Квалитет на изработка што влева доверба
EOS R7 е отпорен на прав, нечистотија и вода, благодарение на цврстата конструкција од магнезиумска легура и повеќе гумени заштитни заптивки. Доколку работите во опкружувања со лоши услови, или ако се расипе времето, можете самоуверено да продолжите да фотографирате – и никогаш да не го пропуштите моментот.
Но, цврстата изработка не значи дека EOS R7 е тежок за носење. Всушност, полесен и попренослив отколку EOS 7D Mark II, што го прави совршен избор за фотографите кои се во движење.