PowerShot ZOOM од Canon е целосно автоматизиран, па затоа кога ќе забележите нешто волшебно, треба само да го насочите фотоапаратот и да фотографирате. „Обожувам да снимам спомени кога сум надвор со фотоапаратот“ - вели Tolga. „Особено кога ќе ми се укаже ретка прилика за снимање диви животни или кога сум опкружен со прекрасна природа“.
Сите љубители на диви животни знаат дека оддалеченоста е најважна. Ако сте оддалечени премногу, ќе го пропуштите моментот. Ако сте премногу блиску, тогаш ризикувате да го исплашите животното. Но, ако не сте професионалец со огромен телефото објектив, тогаш тешко ќе можете да ги снимите тие прекрасни глетки и да ги земете дома со вас. Токму тука може да ви помогне PowerShot ZOOM од Canon. Овој монокуларен фотоапарат ви нуди сè што ви е потребно. Тивок е и дискретен, нуди извонредни можности за зумирање и ви овозможува да гледате повеќе за да можете да ги фотографирате и снимате дивите животни. Доволно е мал за да го држите во рака и е целосно автоматизиран, така што може да се погрижи за фотографирањето додека вие уживате во самото искуство.
Младиот конзерватор, блогер и фоторепортер Tolga Aktas го користеше PowerShot ZOOM од Canon покрај реката Северн во близина на неговиот дом во Глостершир во Обединетото Кралство. Tolga потекнува од јужниот дел на Лондон, има 28 години и студира применета екологија на универзитетот во Глостершир, а има направено и повеќе проекти за истражување со групите за зачувување како Wildlife ACT и The Mammal Society. Тој ја споделува својата љубов кон природата со целиот свет преку пишување и фотографирање, а тие содржини ги објавува на својот блог Ways of the Natural World. „Светот на природата ме инспирира на многу начини“ - вели тој. „Ние сме поврзани со природата, но понекогаш го забораваме тоа“.