нелинеарно уредување.* Форматот 8K RAW е достапен во стандардна или компресирана верзија, за да снимате мали датотеки за видео со флексибилноста што ја нуди RAW.
Исто така, може да снимате фотографии од видеоснимките со 8K-резолуција, како и JPEG-датотеки со 35 мегапиксели (или HEIF-датотеки ако видеоснимките се снимени со HDR PQ), што е идеално во ситуации во кои ќе треба да испорачате и видеоснимки и фотографии за истиот настан.
*Компатибилноста и достапноста се различни за секој производител на софтвер