КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ

Идеи за изработка на модели за сите сезони

Бидете креативни во текот на целата година со SELPHY Square QX10 и овие водичи од инфлуенсерката Jesus Sauvage која изработува модели.
Four images printed on SELPHY Square QX10 laying on the patterned surface.

SELPHY Square QX10 печати висококвалитетни квадратни материјали што се идеални за фотографии од паметни телефони, а може да ви помогне и да создадете оригинални креации.

Независно дали е Велигден, летни одмори, Ноќта на вештерките или Божиќ, воодушевете ги саканите со вашите украси и отпечатете ги фотографиите што најмногу ви се допаѓаат.

Креативната инфлуенсерка @JesusSauvage подготви неколку совети што ќе ви помогнат да ги изненадите членовите на семејството и пријателите. Во само неколку чекори, овие совети ќе ви помогнат да направите украси и подароци што сигурно ќе импресионираат.

Отворете ја вашата галерија со фотографии, вклучете го вашиот печатач SELPHY Square QX10 за паметни телефони, ставете квадратна самолеплива хартија и добијте инспирација!

  1. Праќајте празнични честитки што сами ќе ги направите
  2. Гледајте ги и присетувајте се на омилените моменти
  3. Забавувајте се со содржини за Ноќта на вештерките
  4. Изработувајте домашно направени украси за Божиќ
  5. Направете потрага по богатството за Велигден
  6. Подарете уникатен букет

1. Праќајте празнични честитки што сами ќе ги направите

Празниците се ближат. Не собирајте ги вашите спомени во галеријата со фотографии, туку споделете ги вашите патувања со саканите и испратете им порака со уникатни елементи. Оваа идеја може да ја искористите и за правење свадбени картички за заблагодарување или картички за новороденчиња. Инфлуенсерката @JesusSauvage ќе ви покаже како да си направите уникатни и креативни поштенски картички:

  1. Отпечатете ги вашите фотографии со SELPHY Square QX10. Приспособете ги со додавање текст и рамки во апликацијата SELPHY Photo Layout за да ги направите уште поспецијални.
  2. Превиткајте лист квадратна хартија во форма на плик. Додајте адреса и поштенска марка.
  3. Наполнете го пликот со листови, локални цветови или други предмети што ве потсетуваат на вашиот одмор или прослава, а потоа додадете ги фотографиите.
  4. Запечатете го пликот со помош на една од отпечатените фотографии - не заборавајте дека има самолеплива задна страна, па лепењето ќе биде лесно и без неред.

Ставете го во поштенско сандаче за да им испратите малку радост на пријателите и членовите од семејството!

2. Гледајте ги и присетувајте се на омилените моменти

Спомените имаат поголема моќ кога се отпечатени. Искористете го максимално времето поминато во затворена просторија на крајот од годината и искористете ја можноста да направите албум со фотографии од вашите авантури. @JesusSauvage го користи SELPHY Square QX10 за да ги овековечи нејзините омилени фотографии од минатите години со висок квалитет. Следете ги нејзините упатства и присетете се на вашите спомени:

  1. Отпечатете ги фотографиите со SELPHY Square QX10 и додајте креативни елементи со апликацијата SELPHY Photo Layout.
  2. Исечете лист хартија паус за да ги покриете и одвоите сите фотографии.
  3. Покријте ја горната фотографија од купчето и напишете го насловот на албумот со фотографии на предната страна.
  4. Направете отвор во горниот агол на купчето слики и вметнете прстен за спојување за да не се одвојат фотографиите.

Не дозволувајте дождовните денови да ви го расипат расположението!

3. Забавувајте се со содржини за Ноќта на вештерките

Од костуми до украси, Ноќта на вештерките е периодот во годината кога вашата креативност е најголема. Изработете сопствени украси за Ноќта на вештерките и споделете ја вашата креативност со семејството и пријателите. @JesusSauvage ќе ни покаже како се прават приспособени украси за Ноќта на вештерките:

  1. Изберете ги фотографиите од вашите сакани, претворете ги во црно-бел формат со помош на апликацијата и отпечатете ги со SELPHY Square QX10.
  2. Земете хартија во црна или друга боја, отсечете неколку форми соодветни за Ноќта на вештерките (како лилјаци и шапки за вештерки). Побарајте инспирација во апликацијата Creative Park.
  3. Залепете ги формите врз фотографии од вашите пријатели и членови од семејството за да направите забавни украси.
  4. Направете отвор во горниот агол на фотографиите и вметнете лента низ нив за да добиете забавен украс.
Имајте страшна Ноќ на вештерките!

4. Изработувајте домашно направени украси за Божиќ

Нема ништо поубаво од семејна активност за почеток на божиќната сезона. @JesusSauvage ќе ви покаже како да изработите незаборавни украси за новогодишната елка со помош на печатачот SELPHY Square QX10:

  1. Изберете ги омилените фотографии и отпечатете ги со SELPHY Square QX10.
  2. Отсечете квадрати од хартија во боја што ќе бидат малку поголеми од фотографиите, а потоа обвиткајте ги со две ленти во контрастни бои и залепете ги на средина на квадратот.
  3. Одлепете ја задната страна на самолепливата фотохартија и залепете ја фотографијата на средина, врз лентите.
  4. Направете отвор во горниот агол, направете јамка од конец, протнете ја низ отворот и врзете ја.
  5. Отсечете долго парче лента и направете машна од неа, а потоа залепете ја под агол за да го покриете отворот/прстенот за спојување.
  6. Спроведете ги и залепете ги двата краја на лентата на задната страна од листот за да добиете ефект на рамка.
  7. Додајте златни топчиња или други елементи за завршна обработка за да добиете екстра специјални резултати. Закачете ги на новогодишната елка или на новогодишен венец.
Среќен Божиќ!

5. Направете потрага по богатството за Велигден

Создавањето уникатно велигденско доживување никогаш не било полесно - присетете се на вашето детство со организирање потрага по велигденски јајца за младите членови од семејството.

Украсете ги јајцата и направете четири сцени на тема по ваш избор што ќе ги одведат трагачите до богатството. Следете го видеото со објаснувања, погледнете ја пиратската тема и прочитајте го водичот во чекори подолу:

  1. Украсете ги јајцата (побарајте идеи во Creative Park што ќе одговараат на вашата тема) и скријте ги во вашата градина или во локалниот парк непосредно пред почетокот на потрагата.
  2. Снимете по една фотографија од сите места со богатство.
  3. Отпечатете ги фотографиите со SELPHY Square QX10.
  4. Нацртајте мапа на A4-хартија и залепете ги отпечатените фотографии што ја покажуваат локацијата на богатствата.
Вашите деца ќе уживаат!

6. Подарете уникатен букет

Букетите се совршен додаток во домашно изработените подароци од вашите деца, независно дали станува збор за денот на мајката, посета на бабите и дедовците или роденденска забава. Инфлуенсерката @JesusSauvage која изработува модели ќе ни покаже како да ги направите букетите поуникатни за само неколку минути:

  1. Направете неколку држачи за фотографии со тоа што ќе отсечете парче жица и ќе го намоткате едниот крај на жицата во повеќе кругови. Должината на жицата треба да биде иста колку и должината на цвеќињата во букетот.
  2. Отпечатете ги омилените семејни фотографии од вашиот паметен телефон со помош на SELPHY Square QX10 и апликацијата SELPHY Photo Layout.
  3. Ставете ги фотографиите измеѓу круговите на жицата и додајте ги во букетот.
  4. За да не дојде до распаѓање на букетот, отпечатете уште една фотографија и залепете ја врз хартијата или фолијата со која се завиткани цвеќињата. Може да додадете и приспособена порака со помош на апликацијата!
Изненадете ја саканата личност со вашиот специјален подарок.

Добивајте инспирација во текот на целата година и искористете ја вашата креативност со SELPHY Square QX10 и овие водичи од инфлуенсерката Jesus Sauvage која изработува модели.


Напишано од Jesus Sauvage, Bouchra Ghermoul, Claire Kaleta.

Слични производи

  • Печатачи за во домот

    SELPHY CP1500

    Печатете материјали со извонредни бои и голема издржливост за само неколку секунди со овој практичен и компактен печатач за фотографии.
  • Печатачи за во домот

    SELPHY SQUARE QX10

    Чувајте ги вашите специјални спомени како прекрасни отпечатени материјали што може безжично да ги отпечатите каде и да сте.

Слични статии

  • КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ

    Идеи за Ноќта на вештерките што може да ги отпечатите

    Сезонски идеи за забавни и страшни украси, костуми, слатки подароци и многу повеќе.

  • ПЕЧАТЕЊЕ И ИЗРАБОТКА НА МОДЕЛИ

    Подобрете ја празничната атмосфера со украси од фотографии

    Во вториот проект на SELPHY Craft Club, Duygu Turgut Gokpinar ги споделува своите искуства од користењето на Canon SELPHY Square QX10.

  • ПЕЧАТЕЊЕ И ИЗРАБОТКА НА МОДЕЛИ

    Направете експлодирачка кутија

    Lini Trinh ја покажува својата „експлодирачка“ кутија направена со помош на Canon SELPHY CP1500.

  • КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ

    Зимски предизвик за изработување модели од хартија

    Од украси што стојат на врвот на елката, до снегулки и лампиони, создајте празнични хартиени украси со печатач PIXMA и Creative Park.