EOS RP
Ракување во стилот на EOS без компромиси
EOS RP
Фотоапаратот EOS RP од Canon е опремен со Dual Pixel CMOS AF-сензор за целосна слика од 26,2 MP. Нудејќи совршена рамнотежа помеѓу богати и остри детали и неверојатно сигурни перформанси при слаба осветленост, тој ги користи сите пиксели и за обработка на слика и за автоматско фокусирање за да ви обезбеди врвна острина низ целата слика. Во комбинација со објективите RF од Canon, што се специјално дизајнирани за системот EOS R, како резултат ќе добиете нов стандард за обработка на слика што е дизајниран да ја подобри и прошири вашата креативна визија.
Примената на сензор за целосна слика овозможува поголема контрола врз длабочината на полето и доволно моќ за снимање одлични слики при слаба осветленост. Со максимална вредност на ISO од 40.000, може да фотографирате без блиц, а сепак да ги задржите деталите и боите. Фотоапаратот EOS RP од Canon овозможува лесно и брзо менување на вредноста на ISO преку контролниот прстен на објективот или приспособливите вртливи копчиња за да можете поинстинктивно да фотографирате.
DIGIC 8 е најновиот процесор за обработка на слика од Canon што нуди најбрза обработка на слика досега и овозможува побрзо ракување за да трошите помалку време за обработка по снимањето и да добивате слики со повисок квалитет од самиот фотоапарат.
Дигиталното оптимизирање на објективот (DLO) ги коригира оптичките аберации и намалувањата на резолуцијата предизвикани од нископропусниот филтер на фотоапаратот, преку примена на инверзна функција на сите снимки со цел да ја направи сликата послична со изгледот на сцената гледана со голо око. На овој начин се создаваат детални и висококвалитетни слики со прилагодлива големина на датотеките, што на фотографите им овозможува максимален квалитет на слика и поголема флексибилност. EOS RP од Canon може директно да пристапи до информациите за профилот на објективот ако користите RF-објективи и да ги искористи за оптимизација во реално време веднаш по снимањето на сликата.
Целосен приказ
100% детали
Стабилизацијата на слика во 5 оски и Dual Sensing IS создаваат моќна стабилизација за вашите снимки и го намалуваат тресењето на фотоапаратот за да имате слобода да создавате без намалување на квалитетот. Овој двоен систем им овозможува на објективот и на фотоапаратот да работат заедно во реално време заради поголема стабилност (Dual Sensing) преку системот за комуникација во приклучокот за монтирање објективи.
Датотеките RAW со 14-битна технологија кај EOS RP од Canon имаат богата градација на тонови за оптимален квалитет на сликите кои можат да се обработат во самиот фотоапарат или преку бесплатен софтвер од Canon како што е Digital Photo Professional за компјутери со Windows или Mac, или софтверот DPP Express за мобилни/паметни уреди. И опцијата Compact RAW (C-RAW) е достапна кај EOS RP од Canon, за да заштедите простор без речиси никакви загуби во квалитетот на сликите.
Мал, лесен и интуитивен фотоапарат без огледало за целосна слика што е дизајниран за секојдневно фотографирање и фотографирање при патувања.
Откријте повеќе
Независно дали сакате да фотографирате поамбициозни проекти или штотуку станувате професионални фотографи, EOS 6D Mark II ви нуди сè што ви е потребно за да ги направите следните возбудливи чекори.
Откријте повеќе
Приклучокот за објективи на системот EOS R нуди поголеми креативни можности за да го доловите секој момент.
Откријте повеќе
Иновативниот систем EOS R нуди извонредно брзо фокусирање со неверојатен оптички квалитет.
Откријте повеќе
Поврзете го вашиот систем EOS R со поширокиот свет на објективите EF и EF-S.
Откријте повеќе
Разгледајте ги RF-објективите и адаптерите со кои ќе можете да користите објективи EF/EF-S со EOS RP од Canon