Birdwatching binoculars
alt text goes here

ДВОГЛЕДИ ЗА ГЛЕДАЊЕ ПТИЦИ

Двогледи со високи перформанси за гледање птици и диви животни.

Квалитет и перформанси од Canon

Сите двогледи од Canon за гледање птици нудат прецизна оптика и оптичка стабилизација на слика за да овозможат удобно и опуштено доживување при гледањето птици во долги временски периоди.

Приближете се толку колку што ви е потребно

Нашите двогледи со доближување од 8x до 10x нудат одлична преносливост за гледање птици. Посветлите двогледи со ист степен на доближување се подобри при слаба осветленост, а моделите со доближување од 12x и 14x се одлични за гледање помали птици или диви животни на голема оддалеченост.*

8x to 10x binocular

Уживајте во посветол приказ

Колку повеќе светлина собира двогледот, толку посветол ќе биде приказот. Нашиот двоглед 10x42L IS WP се одликува со врвната оптика од серијата L на Canon и создава осветлено видно поле, поради што е идеален за гледање птици во затемнети услови или при слаба осветленост.

10x42L IS WP binoculars

Неверојатно стабилен приказ

Уживајте во неверојатно стабилен приказ при рачно користење и лесно препознавање и следење на птиците со голем зум - дури и кога летаат - благодарение на оптичката стабилизација на слика (IS) од Canon, која прецизно коригира различни видови на движења и потреси.

Дознајте повеќе

A super steady view

Приближете се со неверојатен квалитет

Уживајте во лесно препознавање на птици при секој степен на доближување благодарение на прецизната оптика од Canon со Porro II призма и Super Spectra слоеви за објективи што нудат светол, јасен и детален приказ.

Canon precision optics

Гледајте во секакви временски услови

Нашиот врвен и водоотпорен двоглед 10x42L IS WP може да се користи дури и во најлоши услови, благодарение на заштитата од временски услови според јапонските индустриски стандарди (JIS7). Другите модели имаат издржлива гумирана површина за лесно држење и различни нивоа на отпорност на временски услови.

waterproof 10x42L IS WP

Добијте поширок приказ

Двогледите со помал степен на доближување од 8x до 10x нудат поширок приказ за полесно гледање на птици што летаат брзо на голема оддалеченост. Двогледите со ист степен на доближување ги зголемуваат објектите до ист степен, но некои од нив нудат пошироко видно поле со повеќе детали од опкружувањето.

See a wider view 8x to10x binoculars

Препорачани двогледи за гледање птици

Изберете степен на доближување што ќе ви овозможи најдобро доживување при гледањето птици.

Други активности

Разгледајте ја целата наша палета на двогледи и добијте ги информациите што ви се потребни за да го изберете соодветниот двоглед.

*Прикажаните слики имаат само илустративна намена.