Speedlite блиц

Canon Speedlite-предавател ST-E10

Поврзете ги и контролирајте ги далечински вашите компатибилни блицови Speedlite со помош на овој мал, практичен и повеќефункционален приклучок за дополнителна опрема.

  • Извонредно компактен дизајн

    Speedlite-предавателот ST-E10 е мал, лесен и дискретен, се напојува директно од повеќефункционалниот приклучок на компатибилни фотоапарати и нуди нов свет на креативни опции за далечинско осветлување.

  • Напреден и безжичен блиц

    Контролирајте до 15 Speedlite-блицови на оддалеченост до 30 m, дури и во надворешни услови. Активирањето со радиофреквенција од 2,4 GHz е сигурно и поддржува безжична синхронизација со втора завеса и мали нивоа на моќност до 1/8192.1

  • Едноставно ракување преку менито на фотоапаратот

    Притиснете го копчето MENU на Speedlite-предавателот ST-E10 за да го отворите менито со поставки за Speedlite на LCD-екранот на фотоапаратот заради лесно и брзо конфигурирање и прилагодување на вашата опрема за осветлување.

  • Издржлив уред со отпорност на лоши временски услови

    Одликувајќи се со исто ниво на заштита од лоши временски услови како најновите Speedlite-блицови, Speedlite-предавателот ST- E10 е доволно издржлив и цврст за да се справи со најтешките задачи.

  • Контрола преку апликацијата Camera Connect

    Ако сакате уште поголема контрола и креативност, тогаш користете ја апликацијата Canon Camera Connect за далечинска контрола на Speedlite-предавателот ST-E10 во случаи кога не можете да го видите менито на фотоапаратот.

Спецификации

  • Далечинско активирање на блиц со радиофреквентни бранови

    Активирајте одредени Speedlite-блицови на далечина од 30 m

  • Поврзување повеќе блицови

    Контролирајте до 15 Speedlite-блицови

  • Напредни функции

    Поддржува синхронизација со втора завеса и моќност од 1/8192 со компатибилни Speedlites-блицови и фотоапарати

  • Копче MENU на Speedlite-предавателот

    Го отвора екранот со поставки за Speedlite на LCD-екранот на фотоапаратот заради лесна контрола

  • Без батерии

    Се напојува директно од фотоапаратот

  • Заштита од временски услови

    Професионална отпорност на лоши временски услови од класата на серијата L

Speedlite ST-E10

Што содржи кутијата

  • Speedlite-предавател ST- E10

  • Мека торбичка

  • Капаче за приклучок

  • Гаранција

Слични производи

  1. Со компатибилни комбинации на Speedlite-блиц/фотоапарат
  2. Сите податоци се базираат на стандардните методи за тестирање на Canon, освен ако не е поинаку назначено.
    Подлежи на промена без претходно известување.