EOS R5 ОД CANON

Поврзете се

EOS R5 е еден од фотоапаратите со најмногу опции за поврзување што сме го направиле, со можност за префрлување датотеки со слики преку вашиот паметен уред или Wi-Fi-мрежа до вашите клиенти, профили на социјалните медиуми, па дури и до сметки на Cloud преку нашата услуга image.canon.

Поврзете се

Неверојатна стабилност, неверојатна брзина

EOS R5 може да воспоставува побрзи и постабилни безжични врски благодарение на вградениот Wi-Fi со два фреквентни појаси од 2,4 GHz и 5 GHz и поддршка за стандардите 802.11a, b, g, n и 802.11ac. Постојано активната Bluetooth-врска со мала потрошувачка на енергија ја одржува врската помеѓу фотоапаратот и паметните уреди, овозможувајќи пребарување, уредување и префрлување слики во телефони и таблет-уреди на локацијата каде што работите.

Фотоапаратот може да користи Wi-Fi за комуникација со паметни уреди, за вчитување слики во Cloud преку услугата image.canon или за испраќање слики директно во FTP.

Апликација Camera Connect

Започнете го дигиталниот работен процес додека патувате, пред да се вратите од сесијата за фотографирање. Активирајте ја апликацијата Canon Camera Connect на вашиот паметен телефон или таблет-уред и EOS R5 автоматски ќе се поврзе со него преку Wi-Fi за да им овозможи на корисниците да пребаруваат содржини од мемориската картичка на фотоапаратот и да префрлуваат слики за уредување со апликацијата Canon Digital Photo Professional или за споделување.

Исто така, може да го конфигурирате EOS R5 да врши автоматски пренос на сликите, така што сликите автоматски ќе се испраќаат кон вашиот паметен уред додека фотографирате.

Апликацијата им овозможува на фотографите и безжична контрола на нивните фотоапарати EOS R5 - и за фотографирање и за снимање. Изберете каде да фокусирате, прилагодувајте ја експозицијата, гледајте што гледа вашиот фотоапарат преку функцијата за далечинско прегледување во живо и фотографирајте од тешки агли.

Camera Connect од Canon

Поврзете го вашиот фотоапарат од Canon со вашиот Apple или Android уред за далечинско снимање и лесно споделување на фотографиите.

image.canon

Новата услуга за фотографии на Canon врз основа на Cloud, image.canon, им овозможува на корисниците да зачувуваат неограничен број на фотографии, вклучувајќи и RAW-датотеки, на интернет во времетраење до 30 дена. Потоа датотеките со слики може да се префрлат во трајниот мемориски простор од 10 GB на image.canon, Google Drive, Adobe’s Creative Cloud1 или локално во мемориски уреди.

EOS R5 е првиот EOS-фотоапарат што овозможува автоматско вчитување на сликите во Cloud на image.canon, каде што ќе бидат подготвени и достапни преку компјутер/Mac што ќе го синхронизирате кога ќе завршите со фотографирањето.

Image.canon

Непречено префрлување слики и видеоснимки од вашиот фотоапарат од Canon во вашите уреди и на веб-услугите.

FTP

EOS R5 им нуди вграден FTP и FTPS преку вградениот Wi-Fi на професионалните фотографи кои мора да ги испраќаат фотографиите директно на клиентите на брз и безбеден начин, директно од локацијата каде што работат. Поставките за FTP може да ги конфигурирате во фотоапаратот или локално преку софтверот EOS Utility и може да зачувате најмногу 10 однапред поставени параметри што ќе можете веднаш да ги користите.

Достапен е изборен држач WFT-R10 со Wi-Fi за EOS R5, што нуди и гигабитна етернет врска за поврзување со жични мрежи и има антени MIMO за поголем опсег на Wi-Fi со помалку пречки. Достапно е и безбедно префрлување слики преку SFTP.

Доколку сте ги оценувале фотографиите или сте им додавале гласовни белешки, тие мета податоци може да се префрлат заедно со датотеките со слики – тоа се скапоцени информации за уредниците на слики и персоналот во агенцијата.

Слични статии

  1. Достапно од средината на 2020 година.